Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Се положува само со прашањата? :)

Не, по 50поени носат и задачите и прашањата ... кај Верка малку е зафркнато со теоријата, сака да е се од збор до збор како што е во учебникот.
 
Знае некој кај можат да се видат термините за полагање на прв колоквиум??
 
Ова е апсолвентски распоред, гледаш, уште по старата програма се водат :D, ET, КТИА :)

Де сврти поназад имаше распоред линковано. Иначе Џену во која паралелка си?
 
Може ли некој постар (и така љубезен) колега, ТК или КСИА, да ми одгатне што онака е поважно на прв колоквиум од 2, пошо книгата има 160 страни, а едно прашање (се работи за Електроника 1, а би ценел ако добијам слични информации и за Основи на мерна техника).

Збор два за бруцошите (освен ИНФО):
1.Математика 1: Не се паѓаат скроз истите задачи на колоквиум во сите паралелки. Најчесто има 4 задачи. Очекувајте Математичка индукција (неравенство), Апсолутна вредност (неравенка), Вектори во (но и не мора) комбинација со Аналитичка геометрија, и Низи (мислам за конвергентност). Усното е посебна приказна кај секој професор. Имам разбрано дека кај Боро Пиперевски (т.е. Б паралелка), ако положиш задачи не полагаш усно. Најтешко е веројатно кај Кујумџиева-Николоска (али барем ја нема ученичката нејзина Санева). Гледајте ова на колоквиуми да го положите (иако можеби задачите се полесни на испит), ама па на испит ве чека фаталното усно. Но, како што реков, кај секој професор е различно...
2.Физика 1: Се паѓаат 5 задачи и 5 прашања. Ако ја имате збирката задачи од 3те професорки, бидете сигурни дека една задача од таму ќе се падне на колоквиум (али мислам дека Верка си праи свои задачи за нејзините студенти). Исто така можно е некоја задача за 10 или 15 поени да се падне од оние што се решавани од асистентите на аудиториски вежби. Ако имате среќа Тања да ве чува, на коњ сте :) Веројатно ви го спомнале влезниот колоквиум за лаб вежби (ако не го положите, нема да правите лаб вежби, без нив, нема потпис бла бла бла)... Нема такво нешто. Единствено што треба е да си прочитате од практикумот за наредната вежба (иако пред да влезете во лабораторија, ништо нема да ви биде јасно).
3.Основи на електротехника 1: 3 задачи на колоквиум. Можно е една задача да ви се падне од збирката (или слична). Теорија: Гаусов закон, Работа на ел. сили, Потенцијал, Гранични услови (текст, слика и изведување)... Во принцип Кацарска кажува што ќе има од теорија на колоквиум...
4.Структурирано програмирање - 4 задачи, од кои првата е главно if-else (или со switch-case ако ви е полесно), потоа нешто со бројки во стилот: Од тастатура се внесува број, програмата треба да го испечати истиот број, но во обратен редослед на цифрите, плус некоја цифра вметната, итн... Нема теорија...

Непишано правило: Математика и Физика пројдете ги на колоквиум, ОЕТ и СП се проаѓаат и на испит.

Прашања?
 
Може ли некој постар (и така љубезен) колега, ТК или КСИА, да ми одгатне што онака е поважно на прв колоквиум од 2, пошо книгата има 160 страни, а едно прашање (се работи за Електроника 1, а би ценел ако добијам слични информации и за Основи на мерна техника).

Алал да ти е ако планираш да ја учиш теоријата по електроника. Јас би ти препорачал да ги научиш задачите и друго да не береш гајле оти и без теорија се положува. За ОМТ единствено што можам да ти препорачам е да не ја учиш третата тема (онаа со 2000 равенки). Ептен ретко се има паѓано како теориско прашање и башка малце е потешка за разлика од другите, но се среќава во задачи. Нема шеми по ОМТ во смисол научи ја таа и таа лекција и не бери гајле. Гледај на првиот колоквиум да поминеш подобро оти вториот ти е полн со шеми кои мора точно да ги нацрташ оти без или со згрешен цртеж Гавро не ти дава поени
 
Некаде во темава прочитав дека задачите ОМТ се истите што ги решаваме на вежби. Точно е тоа? Иначе теоријата по електроника горе доле ја сфаќам (бидејќи имам средно техничко завршено, али има еден куп равенки). Во секој случај и овие информации се добредојдени. Благодарам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom