Дечки ако може некој од постарите да ми каже шо е побитно основи на електортехника 1 да се знае од тероија за прв колоквиум.Леонид Грчев ништо не објаснува,само си клика на тој лап топот и по една-две реченици за секој поднаслов кажува,50 страни ни предаде така а материјалов не е многу лесен.Како и да е се ке поминам ама некој да ме упати на што да се задржам повеќе зашто многу има.
Сите единици мерки обавезно научи си ги , се паѓа секогаш едно прашање такво, не изведување само на која величина која единица мерка соодвестува, понатаму Гаусов закон, капацитативност, гранични услови (текст, цртеж, изведување), работа на електрично поле (в-от на јачина на ел. поле), потенцијали, енергија итн. Книгата прочитај ја еднаш цела, а само овие работа мораш убаво да ги знаеш.
Во принцип и на консултации кажуваат што треба, а што не, плус теоријата ќе ви биде слична со таа на тестот што ќе го правите пред колоквиум. Ѕирни и стари колоквиуми, барем ОЕТ1 ја даваат цело време истата теорија. На пример за втор секогаш ја даваат Тевененова теорема.
