конечно решение е единствено закон за спорт,како што имаат сите европски држави и приватизација на клубовите,тоа е можно и како акционерско друштво,како што сте пробале вие,меѓутоа немате таква финансиска моќ и луѓе кои би го раководеле клубот,клуб со огромен долг кој успеале да го направат некои несовесни овие 20тина години
Саглам закон за спорт е нешто за кое плачат сите што се занимаваат со спорт на било кое ниво во државава. Ама што се однесува до фудбалот, тоа ќе помогне малку, да не речам нема да се осети. Фудбалот ќе ни излезе од кома и ќе биде полумртов, нешто како зомби. Колку да стои на нозе, да не колабира тотално.
Зошто го велам ова? Погледнете по многу источни земји, побогати од нас и повеќето со посредени закони: Хрватска, Србија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија итн... знам, прво што ви паѓа на памет е: па овие имаат клубови кои се многу подобри од нашите! Точно, подобри се. Ама повеќето од вас не знаат колку добри беа порано! И не знаат дека и ние бевме многу, многу подобри порано. Што се случи?
Се случија парите. Источниот блок се распадна а западот се наполни со пари. После се случи алчноста. За повеќе пари, се донесоа правила на игра кои немаа за цел да го подобрат фудбалот, туку да го подобрат фудбалот во западните лиги на сметка источните, кои од 90-тите наваму паѓаат со вртоглава брзина.
Едно од клучните правила кои ја држеа фудбалската рамнотежа во светот беше правилото секоја екипа да има најмногу по тројца странци. Во такви околности, само екстра квалитетните играчи можеа да направат трансфер, затоа што едноставно немаше доволно место за сите. Па така, повеќето остануваа дома. Резултат: домашните првенства беа посилни, публиката ги полнеше стадионите, имаше повеќе спонзори, фудбалерите во првите лиги добиваа станови, добри плати и премии. Заработуваа колку што заработуваа и не беа незадоволни, затоа што не постоеја фудбалери кои заработуваа по 10 милиони евра годишно. Имаше рамнотежа. Екипите од истокот беа конкурентни, екипи како Стеауа и Црвена Звезда станаа прваци на Европа. И помали екипи од западните држави победуваа, затоа што разликата со големите не беше огромна.
Покрај ова правило, имаше уште едно дополнително правило во некои земји: фудбалерот да не може да си замине додека не наполни толку и толку години. Звучи како неправда, ама овие фудбалери баш и не штрајкуваа за плати.
Овие правила не биле измислени туку така: долго време го држеа светот во фудбалска рамнотежа и им даваа еднакви шанси на сите да успеат. Судиите претежнуваа често на побогатата страна ама тоа и денес го прават.
Откако се сруши тоа, некогаш големите клубови од истокот не можат да задржат екстра талент повеќе од 1-2 години. Во такви услови, невозможно е да се создаде екипа која би направила успех, затоа што за истото се потребни години и години работа и градење на екипата. На овие клубови не им преостана ништо освен да земат што може да се земе од играчите и да работат што понапорно со младите категории, за некој друг да ги собира плодовите од таа работа.
Во македонската лига за несреќа има и други фактори покрај овие од кои страдаат сите. Фудбалската организација не е предводена од фудбалски работници туку од фудбалски апаши и арамии. Имаат систем со повеќе делегати одколку што има пратеници во парламентот, 2/3 корумпирани кои се спремни да го „поддржуваат“ ова брилијантно раководство се додека еден ден не го закопаат фудбалот со пригодна церемонија. Тие за фудбал се секираат колку јас за Бадминтон. Државата е само декларативно заинтересирана за спортот и не знае (не сака) да донесе еден саглам закон што ќе и овозможи на било која фирма да спонзорира некого. Така да, не вреди да се зборува и да се нервира човек. Знам дека на помладите им е тешко што не можат да отидат на место кое има лице да се нарече стадион и да изгледаат една фер утакмица. На нас повозрасните кои сме гледале комшиски дерби пред преполни трибини, во секакви лиги, дури и регионални... на нас кои сме гледале фудбалски мајстори кои играле со срце за малку пари и работа во некоја општинска фирма... нас ни е многу потешко.