Европа штрајкува!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Најизразен е генералниот штрајк во Шпанија, но исто и во Ирска, Португалија и други земји. Штрајкуваат против мерките за затегање на ременот.

Утопијата наречена ЕУ економија:



!
 
За шпанците вчера споменаа дека имале околу 20% невработеност. Опасно се приближени кон социјална експлозија. Или ќе мора да заборават на забрана за работа на црно (као во балканските земји -да ги смират социјалните тензии) или ќе имаат уште поголеми проблеми. Излегува дека унијата не е толку јака како што ни ја претставуваа. Запчаниците крцкаат, најверојатно ќе им треба добро подмачкување, во спротивно системот ќе им се распадне -едни се у криза и имаат невработени колку балканските земји, други имаат огромен криминал и мафии наместо влади, трети финансиски малверзации (кои некако ги заташкуваат)...
 
Според некои марксисти и развојот на капитализмот, земји како Грција, Шпанија, Португалија и Ирска се наведуваат како периферни. Како такви тие секогаш ќе бидат во криза и се зависни од „централните земји.“ Понатаму теоријата објаснува дека земји како Финска, Италија и Британија можат да паднат под искушенија ако производството падне. (не дека ова е некоја голема филозофија, но се појаснува дека се мисли на индиректно зависни од централните земји)... не се споменуваат кои се тие централни земји ама моја проценка е дека станува збор за Германија, Франција и Холандија.

Јас не сум застапник на марксистички теории, но Историскиот Капитализам за кој што зборува Валерстајн (и тие што го критукуваат него) пред многу години, како бел ден ни се разјаснува со ова што се случува денес.

Интересно дека некои работи се насетени уште доста одамна. :)
 
Според некои марксисти и развојот на капитализмот, земји како Грција, Шпанија, Португалија и Ирска се наведуваат како периферни. Како такви тие секогаш ќе бидат во криза и се зависни од „централните земји.“ Понатаму теоријата објаснува дека земји како Финска, Италија и Британија можат да паднат под искушенија ако производството падне. (не дека ова е некоја голема филозофија, но се појаснува дека се мисли на индиректно зависни од централните земји)... не се споменуваат кои се тие централни земји ама моја проценка е дека станува збор за Германија, Франција и Холандија.

Јас не сум застапник на марксистички теории, но Историскиот Капитализам за кој што зборува Валерстајн (и тие што го критукуваат него) пред многу години, како бел ден ни се разјаснува со ова што се случува денес.

Интересно дека некои работи се насетени уште доста одамна. :)


Michael C Rupert
Во 2005 одржа предавање каде кажа дека ќе дојде криза која не е видена како никогаш досега и објаснуваше со докази кои се причините и мотивите за 9-11 со објаснувања зошто никогаш нема да го нападнат Иран и зошто Ахманиџедад денес може што сака да рече во ООН без никој да му се спротистави :)
Ова предавањето во 2005 да нема забуна гледај го објаснува многу едноставно :)
Неговата прецизност во предвидувања врз основа на податоци е 80 проценти грешките генерално му се однесуваат на времето кога ќе се случи тоа но, генерално погодува.
Недела дена после предавањето неговата канцеларија беше провалена а сите документи уништени , потоа Мајкл беше обвинет за силување ( истиот принцип го користеа за Асанж кој исто така е обвинет за силување) поради коешто мораше да се притаи некое време сеа пак е во јавноста и држи предавања пребарај по нет :)
 
Само кај нас СЕЛО ГОРИ БАБА СЕ ЧЕШЛА !

--- надополнето ---

Само кај нас СЕЛО ГОРИ А БАБА СЕ ЧЕШЛА !

--- надополнето ---

Само кај нас СЕЛО ГОРИ А БАБА СЕ ЧЕШЛА !

--- надополнето ---

Зошто бре постот не ми се појавува? Или сум јас глуп или нешто не е во ред?
 
Изгледа кај дел од нив ќе дојде она што често велиме -да видат како е со 200-300 евра плата па да ни продаваат м. за бубрези и култура -Тркалото, колку и да е споро, ќе се заврти
 
Moре нека се распаднат џенем нека идат. А ако има нешто лошо за нас тоа што ќе се распадне ЕУ нека ми објасни со факти и аргументи.
 
Еве зошто не брзаат да си смениме име.Додека е сеуште примамлива мамката.Односно додека не почнала европа да се распаѓа.
 
Еве зошто не брзаат да си смениме име.Додека е сеуште примамлива мамката.Односно додека не почнала европа да се распаѓа.
муда бараме у ЕУ (оти ги немаме изгледа) -
на мајчина им на сите оние кои не напињаат за таму и слепо се надеваат
( залажуваат )дека ќе не примат по цена на се

Србија бар затоа е реална -
читајте:
Srbija je kao ekonomski, informaciono, teritorijalno i vojno rasparčana država pogodna za manipulaciju.Zato mi nikada, u najboljem slučaju pre 2030, nećemo biti član EU. To nije u interesu Evrope - zaključuje Stojadinović.

http://www.smedia.rs/vesti/detalji.php?id=45492
 
Ајдееее Европа бе :vozbud:

11285930382.jpg


21285930406.jpg


31285930418.jpg


41285930427.jpg


61285930435.jpg


81285930456.jpg
 
Локалните политички моќници на Штудтгарт сакаат да го протуркаат поректот за нова железничка станица
и по цена на жртви.
Се работи за проект вреден 7 миљ. евра, народни пари, кои народот не сака да ги даде за таа цел.....
Маса луѓе вчера се собраа да ги бранат дрвата кои требаат да бидат исечени за таа цел.
Полицијата добила наредба по секоја цена да го расчисти протестот и со употреба на сила против мирните демонстранти,
меѓу нив многу ученици и деца, постари лица.......
Употребен е воден топ и солзавец, 400 повредени.........
На прашање „Што ве натера да употребите таква сила и бруталност против демонстрантите?„
командирот на полицијата одговара со „Бевме нападнати со бекатон плочки и камења!„.
Бидејќи тоа не е точно, нема докази и сведоци, денеска беше повлечена изјавата.
Јасно е како ден, дека имал наредба од „горе„..........
Лоби групи, дебели провизии и корупцијата се причини поради кои можеби ќе падне и првата жртва денес,
зашто се најавени 100000 демонстранти.

Народот секаде е третиран како мивка, било тој да е македонски,грчки или германски............

 
Протести и штрајкови ширум Европа

Генерална тема за протестите, штрајковите и немирите низ Европа, најчесто иницирани од незадоволството поради економската криза и непопуларните мерки на штедење и кратења на платите и другите јавни расходи.

Париз, Франција

Над 2.000 демонстранти излегоа денес пред Министерството за финансии, во знак на протест против најновите мерки за кратење на платите и пензиите. Франција се соочува со рекордно ниво на дефицит од 7.7%

Видео

Прага, Чешка Република

Чешките пожарникари и полицајци денес организираа мали, но бучни протести пред чешкиот Парламент, против намалувањата на платите. Чешка има дефицит од 5.1%

Видео

Атина, Грција

Денеска, седми по ред генерален штрајк во Грција годинава, кој помина исклучително насилно. Овој пат, насочен против мерките за штедење кои ги воведе Владата на Папандреу. Штрајкувачите фрлаа молотови коктели, додека полицијата возврати со солзавци. Беше нападнат и поранеше конзарвативен министер, кој со раскрвавено лице беше извлечен од разбеснетата толпа од своето обезбедување.

Видео.

Москва, Русија

Денес полицијата уапси над илјада лица во Москва, со цел да спречи понатамошна ексалација на судирите меѓу Русите и банди од Северен Кавказ (големи групи имигранти кои во Москва бараат работа). Меѓу уапсените е пронајдено големо количество оружје. Апсењата ќе продолжат во Санк Петерзбург и Самара. Викендов, насилни демонстрации се одржаа во Москва, по повод убиството на еден фудбалски навивач на Спартак Москва.

Видео.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom