Eве ги предавниците, се јавија!

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Да не спомне човек предавници,нозе се испокршија да се види кој е погласен.Ние одсекогаш највише сме си пателе од змии внатре.Секоја втора народна е со кодоши и шпиуни.Жално е што секогаш се наоѓа по некој безмозочник да ги следи.

„На еден комита - тројца кодоши...“ - С.А.Ф. :toe:
 
Еве што вели Шекеринка...

„Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.
Шеќеринска и Миловановиќ се согласиле дека за Македонија е многу важно во следните неколку дена да не направи грешка.
„Сметаме дека постои целосен консензус во Македонија, дека ни е потребно членство во НАТО и дека тоа треба да се сработи до втори април, без притоа Македонија да прави непотребни и неоправдани отстапки во делот на својот идентитет и своето уставно име“, рече Шеќеринска.
Американската Влада, оцени лидерот на СДСМ, ќе и помогне на Македонија како вистински стратешки партнер, да се врати од Самитот во Букурешт како победник.
„Ние како македонска политичка елита, како македонски политички фактори ќе направиме се, Македонија до последен момент да се труди да биде активна, конструктивна и мудра за време на разговорите околу уставното име“, нагласи Шеќеринска.
На новинарско прашање дали е можен компромис со Грција, Шеќеринска одговори дека не би сакала да дава изјави пред тоа да го стори на следната лидерска средба.
„На сите ни е јасно дека оваа последна рунда преговори е најважна и дека на неа ќе се носат историски одлуки“, истакна Шеќеринска.
Таа не потврди дали е можно формирање широка коалиција предводена од СДСМ.
„СДСМ во моментов е сконцентриран да и помогне на Македонија. Сите аргументи, целата енергија, внимание и ум ги користиме за да и помогнеме на нашата држава да се врати како победник од Букурешт. Ако сакавме да профитираме политички и да правиме коалиции до втори април, немаше да бидеме вака конструктивни“, напомена Шеќеринска, додавајќи дека натамошното делување на СДСМ многу ќе зависи и од исходот на Самитот.

Извор: А1
 
Еве што вели Шекеринка...

„Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.
Шеќеринска и Миловановиќ се согласиле дека за Македонија е многу важно во следните неколку дена да не направи грешка.
„Сметаме дека постои целосен консензус во Македонија, дека ни е потребно членство во НАТО и дека тоа треба да се сработи до втори април, без притоа Македонија да прави непотребни и неоправдани отстапки во делот на својот идентитет и своето уставно име“, рече Шеќеринска.
Е ова сакам да го слушнам од нашите политичари, вакво размислување кога се во прашање националните интереси, без разлика од која партија се и морам да и дадам аплауз.
 
Кога дојде шекеринска да носи историски одлуки....

Абе до кога незнам ке ни ги мачкаат очите,колку биле тие за Македонија,не знаеме дека кога ја пуштија за прв пат Македонската химна во собранието тие сега што носат историски одлуки за Македонија дека не ни станаа на химната кога се свиреше свечено.

и сега тие биле Македонци.

ги поздравувам сите кои се конструктивни и се обединети за државните интересе
 
Кога дојде шекеринска да носи историски одлуки....

Абе до кога незнам ке ни ги мачкаат очите,колку биле тие за Македонија,не знаеме дека кога ја пуштија за прв пат Македонската химна во собранието тие сега што носат историски одлуки за Македонија дека не ни станаа на химната кога се свиреше свечено.

и сега тие биле Македонци.
Како и да е, искажаниот став е за поздрав.
 
Како и да е, искажаниот став е за поздрав.


Доколку е со позитивни намери како што кажав го пдржувам целосно.

и ако вака размислуваат сите политичари,ок.
 
konecno pravi zborovi od sekerinska...
konecno i nea za muda ja imaat fateno:aplauz:
 
„Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“,

Убаво решено.
Има решение, ама и таа е ќора и другите се ќори.

или се премудри сите.

трето нема, не сакам да помислам дека само лаат и навистина се презадргинати за власт.
 
Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт“, изјави Радмила Шеќеринска, по денешната средба со амбасадорот на САД Џилиен Миловановиќ.


Samo re$enieto ne go kazuvaat...
 
На Сдсто невреди да му се верува за ништо. Дај Боже да се искрени изјавите, али по све што направиле и излажале у минатото на нив треба да се гледа со резерва.
 
Во овие моменти треба да сме сите сплотени без разлика кој на која политичка партија припаѓа,или етничка заедница.
 
Во овие моменти треба да сме сите сплотени без разлика кој на која политичка партија припаѓа,или етничка заедница.
----------------------------------------------------------------------------
Za site pomali etnickite zaednici e fakt deka se zad Gruevski, pa tie se vo koalicija so nego. Vreme e samo da se soedinat i makedonskite partii. Ne e vo prashanje partiski drebulii, site koi ziveeme vo Makedonija treba da sme edinstveni deka imeto na drzavata e Makedonija i ne moze da se menuva. Nashite predci ziveele i so pomalku, ama bile edinstveni vo zacuvuvanje na Makedonija, zaednicki se borele, digale vostanija.
 
Можно е Македонија да биде двоен победник, да не се откаже ниту од своето уставно име, ниту од својот идентитет, но разумно, паметно и активно да преговара со вистински тим за да ја добие поканата за членство во НАТО на Самитот во Букурешт

Убаво кажано, но, малку противречно со ова:
На сите ни е јасно дека оваа последна рунда преговори е најважна и дека на неа ќе се носат историски одлуки

Ако Македонија не се откажува ниту од уставното име, ниту од идентитетот, тогаш, какви се тие историски одлуки?

ни е потребно членство во НАТО и дека тоа треба да се сработи до втори април, без притоа Македонија да прави непотребни и неоправдани отстапки во делот на својот идентитет и своето уставно име

повторно, убаво речено, ама - без да се каже кои отстапки се потребни и оправдани.

Ќе разбереме на први април.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom