Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Дали уште предава на ФЕИТ Томислв Џеков и ако предава дали може утре да го најдам? Ми треба брз одговор :)
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 19:34 ---
Ќе одговори некој или да барам на друго место?

Овој нели предава на Европскиот?
 
Овој нели предава на Европскиот?

Предава, ама на првата генерација на UIST им се преставил и како професор на ФЕИТ па затоа прашувам. Стар прч :D
 
Предава, ама на првата генерација на UIST им се преставил и како професор на ФЕИТ па затоа прашувам. Стар прч :D

Не верувам да повторно се вратил на феит сега по што предава и на угд. Барај го на втори спрат на европски таму има канцеларија. Порано беше професор на феиит може грешка разбрале и мислат дека е сеуште.
 
Имаме слободна недела пред колоквиумска?
Не, тогаш најнапето е :D Сеа ај пак полабаво за нијанса, во декември и мај е гз преку глава, дали да учиш дали да бркаш професори како Верка кои седат заклучени во канцеларија :coffee:

П.С.

ФЕИТ ќе ги презентира лабораториите пред претставници на Стопанските комори

На 16.10.2013 година со почеток во 12 часот, деканот на ФЕИТ, проф.д-р Миле Станковски ќе изврши кратка презентацијата на лабораториите пред претставници на Стопанските комори во Република Македонија, на македонските компании, како и пред претставници на Министерството за образование и наука.

Гостите, заедно со раководителите на лабораториите, ќе ги посетат сите четири лаборатории на ФЕИТ каде ќе ја разгледаат опремата и можностите за мерења и испитувања, како и можностите за потенцијална соработка со компаниите.

ФЕИТ, пред присутните, ќе ги претстави:

- Лабораторијата за оптички комуникации

- Лабораторијата за процесирање сигнали во телекомуникациите

- Лабораторијата за мерење еколошки параметри

- Лабораторијата за дигитални видеосистеми

Тие се меѓу 80-те лаборатории од проектот на Владата на Р.М. „Опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност“ кој се спроведува преку Министерството за образование и наука, со кој се очекува лабораториите максимално да се приближат до компаниите.

http://www.skopjeinfo.mk/gradot/690...iite-pred-pretstavnici-na-stopanskite-komori-

Expectation

article_378271e20b5c2a65_1350548596_9j-4aaqsk.jpeg

Reality

pripyat_100.jpg
 
Здраво, знае ли некој да ми даде tips за предметите Телекомуникациски софтвер (проф Перо Латкоски), Комутација и рутирање (ппроф Тони Јаневски) и Дигитално процесирање на сигнали (проф Димитар Ташковски), како и да ме снабди со испитни прашања по истите? :)
 
ТК софтвер иди само на предавања и следи го како работи Перо и ништо друго не ти треба. Прв колоквиум е теорија, пола од скриптата треба да научиш и лесни прашања паѓаат. Комутации има прашања, ќе ти пратам по ПП утре само пиши ми да ме потсетиш :) А за третиов предмет не знам што да ти кажам :D
 
DPS учи си континуирано и положи го на колоквиум. Обемен е предметот и бара доста време. На испит не ти препорачувам.
--- надополнето: 24 октомври 2013 во 21:48 ---
И обавезно фаќај колку можеш повеќе поени на домашни, лабораториски и активности многу придонесуваат на оцената.
 
Некој збор за теорија на колоквиум по физика 1 и математика 1?
 
Зајкова,Вера:icon_mrgr:
Мене не ми е јасно,овие колоквиумите што се закажани сеа се теоретскиот дел или задачи..или 2те у ист ден.Некако ко никој да не кажува од професориве што како се дешава,овие од 2ра ми кажуваат као им одвојувале на што да обрнат внимание..
 
Физика ни се Маргарита, Верка..Математика ми е Билјана Јолевска Тунеска :D

Зајкова - усното и писменото се одделно. Усното може да е недела пред/по колоквиум, на лист, во глобала лесно е. Но ако го паднете усното а положите задачи после си полагате само усно ама овојпат на табла. Така да ако имате треми, не се осеќате пријатно така и ви е полесно писмено, од математика барем усното тргнете го. Башка се препишува многу на усно. Задачите си се одделно кај неа, што положиш на кококвиуми не полагаш на испит, без разлика усно, писмено.

Физика обично и кај сите три професорки имаш и прашања и задачи на колоквиум/испит, добиваш два листа, одговорите на лист, решенијата на задачи во тетратката. Оваа Маргарита мислам (ама мислам) организира дополагања на некој ако му фали и дава само задачи или само теорија во јануари да си полагаш ама кај Верка нема. За кај Верка, вадете барем по 20 поена и од задачи и од теорија и положен ви е испитот. Најгадна е од сите три.

БЈТ е нешто како факултет во факултет. Посебна е од сите, се кај неа усното различно, различни задачи од другите, барем кај нас вака беше. Е кај неа задолжително положете усно (оној тестот кој го вика) кое го дава недела дена пред колоквиум. Многу бутка студенти после усно на табла кога ги испрашува оти е стока. А задачите не и се нешто тешки пошо појма си нема од математика таа, само теорија знае. Најтапа професорка по математика на цел факултет, ќе се уверите кога ќе ви предава Бучковска и ќе направите споредба :)

Вака беше јас кога слушав, ако ве известиле на почеток за некои измени тоа е друго веќе.
 
БЈТ оваа година ни рече дека за прв пат ќе спојуваат на колоквиум теорија и задачи заедно.
Инаку физика имам слушано дека за теорија треба да знаеме да раскажуваме лекции, јас сум кај Маргарита. Можеш да наведеш тип прашање како изгледа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom