
Хмм, што е Evolve? Evolve е претстојна sci-fi темирана, ко-оперативна first-person шутер игрица од Turtle Rock Studios, дечките позади познатиот и успешниот серијал Left 4 Dead.
Прв пат беше спомната во Декември 2012-тата, планирана да биде издадена од THQ, но поради проблеми со банкрот на компанијата, играта ќе биде издадена од 2K Games на Microsoft Windows, PS4 и Xbox One (yay!) и истата ќе излезе на 21ви Октомври 2014-та година.
Trailer-чиња:
Evolve е кооперативна игра во која четворица играчи (ловци, humans) пробуваат да го заробат и уловат alien чудовиштето контролирано од 5-ти играч. И двете страни можат да користат уникатни способности во текот на партијата. Чудовиштето може да убива локални мали чудовишта кои се наоѓаат ширум мапата како би се евоулирало (има 3 stages на еволуција), би станало посилно и би го наполнило својот „армор“.

Ќе постојат повеќе мапи на кои партиите ќе може да се играат од кои една ќе биде огромна џунгла со некакви индустриски елементи кои ловците ќе можат да ги употребуваат за да дојдат во предност или едноставно да се кријат. Има повеќе power-ups кои чудовиштето и ловците ќе можат да ги “отклучат“ со убивање на локалниот див свет. Победа е постигната кога или ловците ќе го убијат чудовиштето, додека чудовиштето може или да ги убие 4-цата ловци или да им дојде до базата и да им го уништи power plant-от.
Постојат 4 класи на ловци; assault, medic, trapper, support. Секоја класа ќе има свои сопствени уникатни способности и различни play-styles. Сега за сега се најавени 2 чудовишта како можни за избор и тоа "The Goliath" & "The Kraken".


Играта исто ќе има и синглплеер кампања, но за ова немаме многу информации од страна на студиото.
Јас сум неверојатно возбуден за играва, омилена ми е до сега од Е3 заедно со објавувањето на GTA V за РС. Значи играта ми се допадна во секој можен аспект; гејмплеј, графика, атмосфера, звук, content, in-game фичри. На крајот од секој Е3 ден, организирани се турнири од Evolve, еве конечно едно гејмплеј видео од 1-2 рунди,она што се случуваше вчера:
(аудиото почнува од 1:30 мин)
Јас обавезно ја зимам оригиналка, огромен плус е тоа што ќе биде „само на“ Steam, односно знаеме дека дечкиве не се прљава компанија како некои денешни. ТУКА можете да направите pre-order (34,99€), страната е проверена. Бујрум.
Последно уредено: