Facebook vs Google+ vs Twitter

  • Креатор на темата Креатор на темата Boom Boom Ciao
  • Време на започнување Време на започнување
Ма на фејбук више го иступеа со она фразине и сликине.... се прават мангупи, фраери на фб а у рил лајф сосема спротивно.
 
И 2те , Твитер помалце само :)
 
Целата работа е што Фејсбукот го користат премногу ретард лица,се викам нема ништо да ме изненади кога оппп еве ти ја најдебилната работа.Го користам само од причина што таму има лица со кои контактирам,колешки од факс и слично,инаку штое претерано е претерано ама нема што да се прави,освен да се гледа сеир.
 
kaј нас трачарски народ додека не види слика и шо му коментирале не му се свиѓа ништо.
 
да да :) hi5, hibalkan, леглото на порнографија prijateli.com.mk, мој мир
гласав за facebook, иако имам и twitter ама никогаш не го користам......
 
Ја имам и фејсбук и твитер ама само на фб сум активна. Некако уште не можам да му влезам во шема на твитерот :rolleyes:
 
Гласав за двете зошто двете ги користам...фб го користам повеќе за дружба со пријателите а додека Твитер го користам за споделување на линкови од мојот блог и по некој интересн статус...на твитер имам јас лично доста македонци повеќето од нив се занимаваат со информатички технологии...мора да спомнам дека твитер кај нас го користат поинтелектуални фаци :)
 
Твитер нон стоп, а фејзбук само за чат.
 
Која социјална мрежа повеќе ја преферирате?

1. Фејсбук. Затоа што има премногу интересни, забавни и корисни опции, достапен е за сите кои треба да имаат пристап на интернет (13+ год) и не е ограничен. Секој може да си пронајде забава која што му одговара, на пример на некој му се допаѓаат игрите, на некој опциите во профилите, на некој лајковите и коментарите, на некој сликите, на некој sидот. :D Секој може да си подеси како сака и што сака да гледа/прави. Приватноста се почитува и не е задолжително профилите да бидат јавни.

2. Гугл+. Нова социјална мрежа, копија на фејсбук со мали измени ( кругови наместо пријатели) кои пак се копија на твитер (следачи). Едноставен дизајн, помалку опции и не секој може да си ја најде забавата таму. Гугл+ најверојатно има за цел да привлече дел од љубителите на фејсбук и дел од љубителите на твитер. Има ограничување на возраста (18+ год) и дел од профилите (име и пол) мора да биде јавен.

Мојот избор дефинитивно е фејсбук. Ако нешто не ми се допаѓа, постои опција скриј, избриши од пријател и блокирај. Како што кажав погоре гугл+ е копија на фејсбук и твитер и тоа ни малку не ми се допаѓа. Можеле да се потрудат да смислат нешто ново со кое ќе ги привлечат корисниците, како што фејсбук ги привлече корисниците на хајфајф со многу повеќе опции, подобар изглед итн.
 
Не би рекол копија би рекол некој хибрид дека е google+ од фејсбук и твитер ;)
 
Не би рекол копија би рекол некој хибрид дека е google+ од фејсбук и твитер ;)

Демек сакаат да кажат, сето тоа што досега го имавме на две различни социјални мрежи, сега го имаме на една. А тоа што тие мрежи нудат многу повеќе опции и имаат дизајн светлосни години подобар од нивниот производ, тоа не е важно така?
 
Демек сакаат да кажат, сето тоа што досега го имавме на две различни социјални мрежи, сега го имаме на една. А тоа што тие мрежи нудат многу повеќе опции и имаат дизајн светлосни години подобар од нивниот производ, тоа не е важно така?
Мене мие ок дизајнот а и уште е во некоја си бета верзија така да ќе се изменуваат работите уште и постави и анкета во темава да се гласа :D
 
Фејсбук.
Фејсбук е добар, одличен е за оние што знаат да го користат, не е тој крив што се појавиле изопачени, ретардирани умови кои не умеат да го користат.
Гугл+ е само бледа копија, која наскоро ќе ја снема иако беше најавувана ко голем ривал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom