Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Има ли некој што беше на прв колоквиум по Алгоритми ? Како поминавте? Не ми се верува какви зафркнати задачи дадоа, поготово третата (која не ми изгледа дека може да се реши).
 
Ги гледам резултативе и се чудам... Гледам резултати само од овие шо убо ги познавам, мој резултати немам, ама од ова шо гледам сум ТОТАЛНО разочаран. Пошо ко шо кажав неам мој резултати можам непристрасно да кажам два три збора. Прво, ногу имаше препишвење. Второ, оценката ти зависит само од менталитетот на асистентот, ако не го сакет него од дома ти ја кратит цела задача ради грешен резултат, ако е некој ок ти дават дури и отпојќе бода. По Математика 1, некој добивет полесни задачи некој потешки, (пак) зависит од групата. По ОЕТ, кој кур знам јас шо барат Кацарска за да ги добијаш сите бода на задача ко им кажвит само на нејзинана група, ние другиве слушаме од рекла казала. Чекав сат и 15 минути пред да почнам со испит по истиов предмет, не влијајт то психички и физички? Ебати организацијата.

Не знам и јас точно во кој спаѓам од овие шо ги набројав горе, ама во било кои и да сум, не е фер. Се надевам не сум во овие првиве шо ги набројав зш ке отерам некој у пизду матер...
Заборај го средно, добре дојде на факултет (или поточно на ФЕИТ). Немој да се разочарвиш, сосем нормално е ова шо го имаш пишано. Заборај добивање поени "заради точна постапка". Во секоја задача си е точно прецизирано шо ти се барат и колку да напишиш или пак, на предавања/вежби е кажано. Се дешавало не само шо сум чекал цел сат, туку и да се шетам низ факултет ко теле низ училници, барајќи слободно место. Ќе ти кажам и дека нашиов факултет е меѓу најдобро организираните на УКИМ. На други факултети распрашај се како им е (економски, филолошки, правен...).
Ама те сфаќам, знам како ти е. Ист бев и јас ко тебе, ама ќе се навикниш за брзо... Поздрав
 
Сега сум четврта година средно и планирам да се запишувам на електро па прашањето ми беше дали е исто што ке одберам математика или англиски, програмирање/дигитални сеситеми/автоматика и дали ке одберам информатика или неш сосема друго ?
 
Екстерните предмети мораат да бидат, покрај мајчин јазик, математика основно ниво. Електро без математика нема шанси, така да тоа е задолжително.
 
Еден од интерните обавезно да си земиш информатика лесен е и мислам имаше нешто предност а за втор англиски или физика најубо, добро не мора физика
 
Колеги, вториот колоквиум по Структурирано програмирање ќе биде заeдно со останатите предмети или и овој пат ќе направат некако да го изделат посебно?
 
Екстерните предмети мораат да бидат, покрај мајчин јазик, математика основно ниво. Електро без математика нема шанси, така да тоа е задолжително.

имаш шанси и без математика(јас би ти препорачал да си земиш математика оти доста зафркнато е математика)ама дури на втор уписен рок на прв нема ни документите да ти ги земам ама рачунај си дека ики немаш шанси на втор пошто уште на прв се полни:)јас бев со англиски и еве сум на ФЕИТ:) без проблем во втор уписен рок.
 
ИКИ и ИНФО (државна и приватна) се полнат фул и тоа има и одбиени кандидати уште на прв уписен, на КСИА и ТК останува по некое место државна, приватна колку сакаш а на другите смерови дури и по третиот уписен рок остануваат празни места. Барем оваа година беше така. Зависи каде сакаш.
 
И ти си на електро?Јас сум 1ва,ама од 6то одд ми е желба електрото,ИКИ.И малце нубско прашање,ама кои се интерни а кои екстерни предмети?
 
И ти си на електро?Јас сум 1ва,ама од 6то одд ми е желба електрото,ИКИ.И малце нубско прашање,ама кои се интерни а кои екстерни предмети?
Интерни (оние кои ги прегледуваат професори од твоето училиште)
Екстерни (оние кои ги прегледуваат професори од други училишта)
 
Колеги, вториот колоквиум по Структурирано програмирање ќе биде заeдно со останатите предмети или и овој пат ќе направат некако да го изделат посебно?
Во втората колоквиумска недела нема да има вадење на предмети. Нема кога. Се' треба да заврши пред Нг.
 
22-23 декември најкасно. На 31ви треба е последниот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom