Како тоа застарува и губи вредност? Ако моментално нема софтвер што графичката ти ја става на колена, дури и ако веќе 2 ипол години ти е на пазарот, тоа значи дека графичката ти застарува или дека софтверот стагнира? Која е поентата да извадиш нова графичка, да ја продаваш по цена на старата (а на старата ете ѝ ја спуштиш цената), кога воопшто нема да ги натераш (излажеш) корисниците да ти ја купуваат новата ако со старата може да ги играат сите игри.
Јас не би дал ич за таа графичка, затоа што во нејзин ценовен ранг е GTX 970 која што е подобра во секој можен аспект, освен минимална разлика во перформанси. Токму GTX 970 е графичката што ја поседувам од лани кога купив нов компјутер. За тоа колку е таа најуспешната карта во последниве 10 години доволно е да го видиш ова:
http://www.techspot.com/news/63497-steam-hardware-survey-gtx-970-most-popular-gpu.html
Моментално е багнат Steam и не ги покажува новите графички, па не можам да ти покажам како е, но сигурен сум дека уште е така.
Но, целокупно земено, R9 290x би требало да чини околу 18.000 денари. Има многу недостатоци, но не е лоша карта.