Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки ако може некој од постарите да ми каже шо е побитно основи на електортехника 1 да се знае од тероија за прв колоквиум.Леонид Грчев ништо не објаснува,само си клика на тој лап топот и по една-две реченици за секој поднаслов кажува,50 страни ни предаде така а материјалов не е многу лесен.Како и да е се ке поминам ама некој да ме упати на што да се задржам повеќе зашто многу има.

Сите единици мерки обавезно научи си ги , се паѓа секогаш едно прашање такво, не изведување само на која величина која единица мерка соодвестува, понатаму Гаусов закон, капацитативност, гранични услови (текст, цртеж, изведување), работа на електрично поле (в-от на јачина на ел. поле), потенцијали, енергија итн. Книгата прочитај ја еднаш цела, а само овие работа мораш убаво да ги знаеш.
Во принцип и на консултации кажуваат што треба, а што не, плус теоријата ќе ви биде слична со таа на тестот што ќе го правите пред колоквиум. Ѕирни и стари колоквиуми, барем ОЕТ1 ја даваат цело време истата теорија. На пример за втор секогаш ја даваат Тевененова теорема. :)
 
Што е со тие домашни кај Верка што се работат на час?Се оценуваат,имаат некакво влијание на оцената?
--- надополнето: 1 октомври 2013 во 18:30 ---

од кој автор треба да се земе збирка решени задачи по математика спорет учебников на зајкова.
имам една испитни задачи од 1996 ама не е според учебников
 
тие ти се додатни поени откако ќе положиш, ама оди на нив, трескај глупости ако не знаеш, не дека ги читаат темелно, пишав поназад..
од кој автор треба да се земе збирка решени задачи по математика спорет учебников на зајкова.
имам една испитни задачи од 1996 ама не е според учебников
Решени испитни задачи од Зајкова и уште два-тројца, ако има задачи од стариот систем, ние тие ги земавме.
 
Фала Illuminous за одговорот.Иначе за збирка види си е-маил.Мене Весна Андова ми е асистентка и ни имаше пратено збирка задачи на меил.Ако не,земи ја таа од Шапкарев во книжарата доле.
 
Некој да продава скрипта за Основи на електротехника 1 ??
 
јас книга шиткам, само прашина ми фаќа :) пиши пп ако си заинтересиран
 
А за 10 си научил а за 6 кај него е исто, пак мора цела книга да се научи не знаеш кое прашање ќе ти го даде. :D

мене чудно ми е некако програмирање теорија..какви типови на прашања уствари поставува човекот? на глава освен што значи %d, int main и уште некои такви, друго не ми паѓа :3
И за која книга збориш, од која имаш учено? Ние имаме на е курсеви How to program али на англиски па и не ми е баш практично да учам теорија :mad:
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 15:38 ---
гранични услови (текст, цртеж, изведување) :)
Може појаснување мало за овие гранични услови, некако у книгава и ги нема баш гледам, освен во делот кај спроводници, ама до толку со цртежи изведувања не е расплинето.. :S
 
мене чудно ми е некако програмирање теорија..какви типови на прашања уствари поставува човекот? на глава освен што значи %d, int main и уште некои такви, друго не ми паѓа :3
И за која книга збориш, од која имаш учено? Ние имаме на е курсеви How to program али на англиски па и не ми е баш практично да учам теорија :mad:

Мене ми преадавше микропроцесори и компјутерски мрежи. Едни англиски книги ни даде.
 
Да се сите професори како него малку да се исчисти факултетот од неспособници кои се запишале само за да им поминува времето и гледаат некако да добијат 6
Многу го плукав и колнев, сакав и да му ги дупнам гумите на џипот :pos: но отпосле сфатив дека ѓулето било во право што така лесно не става 6-ка и мора да се оди на усен испит.
А за 10 си научил а за 6 кај него е исто, пак мора цела книга да се научи не знаеш кое прашање ќе ти го даде. :D

Уште едно прашање. Ова усен испит, е како она школско испрашување лице в лице, или на хартија ти дава прашања теорија?
 
Да лице в лице и ние бевме сите студенти заедно. И он кој сака нема ред. Поставува прашање и тоа некое си што го нема во книгата ако не знаеш он одбира следен кој ќе го одговара истото прашање. За кај вас може е друг начин ама кај нас така беше и затоа никој не поминуваше. :D
 
Некое чаре има ли? хахах, иначе усно имаме после секој колоквиум, или кога?
 
мене чудно ми е некако програмирање теорија..какви типови на прашања уствари поставува човекот? на глава освен што значи %d, int main и уште некои такви, друго не ми паѓа :3
И за која книга збориш, од која имаш учено? Ние имаме на е курсеви How to program али на англиски па и не ми е баш практично да учам теорија :mad:
--- надополнето: 12 октомври 2013 во 15:38 ---

Може појаснување мало за овие гранични услови, некако у книгава и ги нема баш гледам, освен во делот кај спроводници, ама до толку со цртежи изведувања не е расплинето.. :S
нема усно за структурирано програмирање, не се разбирате со членот. За компјутерски архитектури само има.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom