Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
И некој од поискусните да каже што професори се ова:

структуирано програмирање - Лошкоска Сузана, Тројчанец Катарина
Физика 1 - Спасевска Христина, Лихнида Стојановска-Георгиевска
Математика1 - Бучковска Анета, Андова Весна
Основи на електротехника - Марија Кацарска
Англиски - Златкоска Марија

Ми кажавте за овие, сега само да слушнам мислење за професорите и асистентите од последната група, пошто се мислам да се префрлам опради слободниот ден петок(кај нас е вторник), па да не згрешам со професорите:

структуирано програмирање - Трајановски Стојан, Чорбев Иван
Физика 1 - Георгиева Верка, Лихнида Стојановска-Георгиевска
Математика1 - Геговска-Зајкова Соња
Основи на електротехника - Митрески Коста, Наумоски Андреја
Англиски - Златкоска Марија

п.с. И Физика 1 кај се држи, кој кабинет?
 
Од овие професори и асистенти сум имала искуство со Георгиева Верка, физика1 и физика2 ми предаваше. Маана и беше што многу тивко зборуваше а бидејќи предавањата ги слушав во амфитеатар ако седнеш некаде подалеку знаеше да е малку проблем ако сакаш убаво да слушаш. Воглавно мислам дека е добра професорка што не правеше проблеми на студентите, инаку е најстара на таа катедра со најголемо искуство. Асистентка не ми беше Лихнида, ми беше Ласко Баснараков, но мислам дека и Лихнида е ОК. Знам сега ќе ви организираат ако е како што беше претходно влезен колоквиум за лабараториските вежби, од таа скриптата со лабараториските вежби ќе треба да ги простудирате направите со кои после се прават вежбите со цел лабараториските вежби да почнат со веќе некои предзнаења за полесно да се одвиваат. Влезниот колоквиум не е страшен, без гајле.
Коста Митрески е супер човече, немал мислам апсолутно никогаш проблеми со некои студенти, гледа да се заврши работата што побрзо, секогаш е расположен да те прими на разговор, консултација, нема да имаш никаков проблем кај него. Овој Андрија не го знам, но не би требало да е некој проблематичен асистент кај Митрески Коста.
Златкоска Марија многу ме нервираше, придаваше толкаво значење на нејзиниот предмет мислиш научна дејност кузнае колкава. Покрај сите предмети од прва, таа ми беше единствена што водеше евиденција апсолутно секој можен час кој е дојден и ако имаш повеќе минуси автоматски имаш пониска оцена. Многу ми беше арогантна и дрска и воопшто многу ме нервираше. Јас во прва година поради оперативен зафат отсаствував од настава и иако имав скоро максимум поени на испит ми стави 9 поради отсуството, бог да чува. Ако си ептен активен на час и ако се експонираш може и од испит да те ослободи, ама треба да си стварно активен и нон стоп со тоа раката крената за читање раскажување и тие работи. Мене тоа ме потсетуваше на петто одделение, немаше шанса да се трудам на тој начин да се експонирам пред други 100 студенти... а и ретки се таквите што стигнале до прва година а не знаат добро англиски. Така да ако сакаш да се експонираш ќе се откачиш полесно од кај Марија. Другиве не ми предавале...

Се надевам малку ти помогнав :smir:
 
Чорбев е супер проофесор
Зајкова исто така е супер професорка
Коста Митрески и Наумовски Андреја не се замараат со факултетот и немаат појма од ништо :) ако одиш на предавања и вежби кај нив е губење време така да не оди :)
 
Ice, продеканот кажа дека бидејќи сме биле многу нема да смее да се префрламе.
 
Иначе да додадам, за Весна Андова стварно е голем намќор не сфаќам што мисли дека ќе постигне со намќорење, ептен ме нервираа такви на факултетот. Кај млади па и такви уште од почеток ко да им е смачено, па ако им е смачено што не одат да се занимаваат со друго, а не тука со жива материја. бог да чува.
 
Некој збор за Колемишевска - Гугуловска д-р Татјана ??
 
Д група, петок слободен, ама попладне настава. Ајде се јади некако. Ајде че истуркаме ако имаме желба и воља, професорите горе-долу тоа е, секаде има секакви, па пак завршиле деца, па и ние нема.
 
Д група, петок слободен, ама попладне настава. Ајде се јади некако. Ајде че истуркаме ако имаме желба и воља, професорите горе-долу тоа е, секаде има секакви, па пак завршиле деца, па и ние нема.

Хех, дознај прво кога ќе имате лабораториски, па после пофали се дека Петок ви е слободен ден.
 
Златкоска Марија многу ме нервираше, придаваше толкаво значење на нејзиниот предмет мислиш научна дејност кузнае колкава. Покрај сите предмети од прва, таа ми беше единствена што водеше евиденција апсолутно секој можен час кој е дојден и ако имаш повеќе минуси автоматски имаш пониска оцена. Многу ми беше арогантна и дрска и воопшто многу ме нервираше. Јас во прва година поради оперативен зафат отсаствував од настава и иако имав скоро максимум поени на испит ми стави 9 поради отсуството, бог да чува. Ако си ептен активен на час и ако се експонираш може и од испит да те ослободи, ама треба да си стварно активен и нон стоп со тоа раката крената за читање раскажување и тие работи. Мене тоа ме потсетуваше на петто одделение, немаше шанса да се трудам на тој начин да се експонирам пред други 100 студенти... а и ретки се таквите што стигнале до прва година а не знаат добро англиски. Така да ако сакаш да се експонираш ќе се откачиш полесно од кај Марија. Другиве не ми предавале...

