Машко, никој не те обврзува да дремиш на FB... како апликација е доста корисна за контакт со роднини/пријатели кои што се во подалеку и немаме можност да се гледаме секој ден.
ај сега малку да ти подраздробам и образложам...
А дека дремат петок сабота на FB наместо да се излезени точно е, но подзамислисе малку од каде е сето тоа произлезено... Има потреба да ти спомнам дека со 500 денари низ Скопје ќе излезиш просечно една вечер? Па ако ти се соберат 6 излегувања во месецот, тоа ти е 3000 денари минимален трошок само за шетање во викенд. Недај боже да помислиш кафана повеќе пати. Но, каде се тука останатите денови? Во остатокот од неделата или си на работа/школо или си невработен и седиш дома сеедно, но сакаш да се напиеш кафе сокче со колеги другари, бла бла бла... доаѓаме до моментот дека една просечна плата од 250 евра пола и повеќе оди на трошоци за шетање. Е затоа почнаа младите да седат дома и да се организираат собиранки кај мене, кај тебе или кај некој трет дома... Погледај малку подлабоко во суштината на проблемот, дремењето на FB не е причина, дремењето на FB е последица на се што се дешава во државава....