F.A. Premier League

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар англиски клуб?


  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.
Мерете си ги на друга тема, овде не.
 
Гостувањето на шампионот Манчестер Јунајтед кај Мидлсброу е натпреварот кој привлекува најмногу внимание од 35-то коло од Премиер лигата.
Мидлсброу само со победа утре против првакот ќе може да се надева дека ќе го избегне испаѓањето од лигата.
Во другите саботни натпревари играат:
  • Манчестер Сити - Блекбурн
  • Челзи - Фулам
  • Портсмут - Арсенал
  • Тотенхем - ВБА
  • Виган - Болтон
  • Стоук - Вест Хем
Неделните термини се резервирани за:
  • Ливерпул - Њукасл
  • Сандерленд - Евертон
Во понеделник играат:
  • Астон Вила - Хал
Табела:
  1. Манчестер Јунајтед 77 (натпревар помалку)
  2. Ливерпул 74
  3. Челзи 71
  4. Арсенал 65
 
Јаки утакмици овај викенд...
 
Резултати:

Мидлзброу 0 - 2 Манчестер Јунајтед
Челзи 3 - 1 Фулам
Портсмут 0 - 3 Арсенал
Стоук 0 - 1 Вест Хем
Тотенхем 1 - 0 ВБА
Виган 0 - 0 Болтон
 
Табела:

200905021452.png
 
Доколку Марк Хјуз остане менаџер на Манчестер Сити и за наредната сезона, сигурно ќе го продаде бразилскиот офанзивец во тимот - Елано. И покрај заинтересираноста на Елано да потпише нов договор со клубот, Марк Хјуз јасно соопшти дека Елано не се вклопува во неговите планови за наредната година, каде го планира Робињо на таа позиција.
Евертон покажа заинтересираност за напаѓачот на Њукасл - Мајкл Овен, кој сигурно би го напуштил клубот доколку не обезбеди опстанок во Премиерлигата. Во договорот на Овен со Њукасл, постои клаузула дека може без обесштетување да си замине од "Сент Џејмс Парк" доколку тимот испадне од лигата, а иако веќе му беше понуден нов договор, Овен изјави дека не е заинтересиран за продолжување се до лето. Покрај тимот на Евертон и Манчестер Сити ја покажа својата заинтересираност за напаѓачот, во кого гледа идеален модел кој би привлекол останати квалитетни фудбалери во тимот.

Контроверзниот избор за најдобар фудбалер во Премиер-лигата, според Здружението на професионални фудбалери во Премиер лигата (ПФА) не наиде на одобрување кај некои поранешни фудбалери.

Поранешниот репрезентативец на Република Ирска, популарниот Тони Каскарино изјави: "Фактот дека Гигс е прогласен за играч на годината за мене е апсолутна бесмислица. Немам ништо против него, но искрено Стивен Жерард сезонава беше барем десет пати подобар од него.".

А, малку помек во изјавата бил поранешниот фудбалер и миленик на навивачите на Енфилд, Џон Барнс:

"Рајан Гигс е голем амбасадор на фудбалот, одличен играч и одличен човек, но оваа награда се доделува за игрите оваа сезона. Според мене, неа ја заслужи Жерард. Тој е најдобриот играч во Премиер лигата, го предводи Ливерпул во победите годинава. Гигс беше стартер за Манчестер Јунајтед само на 12 натпревари" - изјавил Барнс.

Астон Вила, Ливерпул и Тотенхем ја покажаа својата заинтересираност за десниот бек на Портсмут и поранешен член на Челзи - Глен Џонсон.

И покрај тоа што од Портсмут изјавија дека немаат намера да го продадат младиот Џонсон, последните информации велат дека би се сложиле за сума од 16 милиони фунти. Веќе добиле понуда од Тотенхем во која била вклучена парична надомест и плус двајца играчи во замена, но Портсмут веднаш ја одбил од причина што веќе има премногу млади играчи во составот, па заинтересирани единствено сега се за финансиска понуда. Се очекува со конкретни понуди да настапат и Ливерпул и Астон Вила во наредниот период.
 
Да видиме Њукасл што ќе направи.....
 
Да видиме Њукасл што ќе направи.....
Што сакаш да направат кога играт против судиите..Сепка имаат шанси да се спасат.:Ако победат само со Мидлзброу,,а Мидлзброу и Хал ги изгубат сите натпревари тогаш Њукасл се спасува.
ж
 
Вулверхемптон и Бирмингем, новите два члена на Премиер лигата за следната сезона

третата екипа која ќе се натпреварува во ПЛ ќе се знае после плејофот каде се најдоја Ридинг, Шефилд Јунајтед, Престон и Барнли
 
Би сакал пак Ридинг да се вратат во ПЛ ...
 
Табелата по 35то коло во Англија:

uyfjfgh.png


П.С. Би сакал Престон да се новите Премиерлигаши :)
Сега видов дека утре играт Астон Вила и Хал, утре пак ќе ја ставам табелата (целосна).
 
mancester sve ke im zeme koa se glupi drugite ,koa gubat bodovi na slabi timovi i posle sakaat da osvojat neso,ama kasno e vise,mancester ke bide sampion a ne e cudo i da osvojat Liga na sampioni pak...:toe:
:baeh::helou::tv::uvo::salut:
 
Јас сакам Барнли,бидејќи тие ги исфрлија Челзи и Арсенал од Карлинг Куп ако не се лажам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom