Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Dali znae nekoj za Upravuvanje so IKT proekti vo odnos na grupniot proekt, dali grupata od lugje se bira random ili sami si birame so koj ke rabotime?
 
Здраво, дали некој знае до кого треба да се обратам за одбиена молба? Дали до професорот, деканататот или студентска служба?
 
Здраво, дали некој знае до кого треба да се обратам за одбиена молба? Дали до професорот, деканататот или студентска служба?
За што ти е молбата? Ако ти е за предмет без исполет услов, на никого не му ги одобруваат од новата програма така да џабе ти е, инаку продеканот за настава ги разгледува молбите
 
Дали д-р Владимир Здравески враќа на меилови? Ми фалат 2 поени за 9ка некако како да ги надокнадам без да го преполагам предметот(БиМ)..
 
Здраво дечки.
Некој што решавал прашања по предметот „Управување со техничка подршка“ ако може да сподели искуства(за што главно се прашува, дали се тешки) или слики од прашањата ?
 
Здраво, сакам да прашам нешто, ако добро разбрав како работи тежината на предметите (L1, L2, L3), дали во 5ти семестар треба да изберам 2 изборни од L3 ниво, затоа што веќе ќе ги имам искористено сите 6 изборни од Л2 во 3 и 4 семестар? И дали може во втор семестар да земам предмети од L2 или L3 ниво?
 
Во тек на целото студирање имаш дозволено само 1 изборен предмет од ниво L1, 6 изборни предмети од ниво L2 и неограничено изборни предмети од ниво L3. Не е битно во кој семестар ќе ги земаш, можеш да си ги распоредиш како што сакаш. Ако до сега веќе имаш земено 6 изборни од ниво L2 значи дека понатаму можеш да земаш само изборни од ниво L3.
 
Некој да сподели искуство, нели има услов потребно е 3 месеци пракса пред дипломирање.
Гледам во некој огласи за пракса, компании нудат пракса 2 месеци.
После таа пракса од 2 месеци, треба да се најде уште една пракса која ќе трае 1 месец или?
 
Сега ја запишав само дипломската работа како единствен предмет во летниот семестар (уште таа ми е останата) и гледам дека истата се води како од 6ти семестар иако јас со 4 години ќе дипломирам. Дали е некоја грешка или нема проблем со тоа што се води како од 6ти семестар?
 
Не е грешка, ако сакаш можеш со 3 години да дипломираш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom