Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Земјите од ЕУ се на стаклени нозе. Кризата во Грција, Ирска, Португалија и Шпанија - очекувано предизвика домино ефект и продлабочување на кризата како таква. Да не зборам дека обично после економска криза, следува и криза на политички план, во смисла на политичкиот систем. Бидејќи ЕУ според мене нема јак зацврстен и поврзан политички систем, ако не се среди ова во брзо време ќе започне период на алиенација на државите каде секој себично ќе си гради одбранбен политички механизам во бранење на сопствениот политичко-економски систем од страв од продлабочување на кризата и посериозни side effects што е многу веројатно да се случат. Така што побрзо треба да се одлучат што ќе прават со горенаведените.