ЕП 2016 - Група Д (Шпанија, Чешка, Турција, Хрватска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе ја заврши групата на 1-та позиција?

  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Како минуваше сезоната формата на Хуанфран опаѓаше за во финишов да игра во мизерна форма. Најслабите поединци кај Шпанија се он и Алба. Плус стилот не му е за во овој состав на репрезентацијата. Белерин и Аспикулета би биле подобар фит. Карвахал е идеален ама штета...

И претеруваш за Мората, далеку е од преценет дечкото, напротив.

Со Коке и Васкез место Тиаго и Педро како замени можат да идат по добар пат Шпанциве...

Најслаби денес беа Силва и Нолито. Мората не смее никако да игра прва постава во Шпанија, тешка резерва е во Јуве. И јас не знам со кој памет не го зеде Торес, кој знае да игра вакви натпревари.
 
Најслаби денес беа Силва и Нолито. Мората не смее никако да игра прва постава во Шпанија, тешка резерва е во Јуве. И јас не знам со кој памет не го зеде Торес, кој знае да игра вакви натпревари.

Мората е резерва колку и Торес.

Иначе требаше да го земе и според мене.

Нолито беше океј како за речиси дебитант, Силва е дупка затоа со Васкез или Коке малку поофанзивно би биле поопасни.
 
Мората е резерва колку и Торес.

Иначе требаше да го земе и според мене.

Нолито беше океј како за речиси дебитант, Силва е дупка затоа со Васкез или Коке малку поофанзивно би биле поопасни.

Мората е многу повеќе резерва од Торес, кој беше регуларец во Атлетико цела полусезона. Лукас Васкез треба да игра наместо Силва, и Адуриз наместо Мората. И некако да се развлечат по крилата, за да можат бековите да комбинираат со крилните играчи. Денес цело време имав чувство дека за Нолито нема никаков простор. Нолито е одличен техничар и многу е брз, му треба да се затрча со топката накај противникот. И Фабрегас ја гуши доста играта, ама нема шанса да не игра. Пак ќе ти кажам, воопшто не е проблемто во Хуанфтан, кој реално за Белерин го има измислено фудбалот. И сам знаеш колку голови даде Атлетико после уфрлувањата на Хуанфран. Цар е човекот, мене ми е најомилен шпански играч.
 
Хуанфран е ѕвериште. И офанзива и дефанзива. Комплетен модерен бек. Единствено Карвахал му е конкуренција за сега, за Белерин има време.
За напаѓачи, тоа е. Нема голем избор, а Мората е многу покорисен од Адуриз у ваква формација. Адуриз би бил подобра опција кога Шпанија повеќе би играла преку крила и кога нападите би им имале поголема ширина. А таква игра единствено ако место Силва го стае Васкез, а Коке место Фабрегас да добие малку на динамика. Не знам кј тера со мртвион Фабрегас.
Али знаејќи го каков инает е стариот, нема шанса да смени нешто. Ќе ги умре и онака мртвите Силва и Фабрегас и око нема да му трепне. И кога како и денеска нема да им иде ко што треба, нема да проба нешто друго туку ќе си тера со истото, само место Фабрегас ќе го стае Тиаго и цепај.
 
Кој играч на Барса од овие денес што настапија не заслужи да игра? Успехот на Шпанија во последните успеси го донесоа во глобала играчите на Барселона, на страна тоа што Педро и Фабрегас без оглед на формата секогаш ќе имаат предност пред Васкез и другите поради енормната разлика во искуството.

Секако дека се најзаслужни не го спорам јас тоа, иако во првиот состав имаше и 4 првотимци на Реал, кои бе неопеани херои зашто ја вршеа валканата работа, но целата филозофија беше на Барселона и нивната тројка во средината беше главен виновник за најдоброто оружје-високиот посед.

