Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Некој од постарите колеги да каже што се учи во овој предмет ИТ системи за учење , или ако има некој предавања да прикачи :)
за мене беше безвеза предмет повише теорија се споменуваат CMS , историја на нет-от, ПМС а вежбите хтмл/цсс, јс , прв колоквиум имаше хтмл/цсс и општо јаваскрипт во вид на етест, и вториот дел беше етест со флеш некои си анимации и на крај требаше веб страна во кои ќе бидете поделени, некој се грижи за содржината некој за дизајнот некои за анимацијата некој тим лидер.. нез зошто е предмет
тежина 1/10 (1/2 материјал анг поради тоа 1)
придобифки од предметот 0/10
--------------------------------------------------

Некој да знае кај држи консултации Игор Мишкоски?? прв пат држи консултации годинава и непишал просторија...
 
Последно уредено:

Фала многу. :)[DOUBLEPOST=1409780302][/DOUBLEPOST]Колега а ако не те мрзи ке сакаш ли барем првите 2 предавања да ми ги пратиш доколку ги имаш.
 
Некој да знае кај држи консултации Игор Мишкоски?? прв пат држи консултации годинава и непишал просторија...
Во анекс последната канцеларија десно.
 
Ако може збор-два за
-Вовед во препознавање на облици
-Пресметување со високи перформанси
-Моделирање и симулација

Кои од овие немаат комплексна семинарска што мора да се работи до последна сесија? Кои се полесни?
 
Поздрав луѓе,
има некој што му имат одобрено плус 1 кредит да запише шести предмет во семестар ? Може повеќе информации околу тоа.
 
Порано требаше молби некакви и да имаш просек минимун 8,50 но сега мислам дека само оставаш коментар на iknow дека имаш потреба од некој кредит повеќе (до 3 кредити плус значи да имаш 38 место 35 не прават проблем, за повеќе не знам) и нормално нема партиципацијата да ти е 100/200 евра туку нешто повеќе!
 
Ај бе коментар за Пресметување со високи перформанси? Гледам има заинтересираност ама изглеа никој го нема слушано :)

Исто така дали вреди да се зема Напреден веб дизајн или ништо посебно не е? Гледам хтмл5 има и цсс3 нешо ама ако е кај Драган Михајлов пак ќе се учат банални работи.
 
Последно уредено:
Дечки, ми треба брз одговор зашто уписите ни се овие два дена, а ова е доста важно :D

За да пријавиш дипломска во осми семестар, ти требаат веќе освоени 200 кредити??

И ништо да не презапишеш, тоа не е толку лесно изводливо зашто многу од предметите сега од зимскиот семестар имаат и семинарски, така да тоа све ќе треба да е завршено во Јануари. Башка што со 5 предмети правиме само 27 кредити семестаров :facepalm:

Фалаа
 
Ми треба совет од постарите колеги околу изборен предмет..Ги запишав Алгоритми, Веројатност како задолжителни, изборен Напредно, но се мислам за уште еден. Ми треба некој полесен, зошто и онака ќе се измачам со триве наведени...некој предлог? Менаџмент го потрошив :)))
 
Дизајн и архитектура на софтвер и Администрација на мрежни сервиси, anyone? Кај дизајн стои дека го предава Анто и затоа се мислам....:cautious:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom