Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки за изборните предмети сега како ќе е,по стара или по нова програма?
Нели по стара можеше да си бираш кој предмет сакаш, а по нова беше дадена листа на неколку предмети само.
 
По стара. :)
 
Има некој што држи часови графика или знае доволно да објасни? :)
 
Дечки за изборните предмети сега како ќе е,по стара или по нова програма?
Нели по стара можеше да си бираш кој предмет сакаш, а по нова беше дадена листа на неколку предмети само.
Оние што се по нова програма ке мора од дадената листа да бираат предмети?:eek:
 
Некој да има ПКК проект од лани да ми прати да видам шо прај како прај, сигурно и лани истио проект бил.
http://www.filedropper.com/showdownload.php/proektnazadaca1 - годинашниов проект

Истиот е. Си отвараш терминал/cmd и си куцаш :) Ако имаш конкретно прашање за одредена точка од проектната кажи да ти помогнам, цела не ми стои. А и не е нешто комплициран проектот, сите команди ги имаш во аудиториските, за се останато постои google.com :)
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 02:05 ---
Некој да има ПКК проект од лани да ми прати да видам шо прај како прај, сигурно и лани истио проект бил.
http://www.filedropper.com/showdownload.php/proektnazadaca1 - годинашниов проект

Истиот е. Си отвараш терминал/cmd и си куцаш :) Ако имаш конкретно прашање за одредена точка од проектната кажи да ти помогнам, цела не ми стои. А и не е нешто комплициран проектот, сите команди ги имаш во аудиториските, за се останато постои google.com :)
 
Е тој одговор го барав затоа што како уште од мал оваа пуста информатиха (хехе) ме влечи ама од пријатели што сум слушал сите ми се жалам де многу тешко било на ФИНКИ де информатиката тешка али ај затоа си реког да си прашам јас да видам тие што сте оделе (и одите) да видам дали е лесно и интересно ;)
ако ти се учи, се учи.
 
Брат, ако сакаш да се запишеш на ФИНКИ треба добро да се информираш што значи зборот информатика. Искрено не те знам и не викам дека не знаеш, ама еден куп луѓе се запишуваат на ФИНКИ со погрешна претстава за тоа што претстатвува зборот информатика. Мислат дека ако седат цел ден пред компјутер, ако знаат да инсталираат игра некоја или научиле да форматираат, дека ја совладале "информатиката". Ако под тоа дека те влече информатиката, мислиш на тоа дека сакаш да играш игри или да седиш на фејсбук, тогаш целосно си го промашил значењето на факултетот.
Она што ние го учиме на ФИНКИ е сосема различно од општо прифатениот концепт за информатика во Македонија. Многу се погрешни коментарите од типот : Абе детено мое цел ден пред компјутер е, се разбира од информатика ќе го запишеме на ФИНКИ. Не на електро, зошто таму е тешко, ама за ФИНКИ нема проблем, се разбира од компјутери. Е тоа е фаталната грешка.
Не разбираат дека како прво во основата на ФИНКИ е математиката. Овој факултет се базира на математика, не на просто работење во некои програмчиња. Ние го учиме работењето на компјутерот за да можеме да го искористиме најдобро што можеме и не верувам дека некој би го окарактеризирал овој факултет како лесен. Но сепак, ако материјата навистина те интересира, тогаш секако е интересно и забавно да се учи, барем мене ми е. Уште еднаш ќе нагласам дека ова не го насочувам директно кон тебе бидејќи не те познавам и не знам какво е твоето познавање на информатиката. Но сите кои планираат да се запишуваат на ФИНКИ треба добро да се информираат, за да не губат години за џабе....
 
Не, не во никој случај. Знам дека информатиката не е форматирање инсталирање игри туку во информатиката е најбитна математиката. Јас реков дека ме влече затоа што учам C#, VB, Javascript и затоа прашувам затоа. Мене тоа ми е интересно а не седењето на фејзбук (што тотално не е поврзано со информатика а и сурфањето на интернет) .Што имам слушнато информации дека се учело и C# па затоа мислам за запишуваање во него (и не велам дека се учи само за него и точка, се учат различни зборови концепти и тн... А инаку МНОГУ фала за одговорот :D
 
Шо се дешава коа нема да земеш потпис за еден предмет т.е. Калкулус 1 ? Ќе треба у 2 семестар да го слушам пак или ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom