Факултет за Графички Дизајн во Македонија или Странство... ?

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Мое мислење е дека од тоа колку ќе научи студентот повеќе зависи од смиот студент отколку од професорите.
Пример, на некој студент да му предаваат и најдобрите професори на светот, а студентот ако не се постојано надоградува низ практична работа и други форми на учење ништо нема да направи. Не е доволно само да зе заврши факултет за да се стане експерт во некоја област, факлултетот е само првиот чекор.
 
Може ли некој да ми каже на кое ниво се школите за Web Design и Graphic Design во Semos и Alexandria? Каков вид на колеџи се тие, се полагаат ли испити за оцена, и каква диплома се добива на крајот? Некакво звање? Дали се тоа обични курсеви или пак нешто повеќе? И колку се ценети во Македонија и надвор?
 
Александрија веќе не постои, ја купија Сивус.
Семос ги земав курсевите, нешто задоволна, повеќе незадоволна. Многу подобри предавачи има во Сивус, поголем број на часови како и поинтересна програма.
На крај полагаш за сертификати, дали ќе ги положиш од тебе зависи.
А за тоа колку се ценети... и тоа зависи од квалитетот на твојата работа и знаењето што си го стекнал со истата. Воедно, креативата ти е премногу битна, доколку ја имаш, само усовршување на техника и верувај, секаде ќе бидеш ценет, не поради тоа што си завршил некаде колеџ, туку поради квалитетот и брзината на твојата работа.
За Македонија... ништо не се ценим не пак графички или веб дизајнери, муабетот е ако ти се посреќи да влезеш во добра компанија. Ја не се ни потрудив тоа, не сакам да работам за други, сакам да работам за себе, со мое работно време, затоа работам freelance за странци, таму си ценет.
 
Ако се вработиш во фирма ќе ти ја извадат душата
8 саати 6 дена неделно и очи ќе расипиш и глава ќе те боли и пак ќе имаат замерки се нешто ќе им фали.
Да не кажувам дека некогаш креативна блокада и стоп. Не оди. Ништо никаде не тера.
Лично учев од classroom in a book photoshop и иста таква книга illustrator.
Еден туторијал за графички дизајн на 99 беше интересен многу го учев едно време ми се најде. И сега ми текнува дури работам на некој од лекциите таму.
Незнам кај прашав лани да полагам за сертификат ама 9000 ден беше. Може некогаш ќе полагам, сега не гледам зошто.
Полагаш и на одеск и на еланце се покажува на профилот ако положиш тест.
 
Сам дома можеби е добра опција ама трае подолго.
 
Сакам да учам Графички Дизајн, ама како што гледам факултети нема за графички дизајн освен на приватните факултети кои се доста скапи а и како што сум слушнал не баш ценети. Незнам друг факултет дали има.Или да одам на некој курс за графички дизајн, ако има некој по искусен на оваа тема да ме посоветува нешто. Јас сум инаку 4та година средно па си планирам нешто.
 
бирај имаш топ професионалци во овие линкови Photography, 3D Graphics, UX/Web Graphics, Digital Art

Освен ако не ти треба диплома, се друго можеш на youtube или facebook да научиш, мислам можеш експерт за квантна физика да станиш.
 
Колку се плаќа годишно на Фон Графички Дизајн, знае некој ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom