ЕвроБаскет 2025

  • Креатор на темата Креатор на темата Steff58
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде новиот европски шампион?

  • Србија

    Гласови: 38 66,7%
  • Германија

    Гласови: 3 5,3%
  • Франција

    Гласови: 3 5,3%
  • Грција

    Гласови: 2 3,5%
  • Шпанија

    Гласови: 3 5,3%
  • Турција

    Гласови: 4 7,0%
  • Литванија

    Гласови: 0 0,0%
  • Латвија

    Гласови: 1 1,8%
  • Италија

    Гласови: 1 1,8%
  • Словенија

    Гласови: 1 1,8%
  • Некоја друга држава

    Гласови: 1 1,8%

  • Вкупно гласачи
    57
Атаман реди и мајки и шајки :)
Добри се Турците, имаат комплетен тим, можат многу со оглед на тоа какви се останатите тимови.

Србиве можеа и да победат, неколку топки делеа, ама тоа е. 3 зицери промашија и тројката што ја примија после судиска грешка, ете ја разликата.
Само не можам да го разберам Пешиќ. На толку расположени Јовиќ и Маринковиќ, ти да го играш Мициќ кој е тотално изгубен психички, во последни 3 минути ...
 
Три офанзивни скока им направи Шенгун, како и да се презива,бем му мајку, на 2мин на крај плус промашениот зицер на Јовиќ, тука се скрши утакмицата.
 
Ќе биде интересно кој ќе заврши во топ 5. Германија е според мене фаворит. Србија денеска мачно со Португалија која на мое изненадување играат добар баскет. Јокич и Јович останаа присебни денеска и ја донесоа пбедата. Богданович изгледа се повреди. Ако е сериозна повредата, тешко дека ќе им парираат на Германците кои се се машинерија. Литванија и Турција очекувам да играат го завршницата. Лаури Маркканен е звер од играч, штета што немаат квалитетни играчи, ќе можеа нешто повеќе.

Германија ftw. Прејако играат, им фалат Хирштејнеир и Моритц постариот. Ама и без нив се опаки. Турција има одлична прва петорка и Атаман кој влече максимум од репката. Денеска беше психолошка победава дека можат да победат секого. Незнам како се вкрстува, ама можно е финале меѓу Гррманија и Турција.

Србија мислам дека максимум е полуфинале. Без Богданович нема кој покрај Јокич кој може да повлече. Мицич како топка да не фатил 200 години.
 
На турците им се отвори патот до полуфинале. За разлика од Србија, освен Финска што ќе е полесен противник, другото до крај ќе му е секој меч финале.
 
Немаат среќа Србите со повреди, јбг.
 
Jak i mnogu bezobrazen na sekoja odluka skoka ko majmun,isti Doncic
 
Не може Јокиќ сам да изгура цело првенство без поддршка од бековската линија. Огромен хендикеп е повредата на Богдан. Мициќ и Гудуриќ, поготово првиов се језиви. Најдобар играч после Јокиќ е Стефан Јовиќ. Он е одличен во дефанзива и во организација, ама мора некој и да погоди шут.
 
Сега гледав кој со кого вкрстува.

Србија со Финска во 1/16. Опасни се Финците, посебно Лаури кој може без проблем да ували 30+. Ако се шутерски расположени ќе биде мачно.
Мада читам и Аврамович изгледа се повредил. Незнам понатака со кого ќе вкестуваат ама во полуфнале против Германија ќе треба да играат. Тешко дека би победиле.

Турциве можно е со Грција полифинале. Е тука ќе има добра текма, ако изгураат Грците до полу, бидејќи не се нешто посебно.
 
image_2025-09-03_230540804.png

Од википедија е ова, бидејќи генијалците од ФИБА не се сетиле на официјалниот сајт да стават кој со кого каде вкрстува.
Моментално во Ц група последното место го делат Шпанија, Грузија и Босна а во Д група првото место го делат Израел, Полска и Франција.

Каков малер ги прати ќе налетаат на комбо Франција/Шпанија. Се надевам нема, но постои можност. Тоа би било најлошото со другиве мислам дека лесно ќе пројдат. Се виде колку значи Богдан, 20 поена лагано стрпува и преку човек, и на продор и проигрување со Јокиќ. Вака изолирани беа.
Мислам дека можат да донесат замена, посебно со оглед на тоа дека и Алекса им се повреди сега за жал.

Ако се паметни, уште пред 2 дена му се јавиле на Топиќ да рестартира тренинг процес и да помогне колку може.
 
Турција и Германија, опасни репки, секого можат да добијат, многу малку се збори за нив.
Не можеш да кажеш дека за Германија малку се збори, светски шампиони се и очекувано беше да ги газат тимовите во нивната група. За Турција се согласувам, пријатно изненадување се на турниров.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom