Физика обично и кај сите три професорки имаш и прашања и задачи на колоквиум/испит, добиваш два листа, одговорите на лист, решенијата на задачи во тетратката. Оваа Маргарита мислам (ама мислам) организира дополагања на некој ако му фали и дава само задачи или само теорија во јануари да си полагаш ама кај Верка нема. За кај Верка, вадете барем по 20 поена и од задачи и од теорија и положен ви е испитот. Најгадна е од сите три.
БЈТ е нешто како факултет во факултет. Посебна е од сите, се кај неа усното различно, различни задачи од другите, барем кај нас вака беше. Е кај неа
задолжително положете усно (оној тестот кој го вика) кое го дава недела дена пред колоквиум. Многу бутка студенти после усно на табла кога ги испрашува оти е стока. А задачите не и се нешто тешки пошо појма си нема од математика таа, само теорија знае. Најтапа професорка по математика на цел факултет, ќе се уверите кога ќе ви предава Бучковска и ќе направите споредба
Вака беше јас кога слушав, ако ве известиле на почеток за некои измени тоа е друго веќе.