Но, ништо не е вечно, затоа селекторот мора да се адаптира на играчите кои моментално се најдобри. Стартниот состав на Дел Боске беше баш таков. Горе-долу најдоброто што го има(минус Силва) на лагер скоцкано во идеалната формација и Шпанија за првпат после подолго време ми беше интересна за гледање. Таа свежина, која ја донесоа Мората и Нолито и тоа како се осети во играта, и двајцата многу ја раздвижија играта и ја развлекуваа противничката одбрана со што придонесоа за многу повеќе пробиви, шутеви, интересни акции, кои за жал не резултираа со погодок.

Тоа за што јас го нападнав се измените, со кои повторно се врати во минатото и се изгуби острината. Играчот кој постојано беше опасен за противникот беше изваден прерано и беше ставен Адуриз, чии карактеристики не се вклопуваат во филозофијата на екипата. Потоа место да забрза со Коке или Васкез се одлучи за Алкантара, кој е бледа сенка од порано и со ништо не заслужи да биде повикан за селекцијата, а не па да стапне на теренот. На крајот, кога конечно се одлучи да внесе класично крило повторно одбра име пред најдоброто решение.

И не знам зошто толку се плука по Фабрегас, кога Силва беше убедливо најслаб поединец денес и и тоа како заслужи да биде изваден. Апсолутно ништо не изигра, сите дуели ги изгуби, лека полека и тој го губи сјајот.
 
Силва,Фабрегас и Педро треба да исчезнат од репрезентацијата како Чави и Алонсо..толку за нив готово е,како сосила да играат за репрезнтацијата и реално нема што повеќе да понудат со нивниот квалитет..Бускетс и Иниеста барем се држат колку толку бидејќи се класа играчи со голем квалитет ама овие другите тројца веќе не знаат кај тераат во нивните клубови а камоли за Шпанија уште да играат.

А што е најинтересно Шпанија има преголем избор на квалитетни играчи и мустаклијата пак ги вика овие тројцата,дури и загарантиран статус имаат во првиот тим...додека не го избркаат Дел Боске нема да видат повеќе успех..направи што направи во 2010 и 2012 ама тогаш беа други времиња во други околности...Коке,Мората,Нолито и Васкез мора да играат прва постава ако сакаат нешто да направат бидејќи се многу добри играчи каде ќе му дадат нова димензија на тимот.
 
За Силва и Педро се согласувам, за Фабрегас не сум сигурен. Можеби и најдобар е за давање долги топки во селекцијата. Со форсирање на брзи играчи како Васкез, Нолито и Мората може да биде од голема помош
 
Најслабите поединци кај Шпанија се он и Алба. ..

Зошто Алба најслаб поединец? Па денес Алба да не речам беше најголема опасност за Чешка, речиси секоја втора акција одеше по таа лева страна. Алба можеби чкрипи во одбрана, ама офанзивно е одличен.

Кај Шпанциве проблемот денес беше што беа премногу згуснати во средина. Бускетс, Фабрегас, Иниеста и Силва, неколку пати повеќе си сметаа еден со еден. Силва е лош избор за на крило, денес таа позиција не постоеше кај Шпанциве, а без десно крило не може ни бекот да дојде до израз (во случајов денес Хуанфран), речиси сите топки кои ќе ги добиеше мораше да ги враќа назад кон средина. Е сега на другава страна Нолито е одлично крило, ама тој е повеќе за 4-4-2 формација, во ваква игра со посед и кратки додавања не може многу да се покажи. Исто така и Мората денес влезе во неколку шанси ама неспретно реагираше. Мораше Торес да биде повикан на ова ЕП, во доста добра форма беше речиси цела полусезона.

Мое мислење е дека треба да пробаат 4-2-3-1, одбраната иста, двојката Бускетс и Коке/Цеск, десно крило Лукас Васкез, лево Иниеста, полушпиц Силва и напред Мората или Адуриз. Или пак да проба нешто слично како денес само наместо Силва со Педро или Лукас како десно крило, и некој од Тиаго или Коке на местото на Фабрегас.
 
Адуриз ќе го качи Мората на грб и ќе игра подобро од него. Знај човекот на кое место да се постави. Кој Мората човече? Немора да го штитите ако е дете на Реал или ако игра за Јуве. На негови години играчи како Лукаку, Дибала, Икарди, Кејн се истурија од голој клавање овај гревот незнај кај тера.

Ако е Мората играчиште што остана за погоре наведениве или за 'напаѓачиштата' што постигнале по 20-30+ гола во сезона...:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Мората е резерва колку и Торес.

Сезонава Манџукиќ и Дибала беа прва постава, Мората влегуваше како резерва... во куповите или кога имаше некој повреден играч во нападот, тогаш стартуваше Алваро :)
 
Силва,Фабрегас и Педро треба да исчезнат од репрезентацијата како Чави и Алонсо..толку за нив готово е,како сосила да играат за репрезнтацијата и реално нема што повеќе да понудат со нивниот квалитет..Бускетс и Иниеста барем се држат колку толку бидејќи се класа играчи со голем квалитет ама овие другите тројца веќе не знаат кај тераат во нивните клубови а камоли за Шпанија уште да играат.

А што е најинтересно Шпанија има преголем избор на квалитетни играчи и мустаклијата пак ги вика овие тројцата,дури и загарантиран статус имаат во првиот тим...додека не го избркаат Дел Боске нема да видат повеќе успех..направи што направи во 2010 и 2012 ама тогаш беа други времиња во други околности...Коке,Мората,Нолито и Васкез мора да играат прва постава ако сакаат нешто да направат бидејќи се многу добри играчи каде ќе му дадат нова димензија на тимот.
Незнам како на крај дојде да се преиспитува Дел Боске како тренер во фудбалот, ама ако Шпанија одново дојде до полуфинале или финале, ќе признаеш дека си бил во заблуда и ќе си ги повлечеш анализите? :sneaky:
 
Баш одлично си изигра Мората, нема зашто да го менува кога беше најопасен играч. Константно влегуваше во шанси, а ако останеше уште 15-тина минути ќе им свирнеше гол сигурно. Откако влезе Адуриз се укочи цела игра.

Мората даде гол во финалето против Барса, им стегна два во полуфиналето на Реал и два на Дортмунд во 1/8 финалето. На 22 години. Ваков перформанс во ЛШ освен Суарез лани и Лева во Дортмунд никој напаѓач не дал во последниве 5-6 сезони. Сезонава партијата на Алијанц му беше маестрална и плус победничкиот гол во купот.
Дибала го иземам зашто не е деветка, ама останативе што си ги набројал(посебно Лукаку :гомце:) можат само да сонуваат дека некогаш ќе изиграат таква сезона во ЛШ.

Можеби изгледа неспретен со главата надолу но, детето е родено за големи мечеви и глупо е да се потценува неговиот досегашен успех. А има само 23 години и можноста да напредува е огромна. Не за џабе пола од најмоќните клубови се заинтересирани за него.
 
Јебале те 3 големи утакмици ако на останатите си како мува без глава.
Ако сака да биде Оле Гунар Солскер или Хулио Круз број 2 ондак ок, нека биде џокер.

Никој не го потценува Мората, квалитетен напаѓач е ама моментално далеку од прв шпиц и лидер у напад ко погоре набројаните играчи, негова генерација.

Како беше муабетон за Саул, демек само против Баерн сме го глеале, епа истово е и за Мората, сте го глеале против Барса лани и против Баерн годинава и мислите дека е Раул да дечкото у Калчо изгуби место од Заза, едно време беше 4 напаѓач.
 
Али затоа е врх Погба, 140 милиона си го ценат црнчето. Типични комплекси на мал клуб, кад се сељо покондури 140 милиона за играч бара. Тоа е тој цигански менталитет, најбитен играч во клубот, ова она, али би го шитнале за 140 милиона. Кога ќе им дојде Барса за Дибала, ваљда 200 ќе го ценат, до тогаш ќе биде новиот Дел Пиеро. :icon_lol:
 
Не па, стварно е Јувентус крив што Реал лупа по 100 милиони за играчи, и реално, треба да го продадат Погба за 65 милиони...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom