Уште 4 кола остануваат до крајот на сезоната во ПЛ.
Ливерпул треба да игра уште против Њукасл, Вест Хем, ВБА и Тотем(евреите).
Манчестер треба да игра против Мидлзброу, Манчестер Сити, Виган, Арсенал и Хул.
За противниците на Ливерпул.
Њукасл - Моментално се наоѓа на 18 место и грчевито се бори за опстанок. По натпреварот без голови на СЏП против Помпеите сите почна да го замислуваат Њукасл во Чемпионшип. Последна шанса им е против Ливерпул да извлечат поволен резултат(победа или реми) за да си ги зголемат шансите за опстанок. Сигурно на Ефилд нема да излезат на теренот и да се откажат од бодовите. Напротив, очекувам Ширер да ги мотивира силно и да им даде знаење на Ливерпул дека тие не се клуб за пумпање на бодови и гол разлика.
Вест Хем-Аспирант за Европска Лига. Зола со неговиот Вест Хем успеа на Енфилд, Бриџ и Емирати да остане непоразен, но на домашен терен загуби и од Јунајтед, Арсенал и Челзи притоа без да постигнат гол. Мотивацијата нема да изостане, особено ако се знае дека играат на домашен терен против Ливерпул.
ВБА- Малбреј сеуште верува во опстанок на неговиот тим. Моментално се на 20 место, шест бода од 17 место. Сигурно ќе сакат да се докажуваат пред сопствената публика дека сеуште постои надеж за опстанок и три бода против Ливерпул.
Тотем(евреите)-Уште еден клуб аспирант за Европска лига.Имаат само еден пораз од големата четворка. Сигурно ќе се погрижат да остане така и по гостувањето во Ливерпул.
Доколку Ливерпул ги победи сите овие натпревари тогаш на Манчестер Јунајтед ќе му требаат 10 бода односно три победи и едно реми од пет натпревари.
За противниците на Манчестер.
Мидлзброу- По поразот од Арсенал драстично ги намалија шансите за опстанок. На натпреварот против Манчестер ќе сакаат победат и ќе напаѓат, но со тоа ќе им остават простор на фудбалерите на Манчестер во контра нападите. Верувам во победа на Манчестер.
Манчестер Сити- Градско дерби ништо не се знае. Скорот на Сити на гостински терен е катострофален и верувам дека тоа Манчестер Јунајтед ќе го искористат и ќе победат.
Виган- Дефинитивно единствен клуб кој не се бори за ништо. Во ПЛ нема постигнато гол против Манчестер, а камоли да има бодови. Овој е единствениот натпревар каде што победата на Манчестер не е доведена во прашање. Плус тоа моментален менаџер им е Брус, поранешен играч на Манчестер Јунајтед.
Арсенал- За Арсенал овој натпревар ќе биде борба за пресиж. Ако Манчестер ги победи предходните натпревари на овој натпревар ќе му биде потребно бод за да бидат шампиони.
Хул-И на ним победата им е неопходна во борба за опстанок исто како и на Манчестер. На првиот натпревар загубија со 4-3 на Олд Трафорд. Но сепак мислам дека квалитетот ќе го реши натпреварот кој e несомнено на стрaната на Манчестер.
GLORY, GLORY MAN UNITED