Svetovid
Триглав
- Член од
- 26 февруари 2006
- Мислења
- 868
- Поени од реакции
- 44
оли рен денес предвреме ни обзнани дека нема да добиеме датум за преговори. Со тоа еврочиновничено во целост му се плукна на описот на неговото работно место, да не речам избриша дупе со него клетникот! Имено ним, на еврочиновничињата задолжени за евроинтеграција во описот на работното место им стои дека МОРА да бидат оптимисти. Тие буквално НЕ СМЕАТ да кажат дека нема да бидеме примени. Но како и многу други правила кои европа ги донела за нас важат малку поинаку, или воопшто не важат. Сепак за мене ова не е лоша вест, напротив, фала богу им се стави крај на нагаѓањата ќе има ли датум, или нема да има. Конечно мораме да станеме свесни дека за нас КАКО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИ во скоро време влез во таканаречената европска унија! Кога ова ќе ни стане јасно, ќе ни биде многу полесно при преговорите со еврочиновничињата, то ест нема да мора веќе да им се лигавиме, бидејќи и онака не не примаат! Исто така МОРА да се завземе јасен став дека таканаречената европска унија нема што да ни понуди за возврат за името. Оттука секаква трговија со името во замена за влез во ЕУ станува беспредметна!
Секако ние мораме да продолжиме со модернизација на нашето општество и борбата против криминалот, корупцијата... Всушност мора веднаш да се исполнат сите девет бенчмаркови, но не заради европа, она и онака не не прима, туку заради нас самите! Нема веќе залажување со некаков “европски сон“ господа. Тие фантазирања се штетни. Уште помалку треба да се замараме со исполнување на некакви (често лични) понижувачки услови од еврочиновничињата. Наместо исполнување на услови и уцени од бриселските чиновничиња мораме да се свртиме кон (наоѓање) потенцијални ВОНЕВРОПСКИ политички и економски партнери. Ионака според американските анализи 21-от век не е век на европа, не го заборавајте ова!