Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дизајн и архитектура на софтвер и Администрација на мрежни сервиси, anyone? Кај дизајн стои дека го предава Анто и затоа се мислам....:cautious:
Искрено и јас заради анто се мислам. На фб имаше една коментар оставено за предметов :
Се учат патерни во Јава. Предава Анто, предавањата се задолжителни, на вежби е Маги и многу добро објаснува. Лабораториски има секоја недела, ама може од дома да ги работите. Теоријата ја прави Маги и таа ја прегледува и задачите исто. Има два теоретски колоквиуми и еден практичен. На крај има еден проект за кој што имате месец и пол да го завршите. Добар е предметов И поарно завршете на колоквиуми или Јануари пошо нема да го најдете Анто после . А да, се учи и рефакторирање, всушност за тоа ќе биде проектот. Даден ќе биде проектот, само треба да се примени патерните што ги имаме учено, рефакторирање на класи, функции итн.
 
Дали може некој да ми објасни што значи профилот на ФИНКИ?Кога се бира тоа? Како што гледам на смерот КНИ има за прв семестар 5 предмети кои ни се задолжителни,а во различните профили кои подоцна ги видов во Водичот за студирањње на овој смер ниту една комбинација не е иста како онаа што јас ќе ја имам во прв семестар сега.
 
Дали може некој да ми објасни што значи профилот на ФИНКИ?Кога се бира тоа? Како што гледам на смерот КНИ има за прв семестар 5 предмети кои ни се задолжителни,а во различните профили кои подоцна ги видов во Водичот за студирањње на овој смер ниту една комбинација не е иста како онаа што јас ќе ја имам во прв семестар сега.
Профилите не се задолжителни туку едноставно препорака, демек кои предмети би требало да ги избереш за да имаш поголеми знаење од одредена област/профил.
А водичот на студирање кој го глеаш ти за КНИ, всушност се однесува на старата програма од 2011 година. А ти се водиш на новата од 2013. Затоа има различни имиња на предмети и сл... Глеј си ја главната страна за КНИ и води се според тоа таму.
 
Дизајн и архитектура на софтвер и Администрација на мрежни сервиси, anyone? Кај дизајн стои дека го предава Анто и затоа се мислам....:cautious:
Администрација на мрежни сервиси мислам дека минатиот зимски семестар беше наведен како Системски софтвер. Се учи Линукс системска администрација, ако си фан и ако имаш искуство со Линукс ти го препорачувам да го земеш, интересно предметче. :D
 

Код:
Интернет Програмирање .... HTML, CSS ... малце javaScript и JQuery. Иначе ќе се посвети едно предавање што (не) е XML и JSON. Предметот го држеше Гоце Арменски на предавање, и Иван Китановски на вежби.
Реално предметот беше промашен .... Програмата е слична на Веб Дизајн со тоа што малце се пипна javaScript... На предавање се учеше како да се конфигурира MS Outlook, како да пребаруваш на Google .... а на аудиториски и лабораториски вежби се учеше html и css.
Предметов само ако планираш да кренеш просек, иначе нема ништо да научиш.
Додека пак Интернет Програмирање кај Лошковска се учеа аплети (java applet) . Технологија што не се користи нигдека.
Ова беше постирано во 3та генерација а слични мислења сум добил и од други колеги.
 
Збор два за предметов Имплементација на системи со отворен код /Програмски практикум
Која е тежината на предметов , корисен ли е и дали би можел да го изберам во 3 семестар бидејќи сум на смер Е-технологии
 
Ако може некој од постарите колеги да објасни околу Веројатност и Статистика,што опфаќа материјалот,дали има сличност со калкулус 2,и општо околу тежината?
 
Ако може некој од постарите колеги да објасни околу Веројатност и Статистика,што опфаќа материјалот,дали има сличност со калкулус 2,и општо околу тежината?
Прв колоквиум е веројатност, втор е статистика. Се користат некои работи од ДМ2, а од калкулус се сретнуваат лимеси, редови и интеграли ама не се решаваат задачи со нив. Ако те интересира повеќе што се учи има тука. А за тежината, за мене беше најтежок предмет од овие што сум ги слушал до сега(прва и втора година), а и според повеќето е најтежок предмет. Ама сепак со редовно решавање задачи се положува, само не оставај пред испит/колоквиум да треба да почнеш со решавање задачи.
 
Дечки, ќе ве замолам за насока кои два предмети да ги изберам: Мобилни платформи и програмирање, Програмски практикум или пак, Мултимедиски системи. Ме интересира тежината на првите два особено, некој што слушал ако може да сподели информации. Фала. :)
 
За кој смер е задолжителен предметов "Методологија на истражувањето во ИКТ" ?
 
Некој да каже за Основи на телекомуникации кај Д-р Мирослав Мирчев изборен предмет е дали е тежок и нешто околу предметот?
 
Дечки ми треба мислење за предметиве Mрежни оперативни системи и Мрежен софтвер односно ме интересира што се учи, дали се тешки и дали се корисни. :)
 
Последно уредено:
Некој да каже што се учи и која е тежината за некој од предметиве: управување со техничка поддршка ,Системи на знаење,Менаџмент на ИС, Методологија на истражување во ИКТ??
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom