Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не ви е тешко по нешто да ми кажете за некој од следниве професори и асистенти
Математика-Соња Геговска Зајкова,Весна Андова
Физика-Верка Георгиева,Лихнида Стојановска Георгиевска
Основи на електотехника-Леонид Грчев,Благоја Марковски
Програмирање и алгоритми-Аристотел Тентов,Данијела Ефнушева
За Аристотел лоши мислења имам слушнато :confused:
Соња е океј, само кај неа гледај усното да го поминеш на колоквиуми, т.е. неделата пред или после колоквиуми ви е усното, го дава на лист, после тоа на испит ако го оставиш, на табла мораш да објаснуваш, сеа зависи како ти иде тебе, мада полесно е на лист. Ако го положиш усното на колоквиуми а паднеш задачи, натака се до август или додека положиш, полагаш само задачи и обратно мислам беше. Барем вака беше порано. Задачите ако ги дава она се стандард колоквиумски, решавај ги и тие од нејзината книга, неретко се случило да даде некоја и од таму. Весна Андона не ми има предавано, само чувано на колоквиум, кога бев прва замина на докторски студии, други викаат дека била супер а на испит еднаш дојде и на сите им кажа по нешто, ретко кој асистент поткажува, скоро никој.

Верка е пролив божји, физика положи го на колоквиуми, ако има еден испит што мора да се положи на колоквиуми е физика, поготово кај Верка. Теоријата гледај да ја научиш убаво, со објаснување, задачите кај Лихнида оди на консултации ако не ти е јасно, Лихнида е фина многу, не крати бодови за глупости од задачи а и после на увид можеш да извадиш некој бод. Само ти кажав, кај Верка нема прашања како кај другите професорки, учи се`, омилени за на испит да ги дава и се ЗЗИ, дилатација на времето и кинетичка енергија, дали испит дали прв колоквиум, мора да ги има овие. Оди на тестови и на тие домашните што ги правите, иако ги прегледува Лихнида оди па и да не знаеш некое прашање трескај глупости зошто не дека ги чита многу Лихнида кога ги проверува, ќе види пишувано и бод имаш вака така. Многу терсене професорка.

Оди на предавања кај Леонид ако те интересира електротехника, човеков може е флегма и успива ама има знаење па ако ти е интересно, оди, во друг случај, не мораш. Не мораш ни кај Благојче, типот нема врска од објаснување, како завршил електро е мистерија, кај мене се случуваше едно да каже на час, друго на консултации. За ОЕТ 1 и 2, собери уште 2-3ца со тебе и на приватни часови одете кај некоја професорка, со 3-4 часа ќе ви го објасни цел материјал и ќе ви остане само усното да си го научите. Е дека ова е Благојче, замара со усното, мораш и тоа да го имаш пишувано оти не ти го ни прегледува испитот :tapp: Еднаш за ОЕТ2 паметам, една колешка отиде да го праша дали и е океј решена задачата (а идеше на приватни часови) и овој и рекол „океј ти е решена само не знам дали ви кажав вака да ја решавате или го згрешив начинот“ :eek: Само носи му домашна ако даде и на тој тестот зошто се` влага во оценката. И ако планираш да оставиш некој предмет за на испит, ОЕТ е предметот, и така глупости даваат на колоквиуми. Задачите се решаваат шематски, ништо сложено.

Даниела не ја знам оваа мора нова да е некоја прв пат слушам за неа а Тентов мене ми има предавано ЛКДА и КА, лесни задачи ни се паѓаа на колоквиуми и испити, немаше нешто проблеми кај човекот, не знам какво искуство сте имале вие :unsure: Дека знае да забега на предавања и да прави муабет за нешто сосема триесто, да, но не памтам некој од нас да имаше некој проблем со него. Поголеми проблеми имаа другата група со Каневче и Соња, поготово со Каневче :facepalm:
 
Тентов е најдобар професор на факултетот. Мене стварно не ми е јасно зошто толку е гад за сите кога човекот се труди студентите да научат нешто, не да учат колку за да положат.

Чундева се труди, Ташковски се труди, Бабаче се трудеше, Карталов.. а Тентов еден предмет ми предаваше досега, неам големо искуство со него но гледаше за пола саат да предаде се, набрзина и да си отиде. Незнам каде баш се труди. После не ни му одев на предавање исти кур ми се фаќаше. Ни знае да го презентира како што треба материјалот ни да те мотивира да го учиш, баш напротив, те деМотивира.
 
Чундева се труди, Ташковски се труди, Бабаче се трудеше, Карталов.. а Тентов еден предмет ми предаваше досега, неам големо искуство со него но гледаше за пола саат да предаде се, набрзина и да си отиде. Незнам каде баш се труди. После не ни му одев на предавање исти кур ми се фаќаше. Ни знае да го презентира како што треба материјалот ни да те мотивира да го учиш, баш напротив, те деМотивира.

Тентов предава за пола саат она што треба и после има дискусии околу нешто од материјалот. Повеќемината не го сакаат зашто после испит вика на доиспрашување.
 
Тентов предава за пола саат она што треба и после има дискусии околу нешто од материјалот. Повеќемината не го сакаат зашто после испит вика на доиспрашување.

не, повеќемина го мразат затоа што дава никакви задачи, од нигде никаде крати поени.
Незнам за КА и Програмирање, ама за МПС е :facepalm::facepalm:
јас положив ама знам деца поспремни одмене паднаа поради глупостите на тентов.
Имено знам 2јца што паднаа затоа што немаа нацртано копче за ресет на 8085. А задачиве 100% точни.
 
да дополнам тоа што пишав - за задачи ОЕТ, одете кај другите паралелки што се кај Кацарска, другиве се телиња. Таа и ги прави колоквиумите/испитите.

За математика на факсов, Бучкоска е најдобра, ни замара жената ни ништо, нема ни усно кај неа. Ако треба да бегате од некоја, тоа е Јолеска Тунеска, лика и прилика на поимот покондурен сељак.
 
Дечки фала ви многу за информациите,ќе ми бидат од голема корист :)
--- надополнето: 15 септември 2013 во 12:26 ---
Дечки фала ви многу за информациите,ќе ми бидат од голема корист :)
 
Озбилни се со предметов физика во компјутерски игри?
 
Како за прв ден добро беше.Зајкова супер беше,се гледа дека е посветена професорка,не ни осетивме како ни прелетаа три часа.Ама за тоа Верка-отров,а само 45 мин имавме.По монотон глас немам слушнато.Ама ваљда ќе поминеме некако,другиве викаат па Маргарита малце злобна била.
 
Незнам каква е верка ама маргарита кога ми предаваше беше срцка.
 
Незнам каква е верка ама маргарита кога ми предаваше беше срцка.

Марга ептеМ срцка. Цела година ја видов два пати, колку да раздели семинарски на почеток на семестар. Ах да, се појави на полагање... еднаш. Се брои нели?
 
Марга ептеМ срцка. Цела година ја видов два пати, колку да раздели семинарски на почеток на семестар. Ах да, се појави на полагање... еднаш. Се брои нели?

Незнам која генерација си ти, ама 2010/2011 си беше редовна.
 
Би сакала да ве прашам за постапката за префрлување од една паралелка во друга во прва година, кои се вашите искуства и какви се шансите :)
 
Би сакала да ве прашам за постапката за префрлување од една паралелка во друга во прва година, кои се вашите искуства и какви се шансите :)

Се пишува молба до деканат, со платена административна такса и се носи во архива. Е сега, треба да имаш добра причина зашто се префрлаш, инаку нема да ти дозволат
 
некој од прва година ги има клучевите на тоа е курсеви?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom