Епа, видиш, не би кажал и јас така.
Ако Манчестер има проблеми со повредени играчи, има одлични играчи на клупа, да не заборавиме Керик, Сколс, Андерсон, Харгривс, па и Флечер ќе го спомнам, конкурираат за прв состав. Сите можат да пружат одлична партија, ама не може сите заедно да играат.
Кога можевме Арсенал во Купот, со една фантастична игра да го победиме, со друг среден ред победуваме други екипи со исто така, висок резултат.
И без Роналдо можеме да тепаме и без Руни исто така. Не е се во еден фудбалер, не може еден фудбалер да донесе цела победа, треба да има тимска игра и тимско залагање.
Него како и да е, во секој случај, до крајот на сезонава во Премиерлигата ќе е премногу интересно и возбудливо. Не памтам ваква интересна сезона последниве неколку сезони, секогаш имаше некој што се одвојуваше повеќе од другите. Вака првото место, се менуваше често, избега малце Арсенал, ама пак го стигнавме, добро е.
Тука можеме да го земеме и Челзи како кандидат за титулата, чека кикс од Манчестер и Арсенал да се пробие погоре.
До крајот има неколку интересни дерби натпревари кои најверојатно можат да го решат големото прашање.
Дербија како: Манчестер-Арсенал, Челзи-Арсенал, Манчестер-Ливерпул, Арсенал-Ливерпул, Челзи-Манчестер...
Ај поздрав!