F.A. Premier League

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар англиски клуб?


  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.
Сфати дек ПЛ нема да освојт дур е жив, па виде-не виде, се реши за пензија. :)
 
Манчестер Јунајтед против Бирмингем на Олд Трафорд ќе ја започне одбраната на титулата
Шампионот на Англија, против Бирмингем на Олд Трафорд на 15 август ќе ја започне одбраната на титулата во сезоната 2009/2010, Арсенал гостува кај Еветон, Челзи го пречекува Хал Сити, Ливерпул ќе гостува кај Тотенхем
Три дена подоцна Црвените Ѓаволи гостуваат кај уште еден нов прволигаш екипата на Барнли а потоа и кај Виган на 22 август. Првото дерби го играат со Арсенал на 29 август.
Топџиите сезоната ја започнуваат на гостувањето кај незгодната екипа на Евертон на 15 август а потоа два натпревари играат на Емирати, против Болтон и Портсмут, пред да следи дербито со Јунајтед.
Карло Анчелоти своето деби во Премиер Лигата ќе го има на Стемфорд Бриџ против екипата на Хал на 15 август па потоа ќе селдат две гостувања кај Сандерленд и Фуалам.
На 19 септември, поранешниот стратег ќе го има првиот потежок испиот против екипата на Челзи додека пак на 3ти октомври е првиот дуел со екипа од топ четворката откако на Стемфорд Бриџ гостува Ливерпул.
Рафа Бенитез походот кон титулата следната година го започнува против Тотенхем на Вајт Харт Лејн.
Потоа на Енфилд пристигнуваат Стоук и Астон Вила. Пресметката со шампионот Манчестер Јунајтед е закажана за 24 октомври на Енфилд.
 
Дел Боске: Англија е виновна за нашата одлична форма

Шпанскиот селектор Висенте Дел Боске изјави дека формата на оваа репрезентација се базира врз прогресот што некои фудбалери го направиле додека играле во Премиер лигата.
“Факт е дека фудбалерите кои играат во странство поточно во Англија се еден од факторите кој направија оваа репрезентација да напредне. Има шест фудбалери кои играат во премиер лигата и сите имаат многу напредувано.“
“Ние стоиме на земјата. Судбината ни е во рацете т.е нозете на фудбалерите. Дури и шпанските фанови кој по традиција се песимисти сега наеднаш зборуваат како сме го освоиле Светското превенство во 2010, а ние сеуште се немаме пласирано.“
 
dosta interesni natprevari od prvoto kolo na premier liga i mislam deka favoritite nema da potkleknat uste vo prvo kolo samo za liverpoll i totnem e malce nezgodna sepak mislam deka ke nema pogolemi iznenaduvana pozz so sreka na site ekipi
 
Иако е малце рано за то, сепак не можам да издржам: Почнува новата сезона на обложување меѓу љубителите на Премиер Лига!

Падна веќе првиот облог:

Fantom vs. sonne
Доколку Челзи заврши пред Арсенал во Премиер Лигата, sonne ќе се слика во дрес од Челзи и ќе стави слики на темата и во својот албум. (минимум 3 слики)
Доколку Арсенал заврши пред Челзиво Премиер Лигата, Fantom ќе се слика во дрес од Арсенал и ќе стави слики на темата и во својот албум. (минимум 3 слики).
Во овој облог не е можен нерешен исход, па сигурно ќе имаме победник.


Сите други облози (сериозни) договарајте ги и пишувајте ги тука, потоа ќе ги внесам сите во еден пост и ќе се заклучи сезоната на обложување ден пред да почне ПЛ. Сите облози по тој рок се неважечки.
 
Ajде кој сака да се клади со мене дека Арсенал ќе заврши четврти :) Кој сака да се кладиме нека ми пише не профилот :):)
 
Wow. :vozbud:

Кој се нафаќа на кладба дека Арсенал следната сезона ќе заврши пред Ливерпул?
Ако нема такви... Кој се нафаќа на кладба дека Арсенал ќе заврши пред Челзи??

Ако изгубам, се сликам со дресот на Ливерпул/Челзи. Ако изгубите, се сликате со дрес на Арсенал и ја аплоадирате тука. Бива?
 
Ajде кој сака да се клади со мене дека Арсенал ќе заврши четврти :) Кој сака да се кладиме нека ми пише не профилот :):)

Дали убаво разбрав-Се обложуваш дека Арсенал ќе заврши четврти (значи ни трети ни петти :) ), ако е така прифаќам облог (доколку е уште отворен :) )
 
Дали убаво разбрав-Се обложуваш дека Арсенал ќе заврши четврти (значи ни трети ни петти :) ), ако е така прифаќам облог (доколку е уште отворен :) )
Точно...убеден сум дека ќе е четврти па да видиме :zlo:
 
Манчестер Јунајтед ќе заврши пред Ливерпул.
Кој изгуби носи аватар и потпис по желба на победникот се до почетокот на новата сезона.

нема такви а?
 
Руни дава над 20 голови...Ако има некој да се клади со мене нека ми пише на профил...

Се кладиме во аватар и видео на профил...Изгубникот ќе носи аватар и видео на профил по избор на победникот...:vozbud:
 
Кој ќе се нафати на кладба дека Арсенал следната сезона во Премиер лигата ќе заврши пред Манчестер Јунајтед?

Ако загубам ќе се сликам во дрес од Манчестер Јунајтед и сликите ќе ги аплоудирам на темава и во својот албум, ако изгубите вие ќе се сликате во дрес од Арсенал и сликите ќе ги аплоудирате на темава и во својот албум.
Ајде манчестерци, ве чекам. :zlo:
 
кој сака Облог Манчестер Јунајтед Пред сите
овај Шампион у Премиер Лига
 
Руни дава над 20 голови...Ако има некој да се клади со мене нека ми пише на профил...

Се кладиме во аватар и видео на профил...Изгубникот ќе носи аватар и видео на профил по избор на победникот...:vozbud:
Само во Премиер лигата да даде бад 20?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom