- Член од
- 8 април 2008
- Мислења
- 6.419
- Поени од реакции
- 776
Малце треба да разграничиш некои работи.Фала, добро е тоа со различни промоции, некако цело време ми беше зацртано дека треба во една да опфатам сѐ
Не сум размислил прецизно таргетот кој ми е, има нешто за продавање (сликовници, ракотворби итн.) , има и содржини за деца (песнички, направи сам проекти..). Меѓу активните фанови има и некои постари жени (баби) што се доста engaged - лајкуваат и коментираат често, на профилни и ковери имаат слики од внучиња. Сега за сега ќе појдам од тоа дека таргет ми се деца.
Таргет Деца, Ок. Под 13год неможеш да таргетираш, нема Деца за сликовници и песнички (децата помали од 13год имаат лажни профили и неможеш реално да ги таргетираш, тие не се ни потрошувачите.)
Таргет ти се Мајки и Баби, неможеш комбинација од години, па затоа 1 кампања 25-40, друга 50-65+
Ќе таргетираш во двата случаи ЖЕНИ (поголеми се шансите тие да купат Песничка, сликовница и сл. одколку Мажи)
Како „зачин“ можеш да додадеш некој Интерес, а и пожелно е за да го конкретизираш таргетот.
Тие Баби и Мајки, ако имаат внуче / внука / внук / син / ќерка заедничко ќе им биде, Познат бренд за Детска облека, познат бренд за Детски Играчки / Детски игри и емисии и сл.
Ова ти е таргет.
Во поголем број на случаји, таргет е тој што плаќа
Последно уредено: