Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Што ке идеш? Зошто токму тоа?

па има доста работи кои се учат а плус ќе имаш и некаков профит кога ќе го завршиш , а желба за инф науки + профит + љубов кон се тоа = најдобро според мене . Го учиш тоа што гог сакаш и после тоа имаш придонес ...А има доста нешта што се учат од е технологии , и математика и дизајнирање и е бизнис итн .. така да тоа е сешто барав и јас =)
 
Има некое мирно место за учење (празни училници или мирна библиотека) на финки? На пр ако имаме празен час или сл. и треба да чекам 1 саат да не се мафтам лево десно туку да го поминам времето попродуктивно.
 
Има некое мирно место за учење (празни училници или мирна библиотека) на финки? На пр ако имаме празен час или сл. и треба да чекам 1 саат да не се мафтам лево десно туку да го поминам времето попродуктивно.

Во училниците што нема настава може слободно да идеш да си читкаш. Библиотека нема, но може да се послужиш со таа на ФЕИТ. :)
 
Знае ли некој дали би можеле да ме примат на ФИНКИ доколку немам математика полагано како екстерен предмет.. имам англиски , има ли некакви шанси или .. ?
 
Тоа зависи исклучиво од интересот за конкретната наставна програма на која што сакаш да се запишеш, т.е колку поени имаш ти на матурата, а колку ќе имаат другите. Можеш слободно да го искористиш калкулаторот за поени што го има на страната на ФИНКИ, да пресметаш колку поени имаш, и доколку е разумно висока бројка, веројатно ќе успееш - факултетот има многу високи квоти, оваа година од 1020 студенти.
 
Знае ли некој дали би можеле да ме примат на ФИНКИ доколку немам математика полагано како екстерен предмет.. имам англиски , има ли некакви шанси или .. ?

Со оглед на тоа што примаат голем број на студенти, не би требало да има проблем. Лани имаше многу што се запишаа со англиски, па беа и во државна квота. Сè зависи од конкуренцијата на насоката на која планираш да се запишеш.
 
Едно прашање дали можеби некој знае отприлика спрема тоа како примаа последниве години на финки дали со 80 поени негде може да се запишам на финки на насоката мрежни технологии или кни ?
Не им работат линковите за примени студенти затоа прашувам случајно некој да не знае
 
Едно прашање дали можеби некој знае отприлика спрема тоа како примаа последниве години на финки дали со 80 поени негде може да се запишам на финки на насоката мрежни технологии или кни ?
Не им работат линковите за примени студенти затоа прашувам случајно некој да не знае

Друже, се зависи од резултатите на тие што ќе се пријават на факултетот и на насоките на кои ти сакаш. Не може никој точно да ти каже, но како што се сеќавам минатата година имаше и со помалку поени примено.
 
Аааа мисли си, мисли си :icon_lol:
Не да не се учи, туку САМО ТОА се учи прва година по математика. А лимесите и интегралите се едни од потешките области во математиката.

Соученици од други струки - не баш. Све се или гимназија или ПТТ/електротехнички школи.
добро бе ве гледам и ви се чудам на паметот незнаете конкретно ај нека биде хипотетички да кажете , можно ли е да се совлада без основа со вежбање нормално ?! п.с имам 2 братучеди завршено али како изгубен случај се незнаат да ти кажат детално што како ги прашуаш има ли тежок дел од матем. ке ти ја напраи има вака така онака ова она ке те извртка ке те исплаши да не се запишеш а уствари он дрво бил цел живот мат. др прашувам лесно е ако се вежбало и ај сеа на кој да веруваш а + тоа сакам да имам слободни 3-4 месеци летоска за work & travel usa можно ли е 2те според тебе ?!
--- надополнето: 11 август 2012 во 22:04 ---
Второто во никој случај, што ќе ми е тогаш факултетот. Јас на факултет се запишувам со цел да го усовршам знаењето, но и затоа што го сакам програмирањето и сакам тоа да ми биде идната професија. Инаку благодарам за одговорите, и ако има некој со негативни мислења за факултетов слободно нека ги каже, бидејќи сакам да ги видам и позитивните и негативните страни на овој факултет. Благодарам однапред.
друже да ти каже тебе бато ти си за диплома така некако ми се врти работава оти бадијала ти е и финки ако ти гледаш да поминеш со шеска , ти ако сакаш да научиш според мене можеш на било кој оти не зависи од факултетот зависи од тоа колку труд ке вложиш во себе познавам луѓе што се разбираат мн повеке и ке ги изедат овие од електро/ финки така да цениси според своите можности и не се надевај многу во вредноста на дипломата оти светот стана веќе интернационален пс. како порано што била преселба од село во град ( ако ме разбираш што сакам да кажам)
 
gk77 не споредувај оцени со знаење.
Зошто да не може да се совлада без основа? Ги има многу од гимназија што не учеле пример „Архитектура и организација на компјутери“, па положиле... Значи тоа нема везе. Ако следиш на предавања, ги работиш вежбите и седнеш добро да спремеш колоквиуми/испити, немаш никаков проблем. Не знам што е тука нејасно.
Ќе си положиш сите испити и ќе си идеш преку лето на work & travel. Знам неколку такви само од оваа година.
 
Кај сте ФИНКИ-аши или како да ве условам... ФЕИТ-аш тука. :D

Јас не се префрлив на ФИНКИ, останав на ФЕИТ, затоа што реално ми е дојдено преку к*р секогаш мојата генерација да биде опфатена со експерименти и новитети хаха. Матурирав 2008 значи бев прва генерација што полагаше државна матура, еве сега во текот на моето студирање пак се најдов на расчекор да бирам меѓу ФЕИТ и ФИНКИ и избрав ФЕИТ, old school, јебига шта чеш. :LOL: Не се каам за оваа одлука, иако се нервирам што ФЕИТ многу лесно се “предаде“ и ги даде смеровите ИКИ и ИНФО под јурисдикција на ФИНКИ. Ја мислев ќе има посебни предавања за оние што избраа ФИНКИ и оние што останаа на ФЕИТ, али пак сите имаме исти предавања и не се знае кој на кој факултет е. :D И доста само кењате дека требало потпис за одредени предмети, мислам дека тоа важи само за бруцошите т.е. оние што запишаа 1 год., а и оние на кои им се паднаа професори од ПМФ. Не ме плашете и мене непотребно. ;) Мене не ми предава ниеден професор од ПМФ (фала богу), така што веројатно не ми требаат одредени поени од колоквиум за потпис по ниеден предмет, така ли е (постари колеги потврдете!? :)). Инаку на ИКИ сум, најбараната и најисполнетата програма секоја година. :D

И совет за сите вас тука: Не се бунтувајте многу, туку седнете и научете. Бунтот и негодувањето нема да ве води нигде, може само надоле! И јас имав одбивност према одредени предмети, ич нејќев да ги учам и ги мразев, па затоа сега цената ја плаќам со тоа што наместо да дипломирам како човек со мојата генерација во 2012, ќе ме фати уште една учебна година и здравје ќе дипломирам во 2013. Па и не е лошо, 5 години на електро е добар просек. :ROFLMAO: Еве сега се средив и станав прав електраш. :) Верувајте ми дека нема предмет што еден разумен студент не може да го совлада. Потребно е само многу посветеност и работа. Ако гледате дека некој предмет ви оди послабо, па одете на настава и аудиториски, ангажирајте се! И решавајте задачи, мозгајте, мислете, помачете се малку, така се научува и тоа што ви се чинело невозможно на прв поглед и се станува инжинер!!! Башка, не се потпирајте целосно на професорите и асистентите, некои се стварно кварни и намерно ве учат - не доучуваат, т.е. не ви кажуваат есенцијални информации за да го положите предметот, туку намерно заташкуваат некои работи кои после ги даваат на испит. Користете го интернетот - најмоќното оружје на 21-иот век! :) Имате безброј туториали, предавања на англиски од светски познати универзитети, после имате видео лекции (мој фаворит), каде што можете да станете “доктор“ по одреден предмет и да го исцепите со 10ка. Прашање е дали сакате до тој степен да вложите труд и да се посветите на факултетот. По мене знам дека кога не вложував доволно труд и сакав со учено-недоучено да поминам испит, не идеше едноставно. Имаше моменти на разочараност и фрустрација, али никогаш не се предадов и нема! Сега се стегнав, учам најјако што можам и затоа мамицата ќе му ја е*ам на ФЕИТ/ФИНКИ. :) Некогаш на човекот му е потребен пад за да се освести до кај дошол и да почне да го гради патот кон врвот повторно. А верувајте ми посилен е оној кој паднал, станал и најдетерминирано, најјако и непобедливо решил да продолжил понатаму отколку некој кој никогаш не паднал. :) Никој не е совршен и порано или покасно ќе доживее fail, а можеби некои од вас тоа го доживуваат на факултетот во моментов. Епа клучот на успехот е како ќе се справите кога ќе доживеете fail. Ако останете да лежите на земја предолго, готови сте. Ама ако станете, и чекор по чекор, бит по бит (компјутерска терминологија :D) решите да продолжите напред без разлика на околностите нема да се покаете и ќе ја осетите моќта на непобедливоста и нескршливоста. :D Еве ја ќе ви кажам дека имав некои предмети кои ги презапишував по 3 пати, и покрај тоа што се чувствував како shit т.е. :гомце: што ги слушам по толку пати, а истовремено знаејќи дека не сум глуп за да не можам да ги научам и положам, ги преслушував, идев на лабораториски вежби по кои требаше да идам и на крај ги положив кога решив да ставам крај на ова ср*ње и оттогаш нема више презапишување!!! Едноставно кога не учите, кога не се трудите доволно и сте мрзоволни ќе си го кркате. Верувајте повеќе во себе. Никој не е глуп да не може да седне и да научи нешто, прашање е колку време сакате да вложите за да го совладате материјалот. Колку тоа време е поголемо, толку прорпоционално расте шансата за положување на испитот. И ако нешто не ви е јасно додека учите, изгуглајте го, изјутубирајте го :) на крај краева и ќе најдете видео каде што е убаво објаснето. Use your fu*king imagination!!!!!

Woooooooow, кој мотивирачки пост сум напишал!!! :pos: Не ми беше цел да продавам муда за бубрези или да солам памет, али како електраш кој доста поминал и доста пропатил :LOL: , сакав да ви ги отворам очите ако уште не ви се отворени и да наметнете нова визија на гледање кон факултетот. Соочете се и помирете се со тоа дека сте студент и дека најголем процент од времето треба да го посветувате на факултет и учење. Учете максимално и никогаш не се предавајте дури и кога шансите ви се against all odds. Дајте го најдоброто од себе и не работете против себе со тоа што нема да учите и после ќе ги кривите професорите! И јас додека бев со ставот дека професорите се @#$%^&* и секогаш даваат најтешки задачи на испит не положував. Затоа, седнав, научив, положив и сега нема сила што може да ме спречи! :))))) Запомнете, секој положен испит ви дава крила и нова сила и енергија! Доволно е едукација од мене. :pos:
браос бе друже вакви постови се прават а не овие копилјациве ме плашат само да се запишам на финки или не у дилема ме оставаат
 
Вака сеа заинтересиран сум за Финки, може ќе делува и глупо прашањевоама какво работно место можеш да очекуваш од овој смер Примена на е-технологии ?

Види што се изучува во таа програма, па пробај сам да заклучиш.
Може и како чистач да работиш, just sayin'.
 
луѓе што е тоа сертифицирана IT вештина (т.е што значи кратенката IT вештина ?! барам брз одговор... пошто ми се фалат подобро е тоа одколку финки :p
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom