Партизан и Цибона подобри од еврогигантите
Белградски Партизан Игокеа имаше идеален старт на новата сезона во кошаркарската Евролига. Победникот во НЛБ лигата и прват на Србија ја совлада Барселона со 81:78 во меч од 1. коло во “Ц“ Групата.
Никола Пековиќ беше прво име во редовите на “црно-белите“ со 29 поени. Кај Барселона најефикасен беше Словенецот Јака Лакович, со 21.
Бранителот на титулата, Панатинаикос, во вториот меч од групата, ја победи Лотоматика со 86:83. Повратникот Василис Спанулис беше најефикасен кај Пао со 15 поени, додека Џон Стефансон беше прв стрелец кај Римјаните со 25.
Монтепаски на Владо Илиевски славеше со убедливи 80:52 против Унион Олимпија во меч од “А“ Групата. За 21 минути на теренот Илиевски постигна 4 поени, а оствари и 5 украдени топки, 3 асистенции и 2 скокови. Најефикасен во редовите на италијанскиот шампион беше Римантас Каукенас со 22 поени.
Во другиот меч од групата ВидиВичи го совлада Жалгирис со 81:75. Алан Андерсон со 28 поени беше прво име во редовите на ВидиВичи.
Цибона имаше успешен старт на Евролигата, победувајќи го Ефес Пилсен со 93:85 во дуел од “Б“ Групата. Лукша Андриќ беше лидер кај “волците“ со 19 поени.
Во последниот дуел од синоќа Арис славеше над Уникаха со 87:83.
Програма за денес:
“А“ Група
Олимпијакос – Тау Керамика (20.30 часот).
“Б“ Група
Армани Џинс – Лиетувос Ритас (20.30 часот),
Макаби – Ле Ман (20.45 часот)
“Ц“ Група
Фенербахче Улкер – Реал Мадрид (19.45 часот)
Брозе баскетс – Шорал Роан (20.45 часот)
www.basketball.org.mk