Ezel

  • Креатор на темата Креатор на темата Лајто
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
m2b5J.jpg




Главниот машки лик Езел, кој е интерпретиран од актерот Kenan Imirzalioglu, е веќе добропознат за гледачите на Сител телевизија, тој ја толкуваше главната машка улога и во хит серијата "Горка љубов", беше миленик на нашите гледачи, а миленик е и на останатите, тоа го докажува неговата титула - мистер на Турција. Оваа крими драма што е инспирирана од романот на Александар Дима, се прикажуваше и во другите земји од Балканот и има добиено многу награди, меѓукои: најдобра фотографија, најдобра режија, најдобра музика, најдобра потресна сцена, најдобар драмски актер, најдобра драмска серија и многу други.

Омер Унчар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство, но и на тројцата луѓе кои ги познава уште од детството. Aли и Ченгиз се негови најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот, а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот. По долгото служење во војската, Омер се враќа дома во Истанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство. Меѓутоа, судбината му го менува патот – за време на неговото отсуство, Али, Ченгиз и Ејшан измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино заедно со таткото на Ејшан, господинот Сердар. Во тој грабеж тие убиваат еден чувар и оставаат доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе кариерите и личните животи, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислува за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва, Омер е физички злоупотребуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз, неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо лице треба итно да се оперира, а заедно со промената на лицето доаѓа и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен бизнисмен и коцкар, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето.

По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се одмазди, а во тоа му помага неговиот учител и новите пријатели. Неговата љубена Ејшан е сега мажена за Ченгиз и имаат син, а Али е шеф на обезбедување во хотелот на Сердар. Езел започнува да се одмаздува на оние што го испратија во затвор, а во таа одмазда открива и зошто пријателите и жената што ја сакал му го направиле тоа.


Поштедете ме од коментари од типот Турски перачи на мозоци/ах луѓе уште ова фалеше/Глупости во боја и сл. фори .... ;)
Мислам дека заслужува тема оваа серија зашто навистина ВРЕДИ!
 
Само Јиит Озшенер вреди во серијава иако не ја гледам, глеам имал улога
 
Спомнаа дека бил сниман според филмот Грофот од Монте Кристо, ако оваа турска серија е само 5% добра колку филмот тогаш вреди да се гледа ама јас нема да коментирам каква е пошто неам ниту време ниту желба да гледам турски серии.
 
Еден од ретките турски филмови што ми се допадна. На јутјуб го гледам со српски превод и стигнав некаде до 35та епизода. Навистина ова е филм со добра содржина, ама кој не го прати од почеток многу тешко ке се уклопи во пратењето на епизодите.
 
Јас ја изгледав на РТЛ Хрватската ,подобра серија турска немам гледано,
Сеа на Сител не ја гледам пошто стварно ме нервира сихронизацијата, да беше со превод радо пак би го гледал, иако ги имам симнато сите епизоди.
 
Баш синхронизација е добра, ми се гади од турски јазик да ви кажам.Филмов можда е добар, ја знам отприлика приказната но нег го гледам.Љубов и Казна ми е бр.1 од турскиве.
 
Ми се гледа серијава, доста е интересна, али ја немам фанато од почеток а сега веќе 10та епизода е, ја најдов на нет цела серија само преводот ме кочи да не знае некој каде можам да најдам српски, хрватски, македонски па макар и англиски ? :unsure:
 
Веќе една година се спремам да ја глеам серијава ама се некако мрза ме фаќа ко божем де бе турска серија да глеам немам друга работа:D но некако ме влечеше приказната уште од кога ми ја раскажаа,па така почнав да ја глеам пред 3 дена.Стигнав до 15та епизода и морам да кажам дека серијата има страшна приказна и глума пред се.Морам да напоменам дека ако серијава беше америчка со сигурност би имала голема гледаност и би била при врвот но сепак останува на вас дали ќе си глеате или не но мое лично мислење е дека серијава вреди.(y)
 
Ми се гледа серијава, доста е интересна, али ја немам фанато од почеток а сега веќе 10та епизода е, ја најдов на нет цела серија само преводот ме кочи да не знае некој каде можам да најдам српски, хрватски, македонски па макар и англиски ? :unsure:

вака значи имам една страница каде што можеш да ги гледаш сите серии ваљда има хрватски или србски превод што знам провери еве ти :
http://www.natabanu.com/serija/ezel.html
 
Али клештата вчера ќе ги загубеше тестисите :pos:
Серијава е прејака (y) Добри дијалози има , добра глума и МУЗИКА! :vozbud:
 
Не ја гледам, не ни знаев која е додека не` го заслушнав саундтракот пред некој ден, додека јадев. Одлично сработено. За серијата не би да коментирам, оти немам ништо изгледано.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom