Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Се пишува молба до деканат, со платена административна такса и се носи во архива. Е сега, треба да имаш добра причина зашто се префрлаш, инаку нема да ти дозволат
Сакам да се префрлам поради превоз бидејќи секојдневно патувам , но слушнав дека продеканката не прифаќала многу молби :/
 
Сакам да се префрлам поради превоз бидејќи секојдневно патувам , но слушнав дека продеканката не прифаќала многу молби :/

Наведи ја причината во молбата и пробај си ја среќата :)
 
Дечки дали може да се најде книгата по електроника од д-р Камиловски во електронска форма некаде?
 
Тентов е најдобар професор на факултетот. Мене стварно не ми е јасно зошто толку е гад за сите кога човекот се труди студентите да научат нешто, не да учат колку за да положат.
Да се сите професори како него малку да се исчисти факултетот од неспособници кои се запишале само за да им поминува времето и гледаат некако да добијат 6
Многу го плукав и колнев, сакав и да му ги дупнам гумите на џипот :pos: но отпосле сфатив дека ѓулето било во право што така лесно не става 6-ка и мора да се оди на усен испит.
А за 10 си научил а за 6 кај него е исто, пак мора цела книга да се научи не знаеш кое прашање ќе ти го даде. :D
 
рано и е на Колемишевска .. ќе тера уште година до две

да ти препорачам ептен добар предмет од ЕРПС?
МИКРОКОНТРОЛЕРИ
се слуша во 5 ти семестар, нема предходни услови. Ептен е лесен и е многу практичен. А башка тоа овој предмет ќе ти биди еден вид вовед пред Микропроцесорски системи во 6 ти кај Аристотел Тентов.
Микроконтролери се положува со 3 колоквиуми (ќе бидат со заокружување и дополнување) и еден проект. Проектите се лесни и се работи со easyPIC 3 т.е. со PIC16F887A. Предметов е боза, а многу е практичен.

Немој да го одбираш ФЛУ. Ќе ве малтретира Колемишевска за 2 колоквиум. 1 кол е лесен колку да ви даде поенчиња да се радувате, а на втор пола ќе ве падни. Ама пак е многу важен предмет за КСИА. Го обработува фазилогичкото управување, кое денес заедно со управување преку невронски мрежи станува се попопуларно.

ВРИС ти е убав предмет ама тежок и обемен е многу. Ако не го положиш на колоквиуми, многу тешко се спрема за испит оти е многу материјал. Башка Бетка ќе бара да и однесите 10 домашни + лабараториски.

Јас ако сега би бирал повторно би ги одбрал Микроконтролери пак и ФЛУ.
Си се зафркнав што го одбрав Врис, непотребен предмет упм

Фала на одговор, пробав Микроконтролери да го запишам ама не дозволија годинава на никој од КСИА...
Ако не ти е тешко да те прашам уште нешто..
Дали има НСУ некое мало скриптиче теорија (само тоа што е најважно и што се паѓа на испит) како што имаше ТС и од кај да го најдам? Прашав во копирница нема. :/
 
во копирница ги има тие белешките што се, слајдовите што ги презентира
 
Да се сите професори како него малку да се исчисти факултетот од неспособници кои се запишале само за да им поминува времето и гледаат некако да добијат 6
Многу го плукав и колнев, сакав и да му ги дупнам гумите на џипот :pos: но отпосле сфатив дека ѓулето било во право што така лесно не става 6-ка и мора да се оди на усен испит.
А за 10 си научил а за 6 кај него е исто, пак мора цела книга да се научи не знаеш кое прашање ќе ти го даде. :D
Абе остај оцената, битно е знаењето. Имаше колеги што од задачи вадеа по 80% поени ама на усно кај него трескаа глупости и нормално дека нема да ги пушти. И после Тото ова, Тото она, вол, ѓубре, гад, незнамтишто.

Инаку, знае некој Компјутерска Електроника 2 дали е активиран (пошто го нема во распоред) или ќе треба да ги сменам кредитите за друг предмет?
 
Фала на одговор, пробав Микроконтролери да го запишам ама не дозволија годинава на никој од КСИА...
Ако не ти е тешко да те прашам уште нешто..
Дали има НСУ некое мало скриптиче теорија (само тоа што е најважно и што се паѓа на испит) како што имаше ТС и од кај да го најдам? Прашав во копирница нема. :/

нц.. нсу нема сриптиче.. нсу има еден учебник од димировски кој мора да го знаеш цел за втор колоквиум/испит.
За прв имаш одредено дел лекции што се паѓа, ама за втор имаш преку 100 страни што треба да знаеш да ги пееш.
 
Фала на одговор, пробав Микроконтролери да го запишам ама не дозволија годинава на никој од КСИА...
Ако не ти е тешко да те прашам уште нешто..
Дали има НСУ некое мало скриптиче теорија (само тоа што е најважно и што се паѓа на испит) како што имаше ТС и од кај да го најдам? Прашав во копирница нема. :/

Љапунов да пишам у одговор мислам доволно ќе ти каже. :)
 
Дечки ако може некој од постарите да ми каже шо е побитно основи на електортехника 1 да се знае од тероија за прв колоквиум.Леонид Грчев ништо не објаснува,само си клика на тој лап топот и по една-две реченици за секој поднаслов кажува,50 страни ни предаде така а материјалов не е многу лесен.Како и да е се ке поминам ама некој да ме упати на што да се задржам повеќе зашто многу има.
 
гранични услови се паѓаат мнгоу често ..
Петар12345 а за прв кои се тие одредени што се паѓаат? :)
учи од слајдовите на колемишевска за прв колоквиум..
за втор кол или испит мораш од димировски.
прва теорема и втора теорема на љапунов, апосолутна стабилност по Ајзерман и Калман, апослутна стабилност по Попов. овие 4 обавезно се паѓаат на втор кол/ испит.
Ако имаш среќа ќе бидат само овие, ако немаш може да те изненадди со секој можен детаљ од книгата на Димировски
 
Некој може да ми каже од кои предмети се добиваат поени за присутност , а кои не ...Сега за сега знам само Физика дека не е задолжителен.(За прва година зборам)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom