@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Претседателската тројка на ЕУ, која ја сочинуваат шефовите на дипломатиите на Франција, Чешка и на Шведска, Бернар Кушнер, Јан Кохут и Карл Билд, бараат повлекување на словенечката блокада на хрватските преговори со ЕУ пред самитот на шефови на држави и влади на членките на Унијата, кој в четврток и петок се одржува во Брисел, пишува „Вечерњи лист“, повикувајќи се на функционер што во Луксембург присуствувал на средбата на „тројката“ со еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Рен подоцна се сретнал со шефовите на хрватската и на словенечката дипломатија, Гордан Јадранковиќ и Самуел Жбогар. На средбата немало поместување во преговорите за решавање на граничниот спор, но било договорено тие да продолжат за да се најде решение пред или за време на самитот на ЕУ. Рен нагласил оти дошол моментот на вистина и оти мора да се направат напори за решавање на прашањето пред самитот.
Шефот на чешката дипломатија, пак, посочил оти сé уште е на распоред Меѓународната пристапна конференција на ЕУ и Хрватска, закажана за 26-ти овој месец.
Македонија повторно сама со грчкиот тег
Наредната недела се очекува деблокада на пристапните преговори на Хрватска со ЕУ, а спорот со Словенија да се решава стриктно во билатералните координати. Доколку се случи тоа, останува македонската парадигма за пример како една држава, конкретно Грција, злоупотребува билатерален спор за блокирање на мултилатерален процес, односно ја спречува Македонија да добие датум за пристапни преговори со ЕУ
Во Загреб веќе на големо се шпекулира дека наредната недела ќе дојде до долгоочекуваната деблокада на пристапните преговори со Унијата и дека спорот со Словенија ќе се решава само билатерално, како проблем на две соседни земји. Ако тоа се случи, а има повеќе причини кои укажуваат дека нештата се движат во таа насока, останува македонската парадигма за пример како една држава, конкретно Грција, злоупотребува билатерален спор за блокирање мултилатерален процес, односно ја спречува Македонија да добие датум за пристапни преговори со ЕУ.
Најголемо охрабрување за Хрватска дојде токму од претседателот на шведската влада Фредерик Раинфелд кој пред неколку дена на своите бриселски средби со колегите и функционерите на Унијата недвосмислено рече дека завршетокот на хрватските пристапни преговори со ЕУ ќе биде централниот приоритет за време на претстојното шведско претседателствување со Унијата. Некако во исто време, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт, во разговорот со тројца членови на Европската комисија решително го потврди својот став во врска со словенечката блокада потенцирајќи дека билатерални спорови не смеат да се злоупотребуваат за блокирање на мултилатерален процес. Во тој контекст дојде и изјавата на повереникот за проширување на ЕУ, Оли Рен, кој внимателно навести можна деблокада на хрватските пристапни преговори веќе во текот на неделата што предизвика умерени реакции во Љубљана и Загреб кои евидентно се обидуваат да ги намалат тензиите за да во јавноста ниту една земја не излезе од спорот како еуфоричен победник или губитник.
Она што треба и Македонија да ја охрабри е тврдењето на шведскиот премиер дека за време на претседателството на Унијата што ќе го предводи неговата земја тој ќе инсистира на јакнењето на европската перспектива на државите од југоисточна Европа врз основа на индивидуалниот напредок, а главните сили ќе бидат фокусирани токму на забрзано проширување на ЕУ. Тој укажа дека посебно внимание ќе биде насочено кон Хрватска која остварила најголем напредок во споредба со земјите од регионот и дека Хрватска до крајот на 2009 година, односно до крајот на шведскиот мандат мора „технички“ да ги заврши преговорите.
Шведскиот премиер експлицитно не ја спомна Македонија по името. Тој ги апострофира Турција и Исланд на кои мора да им се подаде рака на нивниот пат кон ЕУ.
Според аналитичарите, Македонија е изоставена од тактички причини поради уникатната чувствителност на грчко-македонскиот спор и поради дипломатската дозираност со која се обидува да настапува новата држава-претседавач во ЕУ. Наводно, тоа го потврдува и шведскиот став дека словенечката блокада во никој случај не смее да ги обесхрабри земјите од регионот да ги спроведат клучните реформи и да и се доближат на Унијата. Нешто слично можеше да се слушне и на последните разговори во Скопје меѓу хрватската делегација и собраниската Комисија за надворешни работи кога Хрватите инсистираа дека Македонија треба да го искористи шведското претседателствување со Европската унија за добивање датум за преговори и визна либерализација. Хрватскиот став беше дека и покрај блокадите што ги имаат двете земји тоа не смее да биде фактор за демотивација, туку треба да се продолжи со реформите. И конечно, веќе следните неколку дена ќе биде јасно дали Хрватска ќе се ослободи од својата неколкумесечна политичка фрустрација и дали единствено Македонија ќе остане сама со својот грчки тег.
http://www.novamakedonija.mk/NewsDetal.asp?vest=616933825541&id=9&prilog=0&setIzdanie=21713