Се надевам малку ти помогнав :smir:

Не е потребно експонирање до тој степен да креваш рака на секои 5 минути за се и сешто и да седиш во прва клупа. Ќе ви дадам некои совети што се надевам ќе ви користат и ќе ви помогнат да бидете ослободени од испит. Прво : ќе инсистира да си ги пишувате имињата на лист и да ги кревате кога ќе сакате да кажете нешто. Кревајте ги листовите првите 2-3 часа, а после изгубете ги мистериозно и кревајте рака без лисчиња. Секојпат ќе ве прашува како се викате и по некое време ќе ве научи како се викате, што е и поентата. Ако не ве знае кој сте, нема да ве ослободи. Второ: кревањето рака на секое нејзино прашање е апсолутно непотребно и бескорисно. Доволно е еднаш да кренете рака на било кое прашање за да добиете плус, при што тука не важи тоа „колку одговори, толку плусеви“, него еден одговор = еден плус и тоа е максимум. Кренете рака на некое дебилно прашање и одмарајте цел час ( последната клупа ви е одличен избор за седење, верувајте ми на зборот ). На крајот од часот постојат големи шанси да постави прашање со кое треба да се отвори дискусија, да се разменат мислења или едноставно да се глупираат студентите. Овде кревањето рака ви е од голема корист од причини што колку и да ви е дебилно мислењето добивате +1 поен кој влегува во финалната пресметка на оцени, што значи 10 дебилни дискусии = една оцена повеќе. Значи, кренете 2 пати рака во текот на тие 90 минути и имате 1 поен и еден + ( не знам еден поен колку плусеви беше ), башка може и да заработите ѕвездичка ако веќе ве знае по име и имате граматички коректен одговор. Две ѕвездички и ослободени сте од испит.

За останатото што го кажа, 100% се согласувам. Единствено подосадни и пофрустрирачки предмети (а воедно и професор и асистент) е СИС/ОДПС/ДПС, ама да го расипуваме изненадувањето за колегите од ТК, ЕРПС и КСИА, ќе си видите сами

P.S. Ако ве праша „Дали знаете како ми го преведоа WWW (World Wide Web) ?“, одговорете и „дивата страна на светот“. Еден колега го направи ова. Изразот на лицето на Марија = priceless :smir:
 
(како што разбрав..) Овој распоред што ми е веќе даден ќе биде надополнуван со уште ПЛУС срања наречени "лабораториски вежби"???
 
(како што разбрав..) Овој распоред што ми е веќе даден ќе биде надополнуван со уште ПЛУС срања наречени "лабораториски вежби"???

програмирање
физика
електротехника

секоја недела по 1 лаб, вежба која трае 90мин без пауза..

хахаха позз
 
програмирање
физика
електротехника

секоја недела по 1 лаб, вежба која трае 90мин без пауза..

хахаха позз

И што ќе ти ги стават во најглупите можни термини у смисол 8 сабајле на слободен ден
 
Ми кажавте за овие, сега само да слушнам мислење за професорите и асистентите од последната група, пошто се мислам да се префрлам опради слободниот ден петок(кај нас е вторник), па да не згрешам со професорите:

структуирано програмирање - Трајановски Стојан, Чорбев Иван
Физика 1 - Георгиева Верка, Лихнида Стојановска-Георгиевска
Математика1 - Геговска-Зајкова Соња
Основи на електротехника - Митрески Коста, Наумоски Андреја
Англиски - Златкоска Марија

п.с. И Физика 1 кај се држи, кој кабинет?
Чорбев ти е супер професор, убо знајт да ти предајт, а и предавањата немат да ти се досадни, пошо знајт по некоја заебанција да стресит.
Зајкова е исто многу добра професорка, и таа многу убо објасвит, усното и е релативно лесно (за разлика од друго место), а и мислам дека фер е за оценки.
Коста не дека не го знајт материјалот, туку не се замарат многу со факултетот. Можит незнајт убо да ти го пренесит то шо сакат да ти го кажит.
Андреја... Немам коментар, ќе го видиш на првите вежби. Ако имаш нешо научено, тој наученото сарма ќе ти го напрајт, се ќе ти измешат.
Физика предавањата се исто како и со другите предмети (или со бројки - 211,223... или во некоја барака - б1,б2,б3), а лабораториските вежби ( со нив ќе почните малку покасно) се во лабораторија, или наспроти бифето или кај спортската сала

--- надополнето ---

Ајде мене некој нека ми помогнит со професориве/асистентиве:
Билјана Начевска
Петар Лазов
Цветан Гавровски
Љупчо Караџинов
Софија Богданова
Весна Ојлеска
Томислав Карталов
Марија Чундева
Татјана Колемишевска
 
ај едно математичко прашање :)

има 5 паралелки(А,Б,В,Г,Д) и сите имаат по околу 90 студенти. Секоја паралелка си има свој распоред на часови и бр. на училница каде ќе биде одржувана наставата. Е сега, како може 90 студенти да имаат ист распоред? по 90 студенти собираат тоа училниците? Сум ги видел и макс 40 може внатре да се пикнат, или пак има некоја финта...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom