Eвропско првенство 2012 - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Германија

    Гласови: 150 39,5%
  • Шпанија

    Гласови: 62 16,3%
  • Холандија

    Гласови: 52 13,7%
  • Италија

    Гласови: 48 12,6%
  • Англија

    Гласови: 38 10,0%
  • Франција

    Гласови: 17 4,5%
  • Португалија

    Гласови: 13 3,4%

  • Вкупно гласачи
    380
485494_451267658235255_346927310_n.jpg

ван перси:drk:..:pos:
 
За тие што се интересираа за тоа дали ќе има додаток во весниците како и секоја година... испаднат е „Алманах за ЕП“ .. 80 денари е, па на кој му се фрла толку пари нека си го земи, во секоја трафика се продава.
А во среда во Нова Македонија ќе има прилог/додаток за ЕП.
 
Stephane Lannoy ке прави далавери некој сигурно :D
 
Луѓе, има некои информации околу преносот на мечевите. Дали MaxTV ќе стави МТВ HD како што имаше за светското 2010?
 
Кога сме веќе кај преноси, оној Bloodzed ќе ги стримува натпреварите од Sky Sports/itv , со 1750 кпбс, ако не сте дома за време на еуро :)
 
Незнам за Макс ТВ, Blizoo веќе објавија дека ке пренесуваат во HD
ЕП и Олимпијадата во HD резолуција на МТВ со „BLIZOO“


Близу“ денес ја објави новата промотивна понуда која започна од 1.6.2012: бесплатни Трипл Плеј пакети до октомври 2012 со вклучени бесплатно Спорт Клуб и Спорт Клуб + и бесплатни WiFi рутери за поголемиот дел од пакетите во постоечката понуда на операторот,кои вклучуваат неограничен интернет трансфер.
Logo_Blizoo500.jpg

Покрај најавените попусти, од Близу ја презентираа и новоста која ќе го одбележи ова лето: следење на Европското првенство во Полска и Украина и Олимписките игри во Лондон во HD резолуција, на МТВ 1 HD и Eurosport HD.
„Ова лето ќе биде се во знакот на „бесплатно“- бесплатни пакети, бесплатни рутери, бесплатно следење на EURO 2012 и Олимпијадата во Лондон во HD. На оваа понуда сме навистина горди, затоа што ги засегнува и идните и веќе постоечките корисници на Близу“, изјавуваат од Операторот.

http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/73211-EP-i-Olimpijadata-vo-HD-rezolucija-na-MTV-so-Blizu
 
Их за 5-6 дена/24 часа работа се е можно.


Ако се кинези или јапонци нормално.

:icon_lol:
 
http://www.taratur.com/node/34033

Какви идиоти се овие од барса тоа е чудо невидено. До пред 2-3 год. кога освојуваа титули имаше мир во репрезентацијата и се им беше ок, сега изгубија од реал, и одма се испокарале со соиграчите и ја рушат атмосферата во тимот.
 
http://www.taratur.com/node/34033

Какви идиоти се овие од барса тоа е чудо невидено. До пред 2-3 год. кога освојуваа титули имаше мир во репрезентацијата и се им беше ок, сега изгубија од реал, и одма се испокарале со соиграчите и ја рушат атмосферата во тимот.
Ех, колку ќе ми биде мило на Шпанците да им се случи францускиот дебакл од 2002.
 
Франција во 2000 стана европски шампион, не доживеа никаков дебакл :D.
Во 2002 им се случи дебакл, можеби на тоа мислеше. Бидејќи на тоа СП дојдоа како Европски и Светски прваци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom