Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дали некој ги има предавањата по Дизајн и архитектура на софтвер од Невена Ацковска?
 
Дечки од другата недела ке почнам со држење часови по Структурно Програмирање, часот трае саат ипол и чини 200 денари. Се работи во групи до тројца највеќе. Вие бирате како сакате да ве спремам. Значи може да доаѓате и да ве научам само тоа што ви фали (вие не го знаете), може да биде како на курс (цел материјал да ви го предавам) или да доете само за спремање на колоквиум/испит. Повеќе инофрмации во порака.
 
Поздрав колеги

По предметот "Алгоритми и податочни структури" од каде може да се најдат колоквиумски/испитни задачи? Барав во копирницитие но нема, некој помош

Ви благодарам!
 
Ајде бе некој повеќе нека каже за предметот Системи на знаење..како се полага, тежок, лесен..
сличен на вештачка интелегенција :/ и ке се работи со Python од годинава - тежок :D
 
Некој кој положил Веројатност од постарите колеги да каже од која збирка е најдобро да се решава?
 
Некој кој положил Веројатност од постарите колеги да каже од која збирка е најдобро да се решава?
Пред полагање веројатност (мое искуство) :
1. Ја читав збирката на Никола Тунески таа. Лесна е онака ја поминував колку да се уходам во материјалот.
2. Ја читав српската збирка што е во добар пдф формат (не скенирана). Од оваа и решавав. Има добри задачи објаснувани со решенија, шта речи. На крај има некој тестови и сл.
3. На крај ја читав српската збирка во лош пдф формат (скенираната). Од тука даваат најчесто задачи. Има задачи со финтици и слично.
gl ;)
 
дечки, мобилни платформи и програмирање лаб. да не му се наоѓаат на некој? без решенија.. ми требаат многу, во понеделник ми се првите лаб. сакам да ги завршам што побрзо(иам и php and stuff) :cuc:
 
Колеги може некој да ми каже што точно треба за една солидна оценка 9,10 за професионални вештини?Ќе има тестови некакви? На страната на ФИНКИ пишува дека 80 бодови доаѓаат од тестови 15 проект и 5 од активност
 
Лани немавме никакви тестови.
2 проекти по 40 поени, и 20 поени за активност.

Не ви кажаа ништо на воведниот час ? Можеби од оваа година има некаква промена во предметот.[DOUBLEPOST=1413065981][/DOUBLEPOST]Тука виде ?
http://finki.ukim.mk/Content/conten...odiplomski/finki2.0/Profesionalni_vestini.pdf
Не се води по овие фајлови. Не им се точни.
Најдобро консултирај се со професорот, или провери го првото предавање, би требало да има информација за тоа какво би било оценувањето.

Инаку со редовност на предавањата и добар проект се вади 10ка.
Лани првиот проект беше пишување имејл, биографија и мотивационо писмо за некој оглас за работа, а за вториот проект пишувавме резиме и заклучок за проектната задача од матура.
Не се строги при оценување. Ако се водиш според примерите кои ќе ги обработувате на часот, се вадат и максимални бодови.
 
Последно уредено:
Прашања до постарите студенти кои се на ИКИ
-Дали задачите на колоквиум по предметот основи на електрични кола се слични како оние што се решаваат на аудиториските вежби и што ги има во збирката, или се потешки од нив?
-Какви програми од прилика се паѓаат на првиот колоквиум по предметот Структурно програмирање?
 
По предметот Компјутерски мрежи дали мора да се учи од слајдови или со некоја база е доволно да се положи ?
 
Треба да креирам класа триаголник и проверки дали може да се креира од страните, периметар, плоштина и принтање на страните. Се направив од тоа досега, единствено не ми е јасно за Main - ot: дали треба да креирам инстанца од Триаголник и некако да го проверам страните со или обични променливи a,b,c, па со If услов да проверам (но тогаш нема да го користам методот за проверка во класата Триаголник...).
 
Па напрај инстанца триаголник и примени ги методите од таа класа на тој објект.
Ако имаш објект од тип триаголник сите срања од таа класа можеш да ги употребиш на тој објект.
 
Па напрај инстанца триаголник и примени ги методите од таа класа на тој објект.
Ако имаш објект од тип триаголник сите срања од таа класа можеш да ги употребиш на тој објект.
Не објаснив добро...не ми е јасно како тоа би се извело. Поконкретно, во ова е проблемот:
како би се креирал објект само тогаш кога е исполнет условот? или тоа е невозможно? дали треба да се викне конструкторот за објектот прво, па да се направи проверка на венсените страни или постои друг начин без повикување на конструктор, НО СО употреба на функцијата за проверка од класата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom