Euroleague на А2

  • Креатор на темата Креатор на темата Radical Boy
  • Време на започнување Време на започнување
Eве за ЗОТЕ

Да видиш колку се блиску, да се измешаат сеа не верувам дека НБА екипите би било многу подобри од европските...Напротив, освен подобрата физичка спремност која е на нивна страна , не гледам некој друг поважен фактор да им оди во прилог...



Абе ен зезај припремни уткамици и утакмици во редовна сезона и во плеј офф се различни и тоа многу различни. нека игра некоја европска екипа во плеј офф сега во америка да видиш што ќе се деси.
 
Абе ен зезај припремни уткамици и утакмици во редовна сезона и во плеј офф се различни и тоа многу различни. нека игра некоја европска екипа во плеј офф сега во америка да видиш што ќе се деси.

Тогаш се припремни и за европските екипи, и на нив не им у полн ек на сезоната така да тоа не им е некое оправдание за тоа што честа губат од европските екипи...
 
ЦСКА добива гарант. Трета титула ќе и биде за 4 години.

http://en.wikipedia.org/wiki/PBC_CSKA_Moscow
Ќе видиме тоа.Мозокот на екипата на Цска е Холден , во секоја екипа е плејот но во Цска тој е посебен игра по 40 минути , Месина има голема доверба во него.Панатинаикос го има според мене најдобриот одбранбен играч - Диамантидис ако Диамантидис го сопре Холден ќе биде интересно.Мој фаворит од почеток на Евролигата е Панатинаикос останува така и сега :)
 
Mоже да се напраи една анализа за денес у поглед на ростерот на екипите и ќе се заклучи дека секој си има свои предности и дека подобра ќе биде екипата која што побрзо ќе ги воочи слабостите на другата...

На плејмејкер мислам дека ПАО е посолиден затоа што го има Шарас, апсолутно најдобриот европски плеј во новиот милениум, после го има Спанулис кој се наметнува со сигурноста и смиреноста, го има Диамантидис кој може да покрие 3 позиции а е најдобар европски одбранбен играч...
Од друга страна ЦСКА го има Холден на кого може да се потпре и кој е мозок на екипата и може да ја реши утакмицата со еден потег, го има Зисис кој е доста сигурен ама сепак не е екстра класа, Планиниќ кој е ровит и не верувам дека многу ќе игра...

На плеј предност му давам на ПАО...

Подобар бек шутер има ЦСКА во името на Ленгдон кој е мирна рука у секоја ситуација и кој ако се распуца тешко е да го спречиш...На крило се и Шишкаускас за кого се вели дека каде е он таму е и титулата од Евролига и Кријапа кој е непредвидлив како времето у Мексико...
Кај ПАО се наметнува Перпероглу како млад и доста надежен дечко, а кој знае да одговори на задачите посебно у одбрана, Дру Николас кој скоро цела сезона е стартер но сепак не е на нивото како што беше у Ефес и кој мислам дека нема да е некоја голема опасност за ЦСКА...Фоцис знае да биде незгоден а посебно затоа што покрива 2 позиции, Кецман не верувам дека ќе игра исто како и Хаџивретас...

Заради Ленгдон и Шишкаускас предност им давам на Русите...

На високо крило и на центар работата е доста јасна...Кај ЦСКА освен Саша Каун (кој сепак е млад, не многу искусен, но доста надежен и перспективен) нема класична петка...Имаат тројца одлични 4-ки , Смодиш кој е лидер на екипата, Лорбек кој во вториот дел од сезоната игра феноменално и Теренс Морис кој знае да прикаже солидна партија но сепак не добива минутажа каква што имаше у Макаби...
Нивен пандан им е Царцарис, вампир играч , ако му тргне пазете се, ако не , може и чисти зицери да промашува ама затоа во одбрана гине ...Мислам дека Фоцис ќе игра повеќе на 4-ка затоа што нема во ПАО никој друг кој може да игра на таа позиција а сепак кога ќе се види дека ЦСКА во таа ротација има тројца од екстра класа , не е тешко да се заклучи дека ПАО на 4-ка е најранлив...

Ама затоа на 5-ка им нема рамен во Европа...Пековиќ и Батист, ретко играат заедно пошо двајцата се тешки петки, си добиваат рамномерно распределени минути и секој ги користи максимално...ЦСКА нема класична петка освен Каун, а Лорбек ќе игра петка шо значи дека ќе ги извлекува надвор за рекетот да биде чист, а се знае и дека Лорбек е солиден шутер ...

На петка ПАО добива, па така за сеа ситуацијата е 3 спрема 2 за ЦСКА ...

Али, дуелот на тренерите ќе биде доста интересен...Две слични школи , јака одбрана после која треба да има лесна контра, честа ротација на играчите за да се зачува свежина, и многу емоции во сето тоа...

Плус, атмосферата која се очекува од Гејт 13 , може да им биде доста незгодно на Русите ама кога у Арена не потклекнаа не верувам дека и денес тоа ќе им претставува важен фактор за да стигнат до целта...

Сакам продолженија денес :vozbud:
Нека победи подобриот, нека победи ЦСКА :baeh:
 
Добар старт за Холден,интересен почеток,нека биде вака до крај,неизвесна утакмица :)

Леле каква серија:nesvest:
Ги убија,ајде мора ЦСКА да се врати у утакмицата,тешко ќе биде ама МОРА да смени нешто Месина.
Обрадовиќ со внесувањето на Јасикивичиус и Диамантидис внесе свежина и брзина,што се исплатеше со серијата што ја направија,додека Шишкаускас е сеуште изгубен.
 
Тешко дека ке успеат да стигнат 20 разлика ЦСКА, многу брзаат во нападот без размислување ги фрлаат топкине у кош а одбраната не е вредна за коментирање:toe:
 
АУУУУУ ова е невидено,не утнаа тројка Пао,Николас се распуца,слободно може да се каже ја разбија одбраната на Цска која не личи на ништо,Пао секој напад има слободен шут,додека Цска скоро секој напад има шут во последна секунда преку човек.
Мора да смени нешто Месина иначе го јадеа,тешко дека може да стигне оваа разлика ама сепак имаат квалитети.Останува да видиме.
 
Јa oчекував дека ке бидат нешто поконкурентни и ке биде интересно за гледање цела утакмица, ова веќе е минато свршено сеа овие треба само да го завршат тоа што го почнаа
 
Не може на раат да се глеа од таа/тој што се дере ко улав/а само.Ме накурчи не може на раат да се глеа кошарка.
 
лелел каква драма многу интересен крај:vozbud::vozbud:само ме нервира што победи панатинаикос:nerv::nerv:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom