ЕП 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто Шпанија на првенствово е дојдена без доста клучни играчи.
Тотално не својствен одговор барем од твоја страна, да беше некој друг би го разбрал ова но и самиот знаеш дека во последните утакмици (полуфинале и финале) се гини за секоја топка и дека само голманите или пак мали нијанси решаваат. Колку и да ги нејќам шпанците, но тие играат можеби најпаметен ракомет со една серија на одбрани и некоја контра можат да се одлепат 4-5 гола и да го трошат времето пополека до крај на утакмица.
Кратко кажано нема слаб во овие четири тима и да може било кој да бира со кој да игра оти не му играле некој играчи.
Шветска со отпишан тим лани со еден куп играчи кои во последен момент откажаа финале изигра и несреќно загубија од Данска баш со една таква серија од 3 гола во последните минути 10 минути кој беа решавачки за титула.
Мислам дека се сложуваш за ова.
 
Во секој случај доколку Шпанија има добар ден секако дека можи да изненади против Данска, но сепак реално фаворит е Данска (иако сакам да загубат), ги одморија клучните играчи и плус играат со различна Шпанија која едвај избегна реми против Русија која пак играше без Косоротов и со 9 играчи во ротација. Претпоставувам дека стручниот штаб на Данска процени дека подобро е да играат со една таква Шпанија, отколку со Шведска која после кам бекот против Норвешка ќе е доста опасна и ќе влезе со голема психолошка предност во полуфинале, најдобар пример е 2019 кога Вардар после камбекот против Барса во полуфиналето се знаеше дека ќе се прошета во финале против Везпрем.
 
Повеќе би рекол дека Данска не го сакаше Исланд во полуфинале па потоа евентуално финале затоа што после нив Исланд го играше најдобриот ракомет на првенството. Овие од другата група беа одвратни за гледање цело првенство.Се надевам Шпанците ќе им го забиберат утре особено Де Варгас и Коралес а мртвион Кањелас ќе ги избушит.
 
Франција-Шведска
Многу незаслужено Франција е во полуфинале, се надевам дека истата очајна игра ќе им продолжи и денес и ќе отпаднат од Шведска.

Данска-Шпанија
Иако Шпанија од почетокот беше малку подценета со неколку "непознати" ракометари, досега играат одлично. Феноменални голмани, одлични крила и со неколкуте нови сили ќе се надеваат на добар ден и изненадување.
За Данска нема што да се каже - едноставно ја доминираат играта.
 
Данска е апсолутен фаворит за титула, по секоја логика би требало да ја тепаат Шпанија, иако мора да се остави простор за Шпанциве секогаш. Имаат квалитет и побитно менталитет и се едни од ретките кои можат да се спротистават на Скандинавциве психолошки. Не само во ракомет, во сите спортови Шпанија се пример како треба да се работи.

Франција ја ставиле како голем фаворит против Шведска, но мене ми изгледа дека ќе е тесна утакмица. Нема голман саглам Франција, тука им е најголем минус во однос на Шведска, другото ќе е компетитивно скроз мислам.
 
Оваа утакмица можеше комотно и финале да биде (башка и двете места со најдобар квалитет на живот во светот).
 
Данска-Шпанија -одлични голмани,брз центар и контри,немам фаворит би сакал продолженија и пенали.
Шведска-Франција-штета шо викинзите не се комплетни денес ќе победеа,вака?
 
Само јас забележав барем 2 пати чекори на Лауге?
Да беа 2 пати убо е. Нонстоп имат чекори и престапи само ретко се судат тешко е да се приметет
 
Каква машинерија, непознаници излегуваат и бушат, нема технички грешки, не им паѓаат топки од раце, јака спортска нација :bravobe: само да издржат до крај.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom