Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дефинитивно победи најдобрата песна оваа година. :smir:
Извор
Завчера, неколку часа пред почетокот на финалната вечер на Евровизија, московската полиција уапси 30-ина мирни демонстранти кои излегоа јавно да го искажат своето незадоволство од начинот на кој рускиот државен систем се однесува кон хомосексуалците. Протестите беа резултат на одлуката на московскиот градоначалник да не дозволи геј-парада во рускиот главен град, нарекувајќи го таквиот можен настан како “ѓаволска опседнатост“. Британскиот борец за правата на хомосексуалците, Peter Tatchell, се најде помеѓу уапсените.
Во исто време, полицијата ги дозволи протестите на група националисти, фашисти и религиозни групи, кои протестираа против одржувањето на геј-парадата. Тие претходно се заканија на московскиот градоначалник Yuri Luzkhov дека ќе ги земат работите “во свои раце“ ако полицијата не интервенира. За време на спроведувањето од страна на полицијата, Tatchell извикуваше дека со ова се покажува дека луѓето во Русија не се слободни.
Организаторот и водач на кампањата, Nikolai Alexeyev, беше исто така приведен и задржан од полицијата.
![]()
Како што е познато, изборот на песна на Евровозија, традиционално привлекува голем број на геј-фанови, така што геј-активистите во Русија видоа можност за прикажување на вистинската слика на Русија пред камерите на сите поголеми светски телевизии.
Треба нареден пат да им пуштиме магаре некое да рика на бината па заслужено да ја исфрлат Македонија од финале. И веќе да не се појавуваме.![]()
Сега не исфрлија незаслужено,кхм.
Ај да речевме бар дека песната звучеше феноменално на македонски - па да не ја преведуваме.
Ама кога некого го мрзи да ја среди за и Европа да разбере (која пазете, е целна публика која треба да гласа), ја пративме само ние да си ја разбираме.
Без разлика дали сме биле 10ти па не исфрлиле, гледајте го тоа вака - можеби ни направија услуга, да не се резилиме како Британија во поранешните години.
Абе не треси кога босна пееше на босански па пак влезе и 9 место беше во финалето, исто така и португалија пееше на нивни јазик и влезе во финале. што има врска на кој јазик пееш?
Абе луѓе, нема врска каква песна имавме! И лани и оваа година не' тргнаа од финале да си стават скандинавска земја. Треба ептен јаки бодови во полуфинале да имаме и да не сме 10ти, па да не им дадеме шанса да не' избркаат. А ако останеме на нивна милост и немилост, сигурна сум дека што и да пратиме ќе не' исфрлат.