Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Ај бе коментар за Пресметување со високи перформанси? Гледам има заинтересираност ама изглеа никој го нема слушано :)

Исто така дали вреди да се зема Напреден веб дизајн или ништо посебно не е? Гледам хтмл5 има и цсс3 нешо ама ако е кај Драган Михајлов пак ќе се учат банални работи.
Од фејсбук коментар за пресметување со високи перформанси.
2. *Пресметување со високи перформанси* е веќе многу поегзотичен и потежок предмет. Сѐ што се учи по предметов е ново. Се учи како да се раздели една работа да се извршува паралелно на повеќе процесори. Се почнува со познатите Амдалов и Густафсонов закон (од АОК), се завршува со трансформација на познати сериски алгоритми во паралелни. Знаењето од овој предмет во иднина може добро да се награди.
Областа на двата предмета е архитектури на компјутери. Првиот можете да го слушате сам, додека вториов е препорачливо да се слуша заедно со Микро.
 
Дали некој има слушано Визуелизација кај Сузана Лошковска?
Ме интересира што се учи по овој предмет, дали е нешто слично на Интерактивни апликации и Кориснички интерфејси.
 
Администрација на мрежни сервиси мислам дека минатиот зимски семестар беше наведен како Системски софтвер. Се учи Линукс системска администрација, ако си фан и ако имаш искуство со Линукс ти го препорачувам да го земеш, интересно предметче. :D

А дали е поврзан со програмирање и дали е тежок во принцип ?
 
ит системи или интернет програмирање кој е полесен? да не речам најлесен од изборните у 3 семестар :D?
 
Веб програмирање некој шо го има слушано да сподели мислење. И материјали ако има некој да прати.
 
А дали е поврзан со програмирање и дали е тежок во принцип ?
Доколку имаш барем некаква основа за Линукс не би требало да имаш проблеми. Предметот е инсталација и конфигурирање на мрежни сервиси како dns, dhcp, apache и сл. Нема колоквиуми, се полага на испит и испитот е да инсталираш Убунту виртуелна машина и да конфигурираш сервиси, бази и такви ствари. Лабораториските дома може да ги правиш зошто се оценуваат само на крај ,една Линукс виртуелна машина и Виндоус. Исто така има и едно Линукс проектче на крај.

И не, нема програмирање, само терминал. :)
 
Што предмети се Менаџмент информациски системи и Системи на знаење?
 
Што предмети се Менаџмент информациски системи и Системи на знаење?
Менаџмент на информациски системи не е толку тежок,предметот е поделен на два дела на теорија и задачи, задачите се цртање на дијаграми.. на испит даваат 3-4 прашања од теорија и една задача на која што се бара да го нацрташ дијаграмот(најчесто: класен,секвенцен и DFD дијаграм). предметот се слуша кај Велинов и Давчев, а има и лабораториски вежби кој ако не се лажам беа услов за потпис. За системи на знаење не знам што предмет е,бидејќи го немам.
 
Да каже некој нешто повеќе за тимска работа ? По колку луѓе е дозволено во група ? Како се бираат темите, менторите ?
 
Да каже некој нешто повеќе за тимска работа ? По колку луѓе е дозволено во група ? Како се бираат темите, менторите ?
Сите професори ќе си објават на курсес проекти и сите си одбираат каде сакаат. Групите обично се по 5 ама зависно какви проекти има по толку членови си дефинира професорот.
 
Продавам книги по Калкулус и Дискретна Математика за прва година на ФИНКИ, доколку некој е заинтересиран нека ми пише :D
 
Знае некој каде е канцеларијата на Драган Михајлов/Иван Чорбев?
 
Дали го има некој слушано предметот Дизајн на интегрирани системи да сподели мислење, дали е корисен предметот, што се учи, како се полага....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom