Еванесенс конечно со нов албум
Еванесенс не немаат почестено со нов албум од 2006 година, кога „The Open Door“ беше голем успех. Но, сега, фронтменката Ејми Ли најавува дека е подготвена за новото остварување кое ќе биде претставено на 11-ти октомври оваа година.
Откако ја заврши последната турнеја во 2007, Ејми Ли се омажи и пресели во Њујорк каде сакаше да се повлече од славата и, како што вели таа, повторно да се пронајде себеси. „Целата слава, да се биде центар на внимание цело време, тоа не сум баш јас. Повеќе би сакала да бидам нечиј пријател и да бидам нормална на некое време. Ми требаше сама да купувам намирници, да немам автомобил и да бидам како секој друг њујорчанец“, изјави таа во последното интервју за The Rolling Stone.
Нејзинот најнов албум кој треба да излезе во октомври доживеа многу перипетии. Датумот на излегување беше сменет неколку пати откако влезе во студио во јуни 2009 година.
Првично, снимањето започна со продуцентот Стив Лиливајт, но престана да се снима, бидејќи „не звучеше како што треба“. Во тоа време, албумот беше очекуван за август или септември 2010, за Ли подоцна да изјави дека Еванесенс го напушти снимањето.
Враќањето во студиото се случи на 11-ти април со нов продуцент, Ник Раскулинеч, познат по соработката со повеќе бендови како Фу Фајтерс, Алис ин Чејнс и Дефтоунс. Снимањето беше завршено на 8 јули, 2011, а првиот сингл „What You Want“ ќе биде издаден на 9-ти август, 2011.
За новиот албум, Еванесенс најавуваат дека ќе има „понежен“ звук, а во неколку песни е вметната и харфата како инструмент, во изведба на Ејми Ли. „Ќе има доста песни во кои ќе доминира електронскиот звук, комбиниран со препознатливиот звук на бендот“, изјави пејачката.
Издавачката куќа на албумот кој ќе носи исто име како бендот е Wind-up Records, a нејзините обожаватели кои долго време беа стрпливи, ќе треба да почекаат уште неколку месеци до 11-ти октомври.
М.Ш.
Извор:
Кајгана