За 10 години од сега Унгарија ќе биде ко Белгија, Англија, Франција што се денес.
Политиките на Унгарија, Словачка, Полска... беа единственото нешто што преостана, кое сеуште беше податливо за асоцирање со ЕУ.
Кога една по една државиве ќе ги напраат да бидат комплементарни на новата идеологија и ќе почнат да ги имплементираат идеолошките одредници, заради кои до сега беа казнувани, тогаш нема ама баш ништо да не држи по колосекот на асоцијации со оваа ваква ЕУ.
Притисокот од ЕУ кон Македонија, за имплементирање на идеолошките одредници во јавниот и законскиот наратив, треба да го издржиме, бидејќи и така, после се, веќе немаме намера да се асоцираме со тој бесмилен отпад, лишен од здрав разум и практична стратегија.
Додатен поттик би требало да биде веќе историскиот (бидејќи станува збор за децении) уникатно неправеден третман кој го добиваме од Европа, од уважување на албанските барања за препуштање на сувереноста, до уважувањето на бугарските и грчките барања за препуштање на идентитетот. Децениски стабилниот колосек на Европа по овие прашања, наведува на стратешка цел. Нема потреба да се асоцираме со некој кој упорно потврдува, од деценија, во деценија, дека сака да не нема.
Америка го напушта идеолошкиот колосек на Европа и стратешките зближувања со оваа Америка, се позитивно придвижување за заробената македонска надворешна политика.
Мицковски, за чудо, прави вистински потези во надворешната политика, во таа насока.