И мене по изјавата ми делува дека Мрме е свесен дека утре му е последен меч.
Можеби така е договорено при продолжувањето на неговиот договор со траење заклучно со ЕП или пак во меѓувреме има договорено клуб надвор од Македонија и ќе сака да гради интернационална кариера.
Како и да е, ако му е последен натпревар утре ќе кажам само едно големо БЛАГОДАРАМ за тоа што го направи со нашата селекција. Човек кој со сигурност ќе биде запечатен во историјата како прв селектор кој ја одвел Македонија на едно големо натпреварување. Ни го реализира баш сонот од нашето детство, да играме на големо натпреварување. Имаше сопствена филозофија, храброст да потегне некои чекори и мислам кој и да е предводник после него ќе има тешка задача да го надмине неговиот успех. Точно е дека имаше и грешки во неговиот мандат, но успеа да направи една трансофмрација на тимот кој го презеде и да создаде тим со победнички дух и храброст на теренот.
Околу Пандев...што и да се пишува ќе биде скромно. Великан, легенда и за мене најдобриот фудбалер во историјата на Македонија засега. Моментот за негово повлекување е идеален од сегашна перспектива, но ако ни се поклопат коцките и да се пласираме на СП ќе беше уште поидеално повлекувањето тогаш. Од едно интервју кажа дека не планира да оди по тренерските води и нема амбиции да биде претседател на ФФМ. Искрено посакувам да го видам во некоја таква улога во иднина.
Околу нов предводник...мислам не треба да експериментираме и да си продолжиме со проверениот рецепт. Мислам дека тоа е Боби Милевски. Ја знае добро основата на тековната репрезентација. Тој ги водеше младите Барди, Елмас, Велковски, Муслиу...плус знае што може да се трансформира од младинската селекција во моментов. Странски печалбари не ни се потребни.