Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
И јас така мислам, плус ќе се пријават еден куп луѓе, а во огромни групи ништо не се работи :toe:
Ова ќе го осетиш кога ќе ве лупнат 100 луѓе во една просторија без доволно столчиња, па кој ќор, кој глув што имал среќа да седне позади...прв семестар е пекол. Во втор веќе се расчистува гужвата, кој се откажал, кој отишол на Машински, кој на Инфо. Во втора година веќе има атмосфера за работа, но не и на ИКИ, таму уште се по 100 души во просторија.
 
Ма не идете на подготвителните што се, џабе фрлени пари се.
 
епа идни колеги да не одиме на подготвителни а? ама физика мислам добро ќе дојде :toe:
 
Другариве што беа на подготвителните, ама баш ништо не се подготвија:)
 
Ајде ако има некој од Енергетските насоки шо имал мерења во електротехника од Владимир Димчев, барам испитни од последните 3/4 испити или некое од теоретските прашања. Полагам у среда па да знам од прилика шо има почесто.

Thx....
 
А овие курсеви што ги спомнувате кој ги држи, некој од асистентите или онака некој и дали се држат на факултетот? Јас сакам да одам на тој по физика бидејќи доста испуштив од материјалот во 3та и 4та година....
 
А знаеш ли дали има голема заинтересираност КОЛЕГА :):wink:

Па јас ги предадов документите на вториот ден попладне , и имав број 364, така да од тие 360 души 200 од прилика конкурирале за ИКИ , на КСИА обично има помала заинтересираност, иначе оценките ми се шаренило некаде 65 бода максиум па ќе видиме...
 
А овие курсеви што ги спомнувате кој ги држи, некој од асистентите или онака некој и дали се држат на факултетот? Јас сакам да одам на тој по физика бидејќи доста испуштив од материјалот во 3та и 4та година....

Јас не бев на овие предавања, но ми кажаа дека физика ако си испуштил во средно, на овие неколку часа можеш доста да надоместиш и дури работите ќе ти бидат појасни кога ќе почнеш со материјалот во прва. Предавањата ги држат професорките по физика.


А постарите да ги известам дека можно е да има казнена, после 26ти ќе се знае сигурно. :smir:
 
дали некој знај кога точно почнуваат курсевите кај треба да се пријавиме и што се е потребно за пријавување.
 
Јас ќе се избацам со еден небруцошки муабет.

Ко ќе излезит инфо за казнена, без разлика дали позитивно или негативно, молам да ми го проследите на профил или во сандаче. Киска. :)
 
Ајде колеги ви пожелувам многу среќа (бидете сигурни дека ќе ви требит) и нека ви бидит со лесно. Се гледаме од септември по ходницине и во бифе. Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom