ЕУРО 2020 - Група Ц (Холандија, Украина, Австрија, МАКЕДОНИЈА)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување

Македонија ќе се пласира во нокаут фазата како...?


  • Вкупно гласачи
    162
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Фала му за се на ГРАНДЕ! Дваесет години македонска гордост низ цел свет. Кариера за каква што може само да сонуваат некои фудбалери, посебно па ако се од Македонија. Реално топ момент да стави крај на репрезентативнава кариера, осеќа човекот дека не може више пренапорно е. А за опроштален натпревар сигурно ќе си има на градски некој спектакл Пандев и пријателите, нешо у тој стил. Е сега останува да видиме останативе како ќе се снајдат без Горан. Би било убаво утре бар да останеме непоразени против Холандија, (победа би било премија), и на тој начин да остане запишано во историјата како последен репрезентативен натпревар на Пандев.
 
Големи се шансите Франк Де Бур да излезе со повеќето играчи од резервниот состав а најдобрите да ги одмара и со нив Македонија би поминала полошо отколку со првиот состав бидејки резервите би биле максимално мотивирани за да му докажат на селекторот дека не се за греење на клупа туку за во прв состав.

Има обезбедено прво место, може да стави сосема нов состав со 11 нови играчи. Гледам клупата на Холандија све анонимец до анонимец, и да запнат да се докажуваат немаат некој квалитет, Македонија би имала шанса за бод, е сеа за победа потешко. Друго е фактор замор кај РМ пошто немаат играно турнирски досега.
 
Му благодариме на Гранде Пандев што ни ги донесе најубавите фудбалски денови во Македонија, дефинитивно ЛЕГЕНДА!
Што и да кажеме за него е малку, ќе фали многу.
Ни ја презентираше нашата Македонија на најубав можен начин, најубавите но и најлошите фудбалски денови на Македонија , голот со Грузија, и се останато ќе паметиме благодарение на него.

И мислам дека од ФФМ треба да ја повлечат 10ката, навистина станува збор за вистинска легенда.
Автоматски споено мислење:

Изјавата на Мрме делува како тој нема да биде повеќе селектор после утрешниот натпревар.
И мене така ми делува, сепак мислам подобро е да не се менува колку и да греши човекот, заминува Гоче, ќе замине и Мрме и мислам ќе се растури целата хемија во тимот, дај боже да грешам.
Мое мислење ако носат нов селектор македонец сигурно нема да е подобра опција од Мрме.
 
Последно уредено:
Што се однесува до Пандев се согласувам дека веќе стана легенда и благодарност што стори колку можеше но проблемот е во тоа што немаше со кого да игра во репрезентацијата бидејки немаше соиграчи во онаа класа како што ги има во клубовите во кои играл а една ластовичка не носи пролет.Што се однесува до селекторската позиција доколку сакаме да постигнеме некаков исчекор неопходно е да донесеме човек како Мурињо бидејки практично докажа во цел свет дека е најстручен да состави тим од она што му се нуди на располагање и да извади максимум од истиот а тоа го докажа со Порто во 2004 кога ја освои лигата на шампионите со буџет и вредност на играчи за неколку пати помал од тогашните најскапи конкурентски клубови.
 
Се надевам Адеми и Тричко нема да си заминат, вистински борци, посебно Адеми.
Само немие јасно дали сега се повлекуваат или најавиле повлекување наскоро.
 
Адеми ќе истера циклусов за сп сигурно. Тричкп сеедно, боље и да се повлече повеќе простор ќе добијат помладите.

За тренер време е боби да се докаже на голема сцена. Со вардар и со маладите репрезентации беше одличен. Мислам дека има капацитет да ја дигне репрезентацијава ниво погоре, во најлош случај да ја одржи на ова ниво и после пандев.
 
Тричко не е проблем а Адеми нека ги изигра квалификациите за СП барем..

Мрме не ме чуди да си оди сега дури е колку толку атрактивен како тренер, ако остане и не направат нов успех нема никој да го бара.
 
Адеми ќе ни треба за понатака, ако се пласираме на СП треба остане.
 
Реално кој менаџер би можеле да го привлечеме вака, баш ме занима? Не е некоја примамлива позиција, појаки репрезентации не можат асален менаџер да погодат.
 
Реално кој менаџер би можеле да го привлечеме вака, баш ме занима? Не е некоја примамлива позиција, појаки репрезентации не можат асален менаџер да погодат.
Јас не би одел со странец. Ќе се наруши хемијата во екипата. Ни треба некој кој го разбира локалниот менталитет и начин на живот. Боби ми е единствениот логичен чекор. Голем дел од репрезентативците ги тренираше во младински категории, досега во кариерата секогаш успевал да извади максимум од екипите и има желба да биде тренер на репрезентацијата.
Автоматски споено мислење:

Што е толку нереално? Ако бидеме втори ќе треба да извадиме позитивен скор на 2 утакмици. Со малку среќа можно е ривали да ни се паднат репрезентации ко словенија и русија што не се ништо повеќе од нас. Па и некоја појака репрезентација како украина или чешка да ни се падне, во 90 минути не гледам зошто не би можеле да извадиме позитивен резултат. Да се играа две утакмици во баражот веќе ќе беше понереално.
 
Последно уредено:
И мене по изјавата ми делува дека Мрме е свесен дека утре му е последен меч.
Можеби така е договорено при продолжувањето на неговиот договор со траење заклучно со ЕП или пак во меѓувреме има договорено клуб надвор од Македонија и ќе сака да гради интернационална кариера.
Како и да е, ако му е последен натпревар утре ќе кажам само едно големо БЛАГОДАРАМ за тоа што го направи со нашата селекција. Човек кој со сигурност ќе биде запечатен во историјата како прв селектор кој ја одвел Македонија на едно големо натпреварување. Ни го реализира баш сонот од нашето детство, да играме на големо натпреварување. Имаше сопствена филозофија, храброст да потегне некои чекори и мислам кој и да е предводник после него ќе има тешка задача да го надмине неговиот успех. Точно е дека имаше и грешки во неговиот мандат, но успеа да направи една трансофмрација на тимот кој го презеде и да создаде тим со победнички дух и храброст на теренот.

Околу Пандев...што и да се пишува ќе биде скромно. Великан, легенда и за мене најдобриот фудбалер во историјата на Македонија засега. Моментот за негово повлекување е идеален од сегашна перспектива, но ако ни се поклопат коцките и да се пласираме на СП ќе беше уште поидеално повлекувањето тогаш. Од едно интервју кажа дека не планира да оди по тренерските води и нема амбиции да биде претседател на ФФМ. Искрено посакувам да го видам во некоја таква улога во иднина.

Околу нов предводник...мислам не треба да експериментираме и да си продолжиме со проверениот рецепт. Мислам дека тоа е Боби Милевски. Ја знае добро основата на тековната репрезентација. Тој ги водеше младите Барди, Елмас, Велковски, Муслиу...плус знае што може да се трансформира од младинската селекција во моментов. Странски печалбари не ни се потребни.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom