Поразените полуфиналисти од Лигата на шампионите Арсенал и Челзи в недела го играат дербито на колото во Премиер лигата.
Иако мечот во суштина нема големо значење за „топџиите“ сезоната ќе заврши на четвртото место, а Челзи најверојатно на третото, се очекува отворен и интересен натпревар.
Покрај нивниот внимание привлекува и вториот дуел кој ќе се одигра в недела меѓу екипите од Манчестер, Јунајтед против Сити, на „Олд Трафорд“.
Утре на програмата се натпреварите:
- Блекбурн - Портсмут
- Болтон - Сандерленд
- Евертон - Тотенхем ТВ
- Фулам - Астон Вила
- Хал - Стоук
- ВБА - Виган
- Вест Хем - Ливерпул
Дербито за опстанок се игра в понеделник, а се среќаваат Њукасл и Мидлсброу.
Табела:
- Манчестер Јунајтед 80 бодови (натпревар помалку)
- Ливерпул 77
- Челзи 74
- Арсенал 68
Еден од најперспективните фудбалери во Арсенал, Тео Волкот, денеска се договори со управата на „топџиите“ за продолжување на соработката. Имено, Волкот и неговиот агент успешно ги завршија преговорите околу потпишувањето на новиот договор, според кој младиот напаѓач ќе остане во дресот на лондончани подолго време.
Од клубот се уште не објавија детали околу цената на договорот, туку конкретно терминот до кога Волкот се обврза да остане на „Емирати“. Во март Тео наполни 20 години, а дојде во Арсенал од Саутемптон во 2006 година. Во овој период веќе има 103 настапи и 14 постигнати гола за „топџиите“.
„Тео е интелигентен играч со неверојатни способности. Тој има огромен потенцијал да стане лидер на тимот во следните сезони“, прокоментирал менаџерот на лондончани, Арсен Венгер.
Арсенал ги потврди учесниците на Емирати Куп 2009По големиот успех во минатите два Емирати турнири во 2007 и 2008, Арсенал соопштува дека и оваа година ќе биде домаќин на три голми европски клуба.
Покрај Арсенал на Емирати Куп 2009 ќе настапат екипите на Глазгов Ренџерс, Атлетико Мадрид и ПСЖ. Турнирот ќе се игра на први и втори август.
"Ние сме среќни што уште еднаш ќе бидеме домаќини на Емирати Купот во август 2009" - изјави извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис.
"Атлетико Мадрид, Ренџерс и ПСЖ имаат одлично педигре и ќе има уште еден возбудлив викенд пред почетокот на новата сезона".