Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
И така.Слободната среда ми се претвори во лабораториски по структурирано,консултации физика и математика. :nesvest:
Има некој 7?
 
Лабаротириските вежби секогаш ќе ти бида во слободниот ден или после завршување на наставата .. така да сега овој семестар турбо дизел ќе ни биде :)) има да работиме како црнци .. подобро ќе ни биде капм да отвориме пред електро да не си одиме накај дома :) А ме буни што Физика немаме лабаториски .. од таму да чариме уште некој бодови :) Оти вака не ми мириса на убаво .. кизнеј како ќе биде :) и дали некој знае кој ни се условни предмети за втора?
 
Мислам оти секоја насока си има посебни условни.Мене на пр. ми се математика и ОЕ.:tapp:
Ама не сум сигурна.
 
А ме буни што Физика немаме лабаториски .. од таму да чариме уште некој бодови

Како бе немате лабораториски физика?

и дали некој знае кој ни се условни предмети за втора?

Секој предмет од трет па нагоре семестар си има свој предуслов за кои предмети треба да ги имаш положено/ислушано. Табелите со предусловите ги имаш на сајтот.
 
За инфо уште нема групи по ништо? Асистентот по програмирање ставил грешни групи со други студенти...
 
Ајде сите што беа на журката нека кажат како си поминаа? :)
 
Ајде сите што беа на журката нека кажат како си поминаа? :)
ТИЊА!!! Овие Funky Punks цело време свиреа некои рок/метал песни, па поголемиот дел од времето го поминав надвор. Пиењето беше позитивната работа од журката. Иначе, од Бруцошка забава, ни "Б" немаше. На прсти се броеја бруцоши. Све некои или 2ра, или 3та, или апсолвенти, или некои дипломирале пред 2 години, или од друг факултет... ХАОС. И да не отидев немаше да ми биде криво.

Некое друго мислење може да пишете?
 
А влезниот колоквиум физика кога ќе биде да не знае некој??:kesa:
 
За инфо уште нема групи по ништо? Асистентот по програмирање ставил грешни групи со други студенти...
Не се грашни или други студенти .. тоа се студенти кои слушаат по втор или кој знае кој пат :) :) а за тоа дека за ИНФО нема не сум запознат .. оти го прашавме асистентот зошто се некој подвлечени т.е. обоени со друга боја некои студенти

Како бе немате лабораториски физика?



Секој предмет од трет па нагоре семестар си има свој предуслов за кои предмети треба да ги имаш положено/ислушано. Табелите со предусловите ги имаш на сајтот.

Е па така до сега сме немале одржано физика лабараториски вежби и не знаеме групи .. а тоа дека има на сајтот зависни предмети видов и не ми беше јасно што како .. но еден колега ми кажа дека за мојот смер ЕЕиУ дека математика I и II ми влечел три предмети .. а основи I и II ми влечел еден предмет .. така да прашав да се осигурам со тоа дали е така :)
 
а тоа дека има на сајтот зависни предмети видов и не ми беше јасно што како .. но еден колега ми кажа дека за мојот смер ЕЕиУ дека математика I и II ми влечел три предмети .. а основи I и II ми влечел еден предмет .. така да прашав да се осигурам со тоа дали е така :)

На табелата, предметите од горе се услови за предметите од лево. П - положен, И - ислушан. Само мој совет, ако во случај не успееш да исчистиш се на време па мораш некој да презапишеш, погледни си ги и условите за предметите од 5ти/6ти семестар. Може да се случи, иако имаш иста бројка на предмети од втора запишано наредната година (пример зависно дали си положил математика или основи на електротехника), да неможеш да запишеш скоро ништо ново во твојата трета студиска година. Може сега да те буни ова што го кажувам, но верувај, ако не внимаваш на време може да ти се случи да преспиеш цела година со се на се некои 4 запишани предмети (нормално, ова не важи за тие што положуваат на време).
 
Не се грашни или други студенти .. тоа се студенти кои слушаат по втор или кој знае кој пат :) :) а за тоа дека за ИНФО нема не сум запознат .. оти го прашавме асистентот зошто се некој подвлечени т.е. обоени со друга боја некои студенти
Добро е одкако му пративме меил на асистентот дека се грешни, стави нови табели со вистинските групи:D
 
Добро е одкако му пративме меил на асистентот дека се грешни, стави нови табели со вистинските групи:D

Групиве важат само за СП, или за сите предмети по кои имаме лабораториски?
 
Луѓе знаете ли нешто за IEASC организацијата?
Мене ми кажаа дека преку нив сме можеле да идеме на пракса во странство.
Нешто поопширно знае ли некој?
 
Yahoo групата сум ја заборавил, како беше ако знае некој ? :)
 
Yahoo групата сум ја заборавил, како беше ако знае некој ? :)

Секој предмет различна група....
Тоа што ти треба, барај во yahoo->groups->search->име на предмет/група пример etf_osvi или feit_osvi ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom