F.A. Premier League

  • Креатор на темата Креатор на темата Fantom
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е најдобар англиски клуб?


  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.
Team P W D L F A W D L F A GD PTS 1 Liverpool 19 6 4 0 16 6 6 2 1 14 6 18 42 2 Chelsea 19 4 4 2 17 6 8 1 0 21 1 31 41 3 Man Utd 17 6 1 0 19 4 4 4 2 9 6 18 35 4 Aston Villa 19 4 5 1 16 11 6 0 3 16 11 10 35 5 Arsenal 19 5 2 2 16 11 4 3 3 16 12 9 32 6 Everton 19 1 4 4 9 15 7 1 2 15 10 -1 29 7 Hull 19 3 2 4 10 19 4 4 2 18 17 -8 27 8 Fulham 18 6 2 1 14 6 0 5 4 2 6 4 25 9 Wigan 18 5 2 3 11 10 2 2 4 12 11 2 25 10 Bolton 19 3 2 4 8 10 4 0 6 14 17 -5 23 11 Portsmouth 19 4 2 4 14 17 2 3 4 7 15 -11 23 12 Newcastle 19 4 3 2 15 12 1 4 5 10 15 -2 22 13 West Ham 19 3 1 5 11 14 3 3 4 11 13 -5 22 14 Sunderland 19 3 2 5 11 13 3 2 4 10 13 -5 22 15 Man City 19 5 0 5 24 11 1 3 5 12 17 8 21 16 Tottenham 19 3 3 4 7 7 2 2 5 13 16 -3 20 17 Middlesbrough 19 3 3 4 9 14 2 2 5 8 14 -11 20 18 Stoke 19 5 2 3 12 11 0 3 6 5 20 -14 20 19 Blackburn 19 2 2 5 8 15 2 3 5 12 19 -14 17 20 West Brom 19 3 2 4 11 16 1 1 8 3 19 -21 15
tbl_spc.gif
Фала

Колку што можам да приметам

1.Ливерпул 42 б
2.Челзи 41 б
3.Манчестер 35 б
4.Астон Вила 35 б
5.Арсенал 32 б
 
Читам денес вести, Величе бил пред потпис за Фулам. Браво. Супер ако имаме фудбалер во најјаката лига.
 
Читам денес вести, Величе бил пред потпис за Фулам. Браво. Супер ако имаме фудбалер во најјаката лига.


Шумуликоски од среда во Фулам!?

sumulikovski2.jpg
Македонскиот репрезентативец Величе Шумуликоски е најавен како засилување во средниот ред на Фулам. Премиерлигашот веќе неколку месеци се наоѓа во преговори со менаџерите на нашиот фудбалер кој е подготвен за големиот предизвик и настапот во една од најсилните лиги. За трансферот на популарниот Шуми јавија и англиските таблоиди, а весникот "News of the world" обелодени дека Величе од среда и првиот ден од преодниот рок во Англија би требало да го направи трансферот во тимот на Фулам.

Се открива дека најупорен за реализација на овој трансфер е менаџерот на Филам, Рој Хоџсон, кој бил импресиониран од игрите и капацитетот на Шумуликоски, кој зад себе има одлична есен и серија од неколку добри настапи во дресот на Ипсвич. Затоа познатиот бизнисмен Доди Ал Фаед на Ипсвич ќе му плати сума од 2.000.000 фунти, кои се главен предуслов да се комплетира трансферот на нашиот репрезентативец. Медиумите јавуваат дека во трката за Шумуликоски зимава биле вклучени и екипите на Мидлсброу и Виган.

"Мислам дека секој фудбалер посакува да напредува во својата кариера. Кога дојдов тука, во Англија, посакував да играм во елитната лига, но со Ипсвич лани не успеавме да се избориме за место во Премиер-лигата. Весниците веќе го најавуваат Фулам, а моите менаџери веќе подолго време се во финални преговори. Трансферот се уште не е комплетиран, но тоа би требало да се случи во текот на наредните неколку дена", коментира Шумуликоски по најавите дека заминува во Фулам.

Ваквите најави од Англија се доволна потврда дека Дедо Мраз на Величе Шумуликоски во овие новогодишни денови, најверојатно, ќе му донесе трансфер во Фулам. Така беше и лани кога стружанецот од турската Бурсаспор го направи трансферот во Ипсвич, кој изнесуваше околу 800.000 евра.

Нашиот стандарден репрезентативец по оној дуел со Шкотска имаше еден куп понуди, а покрај Фулам во тоа време за неговите услуги беа заинтересирани Вест Хем, Хал и шкотскиот Селтик.
 
Одлично за Величе. Иако Фулам се едни од најслабите во лигата сепак Премиер си е Премиер. Инаку сезонава ме изненадија Астон Вила кои играат одлично.
 
Одлично за Величе. Иако Фулам се едни од најслабите во лигата сепак Премиер си е Премиер. Инаку сезонава ме изненадија Астон Вила кои играат одлично.


Моментално Фулам е најпријатно изненадување.Никој не очекуваше тимот кој се бореше за опстанок лани,да догура толку високо.Моментално е на 6-тата позиција,а доказ за добрите игри се победите над Арсенал,Њукасл...нерешено со Челзи....Се работи за многу фантастична сезона.
 
Одлично за Величе. Иако Фулам се едни од најслабите во лигата сепак Премиер си е Премиер. Инаку сезонава ме изненадија Астон Вила кои играат одлично.
Па не се баш слаби. Челзи се намачи вчера против нив. Едвај 2-2 и тоа Лампард израмнувачкиот го постигна на среќа, беше на вистинско место во вистинско време.
За мене Фулам и Астон Вила се најголемите изненадувања годинава, а најлошо Арсенал. Иако го победија Манчестер, играат ужасно. 2 - 3 пати им се случи противниците да им стопат 2 гола разлика и не играат константно добро.
 
И официјално, причина за вчерашнато приведување на Стивен Џерард било тоа што ди-џејот во клубот не им ја пуштил песната што капитенот на Ливерпул предходно ја порачал
 
Одлично би сакал да заминит во Фулам ке гледаме македонец во најаката лига на светот.
 
И официјално, причина за вчерашнато приведување на Стивен Џерард било тоа што ди-џејот во клубот не им ја пуштил песната што капитенот на Ливерпул предходно ја порачал

Кај ја прочита оваа информација жити мајка???
 
Одлично би сакал да заминит во Фулам ке гледаме македонец во најаката лига на светот.

Ќе го гледаме ама на клупа.
Покрај Булард и според тоа што го видов од Етуху нема теоретски шанси да се избори за прва постава.

НО Рој Ходсон може има некои други планови...:)
 
Одлично за Величе. Иако Фулам се едни од најслабите во лигата сепак Премиер си е Премиер. Инаку сезонава ме изненадија Астон Вила кои играат одлично.
Очигледно дека не пратиш Премиер лига.
Фулам има одличен тим оваа сезона
На чело со Марк Шварцер(според мене најдобриот голман во Премиер),Дени Марфи,Џими Булард(ЅВЕР),Клинт Демпси(еден од најголемите таленти на САД),Енди Џонсон(играчот што палеше и жареше додека не почна да се повредува,ама полека се враќа во форма),Боби Замора и некои добри играчи и репрезентативци на нивните земји.

Ова со Величе е супер,ќе гледаме Македонче во Премиер Лигата

Македонскиот Џерард:pipi:


За мене изненадувања оваа сезона се
Хал(позитивно)
Блекбурн,Тотенхем,Њукасл и Сандерленд(негативни)

Не знам кој кажа дека Астон Вила биле изненадување оваа сезона
Напротив ќе кажам
Астон Вила после големата четворка го има најдобриот,најуиграниот и најталентираниот(тука негде се со Титенхем).

Сеа ќе ги набројам нивните најдобри играчи според мене:
-Бред Фридел-човекот е машина,на 37 години бране како на 27,13 години репрезентативец на САД(да не се откажел ќе бидел до ден денес и до крајот на кариерата)
-Куртис Дејвис-еден од поголемите таленти на Англија во одбраната за кого се бореа пола од премиерлигашите
-Мартин Лаурсен-одличен играч од одбраната(доволно е да кажам дека е капитен на тимот),често знае да постигне гол
-Ники Шори-одличен играч,избран во идеалниот тим на сите времиња на Ридинг,игра лев бек
-Најџел Рио-Кокер-играчот за кој долго време беа заинтересирани некои од појаките клубови во Премиер лигата(еден од тие Арсенал),игра како дефанзивец у среден ред
-Стив Сајдвел-полека но сигурно ја враќа формата од Ридинг
-Герет Бери-вицекапитен,срцето на Астон Вила,репрезентативец на Англија,главоголката на Бенитез:)
-Џејмс Милнер-одличен,млад и перспективен играч-голема надеж на Англија
-Ешли Јанг-најверојатно ќе биде доволно ако кажам дека има 23 години,неколку настапи за Англија,голем интерес од Реал Мадрид а О`нил изјави дека не го пуштаат ни за 30 милиони
-Џон Керју-одличен напаѓач-снажен,добра игра со глава и одлична завршница
-Габриел Агбонлахор-најголемата надеж на Англија во нападот

Исто така има и некои таленти кои би требало да станат супер играчи:
-Делфонс-17 годишник,напаѓач,игра во репрезентацијата на Англија за играчи под 19 години а предтоа има играно во у-17 и у-16 репрезентацијата на Англија
-Бери Бенан-19 годиншник,игра во средина,игра игра за Шкотска за играчи под 21 година
.....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom