Читајќи го овој форум и разни форуми, дојдов до заклучок дека омега 3 обична не врши работа туку за да го добиеш она антиинфламаторно дејство на омега 3 треба да земеш појакички дози. И срчав и дојдов до овој суплемент, приметувате, скоро 6000 позитивни коментари, нема промашај. Не дека е прејак во споредба со обичната омега 3, туку едно апче од ова е као две(три) апчиња обична омега што се наоѓа во било која обична аптека.
Се '' труев '' три недели
Ова е твојот проблем
обичен магнезиум не ти е доволен, омега од аптека не е доволна...
се предозираш со суплементи и сам си правиш проблеми
прво, треба да видиш кое количество ти треба и колку лесно се апсорбира
потоа да видиш кој суплемент со што не се меша, па дали од суплементот се ствара резерва во телото, за да знаеш колку често да го пиеш итн
Ама да, се согласувам дека освен ако немаш здраствен проблем или некој дефицит, нема потреба од суплементи.
ама еве ти и и со здравствен проблем си успеал да се предозираш

. Но пред 2-3 месеци почнав да се „спремам“ за сезоната на вируси. Како за почеток избацив се од тесто (леб, пици, кифли, тестенини), а како замена за доручек воведов овесна каша во која најчесто мешав со семиња, гоџи бери, аронија и мака, додека претходно доручекот ми се сведуваше на пекарски производи. Плус како додаток во текот на денот пред ручек пијам спирулина, а после ручек куркума. На вечер пред спиење Магнезиум со Б6, а во текот на денот знам да се напијам и Цинк+Витамин Ц и Д3. Како што реков слабо бев отпорен на вируси и меѓу првите бев кои се разболуваат секоја сезона, а така фатив и корона уште на почетокот кога се појави, прв на работа. Па еве проценете сами дали се ова многу суплименти, зошто и јас самиот не знам што да кажам, дури и жена ми се чуди