Eurovision Song Contest (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
И Исланд се повлече од ESC 2026. Петта држава до сега.

Плус 11 од 16 натпреварувачи на изборот за Португалија изјавиле дека ако тие победат, нема да одат на Евровизија.

Мислам дека е ова почеток на крајот! :vozbud:
 
Моментално има Јуниорска Евровизија позната како Детска Евровизија. Од кога знам за јуниорската Евровизија не ми е јазно зошто не е како евровизијата за големи со правило која држава победи таа наредна година да организира? Исто не ми е јасно зошто не се одржува во некој исти период со Евровизија за големи?
 
Од кога знам за јуниорската Евровизија не ми е јазно зошто не е како евровизијата за големи со правило која држава победи таа наредна година да организира?
Затоа што државата која победила можеби нема услови за да ја организира следната JESC или можеби едноставно не сака. Инаку, од 2012 година до сега, само 3 пати државата која победила не ја организирала следната детска Евровизија: во 2015 Италија - го предаде организирањето на Софија, Бугарија, 2018 - Русија, од на сите нас познати причини не го организираше, а наместо неа организатор беше Минск, Белорусија. И 2024, лани, Франција ја предаде организацијата на Шпанија зашто победи 2 години по ред и ќе требаше 2 пати по ред да организира. Значи секогаш победникот организира, бар од 2012 навака, освен ако земјата победник сама не се откаже од организацијата. Сега јаЗно ти е?

Исто не ми е јасно зошто не се одржува во некој исти период со Евровизија за големи?
Затоа што така никој нема да ја следи. Многу просто. ;)
 
Затоа што државата која победила можеби нема услови за да ја организира следната JESC или можеби едноставно не сака. Инаку, од 2012 година до сега, само 3 пати државата која победила не ја организирала следната детска Евровизија: во 2015 Италија - го предаде организирањето на Софија, Бугарија, 2018 - Русија, од на сите нас познати причини не го организираше, а наместо неа организатор беше Минск, Белорусија. И 2024, лани, Франција ја предаде организацијата на Шпанија зашто победи 2 години по ред и ќе требаше 2 пати по ред да организира. Значи секогаш победникот организира, бар од 2012 навака, освен ако земјата победник сама не се откаже од организацијата. Сега јаЗно ти е?


Затоа што така никој нема да ја следи. Многу просто. ;)
Жално е што на Јуниорската Евровизија не и се дава поголемо значење. Има стварно деца таленти кој пеат без никаква трема, опуштени и песните се супер.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom